Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Мис на светот

Американката Александрија Милс - најубава за 2010

Од 30 октомври започна годината на убавината за Американката Александрија Милс. Оваа 18-годишна девојка е прогласена за мис на светот на изборот што се одржа во во кинескиот град Санји, Кина, во саботата на 30 октомври. За прва придружничка е прогласена мисот на Боцвана, Ема Вареус, додека мисот на Венецуела, Адријана Васини, е прогласена за втора придружничка.

Новопечената мис на светот неодамна матурирала и сака да стане учителка или фотограф на пејзажи. Не знае ниту еден друг јазик освен англиски, а обожава патувања, музика и свирење на француски рог и ударалки. Пораснала слушајќи кантри и класичен рок, па тоа и' е омилениот вид музика. Себеси се опишува како позитивна, спонтана личност, на која никој на светов не и' е туѓ. Сака тестенини и италијанска кујна, а истакнува дека е вегетаријанка. Чува кучиња - бостонски териер и слепа пудлица, која има 13 години.

Меѓу 115 убавици што се бореа за круната, беше и македонската претставничка Стефани Борсова, која не се ни приближи до топ 25.

Во топ 7 влегоа мисиците на Ирска, Венецуела, Кина, Италија, Норвешка, САД и на Боцвана. Иако на обложувалниците важеше за фаворитка, мисот на Норвешка не мина во последниот круг на изборот. Меѓу топ 5 се најдоа претставничките на Венецуела, Боцвана, САД, Ирска и на Кина.


#
Статијата е прочитана 1479 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Вујче од Авганистан
Почнува акцијата „Лектирни изданија“
Македонско-бугарски историски контроверзии (19)
Тиквешански
Од шупливо во празно
Нова куќа - нова надеж за Кулески oд Штавица
Не верувам дека поезијата може да го смени светот
Вељановски на гости во Канада
Остануваат ли пари за штедење?
Топли песни за студено време
Реакционерна револуција
Кочани доби реновирана сала
„Фаланга“ најде погребна кочија од вториот век
Македонија тропна на вратата од Србија
Карикатура
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Стил
Државна или приватна градинка за моето дете
Ќе има ли кр��ви и во Скопје 2014






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU