Експлозија пред стан во Скопје
Активирана експлозивна направа вчераутро пукна во станбена зграда на улица „29 Ноември“ во Скопје. Експлозијата одекна десетина минути пред полноќ пред влезната врата од станот на В.Р., при што се оштетени плочките, ѕидовите и таванот од ходникот, како и вратите од соседните два стана. Според Единицата за антитероризам, која изврши увид, станува збор за импровизирана направа со мала разорна моќ. Полицијата истражува кој и зошто го предизвикал инцидентот. (Г.А.) |