Штала и крави изгореа во скопско Огњанци
Штала во скопското село Огњанци изгоре завчера во силен пожар. Огнот кој избувнал во шталата набрзо почнал да се шири и се заканувал да ја зафати и семејната куќа на сопствениците. Според полицијата, огнот избувнал околу 16.20 часот во шталата на В.С. (40). Во пламенот изгореле кравите, кои се наоѓале во шталата, неколкуте тони пченица и пченка, складирана детелина, како и машините што ги поседувала сопственичката на фармата. (Х.Р.) |