Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Државна или приватна градинка за моето дете

Државните градинки ги нудат за адути долгогодишното искуство во чувањето деца, а приватните се наметнуваат со странски програми

Жаклина Ѓорѓевиќ


Виенска шницла или зеленчукова супа, лазањи или чорба. Ова се само дел од јадењата кои може да се најдат на менијата во приватните и државните градинки, кои во последно време се' повеќе се во ривалитет да го докажат својот квалитет. Ако порано државните градинки се држеа до традиционалниот начин на чување деца и стриктните наставни програми, сега се преориентираат на пазарот, па за децата организираат разни курсеви по странски јазици, танцови, јога, компјутери и што уште не. Државните градинки ги нудат за адути не само курсевите, туку и долгогодишното искуство во чувањето деца и флексибилноста во работното време. Приватните, пак, на пазарот се наметнуваат со странските програми, за кои тврдат дека се докажале како успешни поради светските искуства. Така ги правдаат и астрономските цени што се движат и до 22 илјади денари, за разлика од државните каде што за чување деца сега се земаат 1.400 денари, но со можност оваа цена да биде зголемена во иднина.

Во Скопје има 17 државни градинки, а во фаза на регистрација во Министерството за труд и социјална политика се четири приватни градинки. Од Министерството велат дека не ги контролираат приватните градинки, бидејќи се регистрирани како трговски друштва, поради тоа што досега не постоела прецизна законска регулатива.

Родителите имаат различни искуства. Некои во државните го нашле спасот поради пристапната цена и солидната грижа за децата, додека други мислат дека во приватните нивните деца ќе добијат повеќе внимание.

Во државната градинка „Раде Јовчески-Корчагин“, која се наоѓа веднаш зад Градска болница, бебињата се примаат уште од шест месеци. Градинката е една од ретките со соларен систем. Пространа е и она што остава впечаток кога ќе се посети, се тоалетите кои се со течен сапун и сушачи за раце, а украсени се со мозаици на стаклените врати. Во неа се организираат курсеви по англиски, германски и француски, а од годинава на родителите им понудиле нивните деца да посетуваат јога. Имаат и драмска секција, физичко со танц и работа со компјутери.

„На самиот прием се запознаваме со навиките на детето, вакцините, дотогашниот развој, она што е специфично во исхраната“, вели директорката Злата Николиќ. Таа објаснува дека постепено ги учат децата да бидат самостојни. Сепак, како и на повеќето државни градинки, слабост им е тоа што се пребукирани со деца, па затоа не ретко знаат и да одбијат кога треба да запише некое дете.

Во државните градинки се примаат деца во текот на целата година, а се чуваат и деца до десет години. Таков е случајот со државната градинка „Орце Николов“. Директорката Родна Кондеска објаснува дека во градинката ги развиваат креативните можности на децата со тоа што користат сликовници, плакати, енциклопедии. Градинката работи на разни проекти, како што се екологија, здрава храна, а лани добиле награда за штедење електрична енергија.

Во приватните градинки се изучува англиски, француски или германски јазик. Дел од нив работат по странски програми. Франкофонската градинка, која е поддржана од француската амбасада, работи веќе десет години, по француска програма. Тука се примаат деца од една и пол година, а со децата се зборува на француски.

Раководителката Билјана Зашаровска-Кракутовска објаснува дека градинката опстојува врз основа на донации. „��аботиме според програма која е прифатена од француското Министерство за образование. Јазикот се изучува преку разни приказни, песни, стихотворби , игри“, појаснува Кракутовска. Кога излегуваат од градинката, вели таа, децата се солидно подготвени да се вклучат во училиште. За целодневен престој во градинкат�� се плаќаат 9.950 денари.

Но, има и поскапи приватни градинки, како што е онаа што постои во рамките на Интернационалното училиште „QSI“ лоцирано спроти американската амбасада. Пет илјади долари е годишната сума што треба да се плати за чување дете во предучилишната група во ова училиште. Групата моментно се состои од десетина деца, а ги има од различни земји, Германија, Франција, Казахстан, Тунис, Белгија, Индија... Со нив работи Луис Кампен-Ван Дијкен. „Учиме наука, математика, јазици, а притоа употребуваме природни материјали. На пример, работиме со вода. Имаме и градина каде што децата садат растенија. Потоа, ги носиме на фарма за да ги видат животните и да ги почувствуваат“, вели таа. Децата си носат појадок со себе, а за ручек можат да бираат - шницла, риба, пица, лазањи.

Градина има и во градинката „Бисери“, која веќе четврта година функционира во рамките на Педагошката академија, која ја основала, иако е отворена и со помош на Хрватска и Италија. Базично правило на градинката е да се почитува педагодијата „агаци“, односно заедништвото. Во градинката има две групи од различни возрасти, едната е на македонски, а другата на албански јазик, но работат на заеднички проекти. Се учат англиски и италијански јазик, а цената е 5.000 денари.

Цената ќе скокне од 1.500 денари на 2.000

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, најавува дека размислуваат за покачување на цените во државните градинки, за што ќе се изјаснат до крајот на годинава. Првичните процени се дека цената на градинките треба да скокне од 1.490 на 2.000 денари. „Сериозно размислуваме за зголемување на партиципацијата, со оглед на тоа што таа не е коригирана во последниве седум години. За тоа дали и колку ќе се коригира ќе се знае до крајот на годинава“, изјави Бајрами. Но, според него, тоа не значи дека автоматски ќе се намали опфатот на деца, кој сега изнесува 14 отсто. Досега градинките ги посетувале децата чии родители имаат добри примања. За семејствата со помали приходи, Бајрами најави дека ќе размислат да ги намалат цените за градинките.


#
Статијата е прочитана 2488 пати.

Испрати коментар

Од: majka
Датум: 01.11.2010 12:17:19
Drzavata seriozno treba da go stavi prioritetot na izgradba na gradinki, namesto trgovski centri, osobeno vo Skopje. Sramota e vo celo Novo Lisice, najverojatno po brojnost na deca kako eden Veles, da ima samo edna gradinka, vo Aerodrom samo 3 a ima 100.000 ziteli itn. Novi socijalni stanovi za mladi bracni dvojki bez gradinka ili uciliste. Kolku i da sakaat roditelite da gi pustat decata vo drzavna gradinka, pedagozite velat nema mesto. Drugo sto mora da se razmisli e modalitetot na opstojuvanje na gradinkite, pod drzavna kontrola, da, no zosto da ne se dozvoli postoeckite da bidat privatizirani, ili javno - privatno partnerstvo. Site roditeli ke dadat maksimum od primanjata za svoeto dete, ako znaat deka so toa kvalitetot na prestojot ke bide na nivo. Ovaka, nemaat krevetcinja, jadat leb i margarin i pijat caj.
Од: Pero
Датум: 01.11.2010 14:00:21
"Досега градинките ги посетувале децата чии родители имаат добри примања" pogolema glupost nemam videno. Gradinkite gi posetuvaat deca cii roditeli ne mozat da si dozvolat privatna gradinka ili zena za da gi cuva decata. Ako imavme dobri primanja kje platev 5-6.000 i decata kje bea doma. Edvaj i so ovaa cena uspevame da plakjame redovno. Videte niz Makedonija kolkav procent od roditelite docnat so plakjanjata zosto ne uspevaat da vrzat kraj so kraj. A da ne zboruvam za onie 400 denari za boenka i plastelin, 500 za televizor....
Од: mustafa hajrulahi
Датум: 01.11.2010 15:30:07
pred eden mesec sinot go zapisav vo drzavna gradinka, od toj den pa do den denska nemozam da go izlecamod razni bakterii. od necistotijata sto e po drzavnite gradinki, vozrasen ke se razbole a ne malo dete. ne znam sto misli nasta vlada, dali prioritet se nasite deca ili konjanicata na nekojsi aleksandar makedonski ili pak drugite spomenici postaveni niz gradot skopje.vo drzavnite gradinki, konkretno vo gradinkata vo cair, ne e zakoena nitu edna sajka od vremeto koga e izgradena, sigurno pred 50 godini. se e raspadnoto, vratite se klatat a krevetcinjata za malite se vo mizerna sostojba, pred raspagane treba itno da se sanirat drzavnite gradinki, tamu e nasata idnina
Од: Мама
Датум: 02.11.2010 00:14:21
Како прво, недостатокот од градинки важи за целата територија на Скопје (не знам за останатите градови), врски или `кабли` се влечат за да се примат децата, дури и на оние родители кои можат да си дозволат приватна градинка. Срамота е.... А што се однесува до бактериите, тоа не е само до хигиената туку и до `совесните`родители кои своите деца и болни ги носат (без разлика дали имаат алтернатива за тој период). Се на се, КАТАСТРОФА
Од: jovan
Датум: 02.11.2010 08:32:40
Za 1500 denari mesecno, decata dobivaat super tretman, i treba da ste im blagodarni na tie luge sto rabotat tamu. Koj ne e zadovolen ete mu privatni(od 4000 do 8000 denari), no nema nisto poveke da dobijat osven 5 pati pogolema smetka.

Најди! во Утрински
Насловна
Вујче од Авганистан
Почнува акцијата „Лектирни изданија“
Македонско-бугарски историски контроверзии (19)
Тиквешански
Од шупливо во празно
Нова куќа - нова надеж за Кулески oд Штавица
Не верувам дека поезијата може да го смени светот
Американката Александрија Милс - најубава за 2010
Вељановски на гости во Канада
Остануваат ли пари за штедење?
Топли песни за студено време
Реакционерна револуција
Кочани доби реновирана сала
„Фаланга“ најде погребна кочија од вториот век
Македонија тропна на вратата од Србија
Карикатура
Не знаеш да готвиш - сакам развод
Стил
Ќе има ли крави и во Скопје 2014






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU