Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Обид за киднапирање на штипјанка

На дваесет и осумгодишен маж му се допаднала девојка од штипското село Јунизлија и се обидел да ја киднапира додека таа работела во дворот на својата куќа. Според полицијата, станува збор за О. С. (28) од селото Прналица, Карабинци, кој вчераутро ја забележал осумнаесетгодишната А.Т. (18) додека била во дворот.

Тој прво влегол во дворот и почнал да ја убедува девојката, која му се допаѓала, да појде со него. Откако бил одбиен решил насила да ја земе за жена. Почнал да ја влече за рака и се упатил кон улицата, но таа почнала да вика и да бара помош. За среќа ја слушнал близок роднина, кој веднаш истрчал во дворот и го спречил обидот за киднапирање. Откако роднините го пријавиле случајот во полиција, О.С. е пронајден и против него полицијата поднесе кривична пријава за обид за грабнување. (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 1414 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Живот во четири ѕида
Се' уште не се знае дали ќе се прошири истрагата за бродот
Штала и крави изгореа во скопско Огњанци
Пожар уништи 5.000 квадрати шума во Гази Баба
Јавноста исклучена од судењето за протестите на плоштад