Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Почнува акцијата „Лектирни изданија“

„Медиа Принт Македонија“ (МПМ), членка на ВАЦ-групацијата, во која се наоѓаат дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“ и ревијата „Теа Модерна“, започнува нова акција за збогатување на домашните библиотеки.

Од денеска е во продажба „Декамерон“ од Џовани Бокачо, првата книга од новиот циклус.

Станува збор за избор на лектирни изданија што се дел од наставната програма по предметот македонски јазик во основно и во средно образование во нашата земја.

Целта на проектот е да им се понуди можноста на најмладите и на тинејџерите, традиционалните вредности стекнати преку врвната литература, да бидат дел од нивното секојдневје, токму во годините на формирање на нивните личности.

Едицијата опфаќа десет книги, а очекувањата од оваа соработката на издавачот „Ѓурѓа“ и МПМ се темелат врз позитивните ефекти на претходните слични акции, при што се истакнува дека предноста на овој вид понуда е цената и достапноста на сите продажни места на „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“.

Во првиот циклус читателите на изданијата на МПМ секој понеделник ќе можат да набават наслов од едицијата „Лектирни изданија“, меѓу кои се наоѓаат вонвременските дела на Џовани Бокачо „Декамерон“; К. Колоди - „Пинокио“; Ј. В. Гете - „Страдањата на младиот Вертер“; Густав Шваб - „Најубавите митови“; Џек Лондон - „Повикот на дивината“; Жил Верн - „20.000 милји под морето“; Лав Н. Толстој - „Раскази“; Езоп, Ла Фонтен, Крилов - „Басни“; Р. Л. Стивенсон - „Островот на скриеното богатство“ и Е. А. По - „Гавранот и други песни“.

Како општествено одговорна компанија, МПМ има цел на пошироката јавност да и' ги доближи врвните достигнувања на светската книжевност, но и да ја поттикне публиката повеќе да чита, затоа што во Македонија има таков потенцијал доколку се понуди квалитетна, а достапна книга. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 796 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Вујче од Авганистан
Македонско-бугарски историски контроверзии (19)
Тиквешански
Од шупливо во празно
Нова куќа - нова надеж за Кулески oд Штавица
Не верувам дека поезијата може да го смени светот
Американката Александрија Милс - најубава за 2010
Вељановски на гости во Канада
Остануваат ли пари за штедење?
Топли песни за студено време
Реакционерна револуција
Кочани доби реновирана сала
„Фаланга“ најде погребна кочија од вториот век
Македонија тропна на вратата од Србија
Карикатура
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Стил
Државна или приватна градинка за моето дете
Ќе има ли крави и во Скопје 2014






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU