Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Јавноста исклучена од судењето за протестите на плоштад

Јавноста вчера беше исклучена од следењето на судскиот процес на тројцата организатори на протестот против изградбата на црква на плоштадот „Македонија“ во Скопје, кога се случија инцидентите. Со образложение дека за следење на процесот е потребна писмена дозвола од претседателката на Основниот суд Скопје 1, судијката Љиљана Петровска вчера не дозволи присуство на новинари во судницата. За судијката, освен писмена дозвола, постојат и други „објективни причини“, како што е мала судница и немање редарска служба во Одделот за прекршоци.

Но, иако јавноста беше исклучена од следењето на судскиот процес, кој се води против лицата Александар Ивановски, Никола Наумовски и Билјана Димитриева, обвинети според Законот за јавни собири, неофицијално дознаваме дека вчера биле распрашани неколкумина сведоци, а се гледал и видеоматеријал снимен на денот на одржувањето на протестот.

Тројцата спомнати се товарат дека не го прекинале јавниот собир одржан на 28 март годинава и покрај тоа што веќе имало нарушување на јавниот ред и мир, иако оние кои протестираа против изградба на црква на централниот скопски плоштад беа цел на физички напад од поддржувачите на идејата за изградба на верски објект во строгиот центар. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 553 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Живот во четири ѕида
Се' уште не се знае дали ќе се прошири истрагата за бродот
Штала и крави изгореа во скопско Огњанци
Пожар уништи 5.000 квадрати шума во Гази Баба
Обид за киднапирање на штипјанка