Еден загинат во судир на комбе и камион
Скопјанецот Мики Т. (46) го изгуби животот во сообраќајна незгода што завчера околу 21,45 часот се случи кај клучката во Штип. Според МВР, дошло до судир меѓу комбе „фијат добло карко“, управувано од Мики Т. (46) од Скопје, и камион со приколка, управуван од М.М. (52) од Ново Село, Струмичко, при што возачот на комбето го изгубил животот.
Според портпаролот на СВР Штип, Снежана Савева, до несреќата дошло откако комбето од непознати причини преминало на другата страна од коловозот и се судрило со камионот што наидувал. (Г.А.) |