Број 3049  четврток, 30 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Мајката моли да и' ја вратат Ангела

Детектор на лаги за братучетката која последна го видела девојчето

Моника Талеска

ПРИЛЕП - Седми ден семејството Ѓорѓиески живее во кошмар поради исчезнувањето на нивната шестгодишна ќерка Ангела од мариовското село Дуње. Мајката Анастасија вели дека додека е со другите две деца, едногодишниот Блашко и четиригодишната Ѓорѓина, малку се смирува, но кога тие спијат и' нема крај на мајчината болка. Таа упати апел до целата јавност, барајќи помош од сите за пронаоѓање на нивното девојче.

„Го молам секој човек што знае или ќе дознае нешто во врска со моето дете, го молам веднаш да се јави кај нас или в полицијата. Ве молам, помогнете ни, ова не можам повеќе да го издржам, не можам да живеам со оваа болка, ден и ноќ не спијам, само на моето Ангелче мислам“, се дави во солзи мајката Анастасија. Вели дека се револтирани на гласините објавувани во некои медиуми оти, наводно, некому му биле должници, или дека биле пребогати па затоа им го киднапирале детето.

„Не' револтираат сите невистини што се објавуваат. Некои видовити луѓе, наводно, рекле оти детето наше е живо“, вели Анастасија.


Дваесетгодишната братучетка на малата Ангела вели дека детекторот само потврдил оти таа нема врска со нејзиното исчезнување

И вчера селото Дуње беше под опсада на полицијата. Неколку камиони со полиција, ден и ноќ, бдеат во близина на црквата на местото каде што и' се губи трагата на малата Ангела. Клисарот на селската црква, Ристе Лазески, вели дека тогаш бил во Прилеп и не знае што се случило, но, кажува и дека трагите на полициските кучиња воделе само до патот крај црквата и тука се губи секаков траг на девојчето.

„Вчера полицијата беше во дворот од црквата, се' проверуваше, не влезе в црква, никој не побара да ја отвориме. Овде поп доаѓа само по потреба, затоа и црквата не е постојано отворена“, вели Лазески.

Полицијата и вчера го пребаруваше по којзнае кој пат теренот, куќите, бунарите, но се' уште неуспешно. Во потрагата помагаат и мештаните, кои сочувствуваат со тагата ��а семејството Ѓорѓиески.

„Откако дојде полиција како да сме во војна, дури се исплашивме, ама ако, така треба да се најде девојчето. Оти ние сите овде сме стари луѓе, никој не стои на патот да знае каде е девојчето“, велат мештаните.

Се пребарува секое село во Мариовско, во истрагата се вклучени кучиња- трагачи, се чешла теренот дел по дел. Испрашани се сите шеесетина жители на Дуње, а 20-годишната братучетка Стојна Стојкоска била ставена и на детектор на лаги.

„Не сакам да дадам никаква изјава, но само ќе кажам дека бев ставена и на детектор за лаги за да се потврди дека тоа што го кажувам е вистина“, вели Стојна. И таа и нејзината мајка Велика Стојкоска се крајно вознемирени поради оваа несреќа.

Во Прилеп вчера беа поставени постери со ликот на Ангела, на кои е впишан нејзиниот опис на македонски и на англиски јазик. Постерите, освен во овој регион, ќе бидат дистрибуирани и на сите гранични премини. МВР распиша меѓународна потрага во која е вклучен Интерпол.

Семејството се надева дека македонската полиција ќе успее да го пронајде и да им го врати девојчето, кое во четвртокот претпладне исчезна на 200 метри на пат кон домот, од местото каде што ја испратила нејзината братучетка Стојна. Од тогаш никој не знае каде е малата Ангела.


Статијата е прочитана 4115 пати.

Испрати коментар

Од: bobi
Датум: 30.07.2009 09:17:33
не е можно така лесно да го снема детето .... и никаде да неможе да се најде ....
Од: citatelka
Датум: 30.07.2009 09:55:34
moe mislenje e da se ponudi jaka nagrada na selanite da se namami,,bidejci velea deka 2 dena doagala kola so tetovski tablicki...mozebi nekoj od selanite e potkupen i ima kazana deka seloto e malo i mirno i tamu decata se pusteni na sloboda..deteto ili e skros postrizeno da ne se prepoznae deka e devojce ili e veke nekade preku granica ,,,po moe jas bi go ispitala i semejstvoto kade sto bile na gosti so bratucetkata mozebi toa ima nekoja mamka napraveno ,,nesakam nikoj da obvinuvam,,no nekoj od seloto mora da ima informacii dadeno zatoa jaka nagrada pa mpzebi parite ke mu dojdat poslatki za da ja kazat vistinata..od mene od se srce mu posakuvam so sreka na familijata i da si go najdat devojceto
Од: мајка
Датум: 30.07.2009 11:55:07
многу жално, постојано отворам вести да не случајно е најдена..мир немам од кога ова се случи! Се надевам, ако има Господ да се најде девојчето, живо и здраво, и неповредено! Но, сепак, има сомнеж меѓу мештаните. Да не грешам душа ама мора, мора да има некој што нешто нешто не кажува. Да се провери дали сите што живеат во тоа село се тука, присутни, да не некој избегал, не е возможно да исчезне туку-така 6годишно дете. Тоа има ориентација каде му е домот, кого познава, кого не... И, што имало тетовско возило нека се открие кој тип на возило е тоа, па нека се проверува во Тетово. Тоа е сигурно договорена работа. Друга работа, каде е таткото на девојчето...ниту еднаш не го видовме...не дека нешто ќе се смени, ама сомнежот е кон сите, буквално. Полицијата мора да ја тера истрагата до крај... како на филмовите, буквално... не смее да се откаже, мора да се најде девојчето....неповредено.... Благодарение и на новинарите кои редовно не известуваат, така и да продолжат! Поздрав
Од: Гоца
Датум: 30.07.2009 12:50:24
овој случај многу ме потресе, дај боже да се најде девојчето живо и здраво, не ми е јасно зошто и семејството кај што биле на гости не е ставено на детектор, мора да има некој вмешано од внатре од селото, тоа сигурно било испланирано, сигурно било следено детето или пак чекано било погоден момент за да се грабне, а незабележано да се прави тоа од некој од надвор звучи невозможно оти мештаните ќе приметеле туѓ човек во селото, мора да е некој од внатре што давал информации, нека ги стават сите на детектор, нека ги притиснат, некој сигурно нешто ќе каже, истрагата мора да продолжи.
Од: AP
Датум: 30.07.2009 15:17:14
kako e mozno da iscezne detetovo selo od 40 -50 ziteli, vo mesto kade sto site se znaat , vo koe sto nema ni suma, ni voda,, mora va e vmesana bratucetkata S i ili semejstvoto kaj sto bila, , veruvam deka policijata ima soznanija stom vo tolkav broj se otideni tamu, mora da ima soucesnik ili soucesnisi od seloto , se nadevam deka ke sse najde devojceto samo da e zivo i zdrarvo

Најди! во Утрински
Хроника
Се најавуваат кривични пријави поради падот на работник на стадионот во Скопје
Експлозија пред стан во Скопје
Еден загинат во судир на комбе и камион
Со фалс-картички до 350.000 денари
Велешанец се фрлил под воз
Притворен педофил од Пробиштип