Со фалс-картички до 350.000 денари
МВР поднесе кривична пријава против Б.Т. (46) и М.С. (45), двајцата од Скопје, поради компјутерски криминал. Според МВР, Б.Т. во мај годинава преправил оригинални платежни картички на кои вметнал вистински податоци од платежни картички сопственост на странски државјани, што ги поседувал нелегално, и преку употреба на надворешна компјутерска единица – ПОС терминал на домашна банка, инсталиран на продажно место во Скопје, извршил шест нелегални трансакции при што извадил 350.000 денари.
„М.С. го сторила делото така што како одговорно лице во продажното место каде што се извршени нелегалните трансакции, му овозможила на Б.Т. да ги изврши трансакциите со фалсификувани платежни картички“, соопшти полицијата. (Г.А.)
|