Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Шверцер барал ликвидација на Бојко Борисов

„Сумата од 400.000 евра е премала за мојот живот“, се пошегува бугарскиот премиер

СОФИЈА - Познат шверцер, клучна фигура во бугарското подземје, го наредил убиството на бугарскиот премиер Бојко Борисов, според весникот „Стандард“. Информацијата доаѓа по објавување на оваа информација во друг весник „24 часа“. Според информациите на „24 часа“ пред околу 10 дена, бугарската разузнавачка служба пресретнала телефонски повици и следела средби на познати личности, и на тој начин го открила најновиот план за убиство на Борисов за цена од 400.000 евра. „Сумата од 400.000 евра е премала за мојот живот“, се пошегува Борисов во понеделникот, потврдувајќи ја информацијата за заговор за негово убиство. „Стандард“ цитираше анонимен високорангиран разузнавач како вели дека шверцерот направил само еден телефонски повик до криминална група што работела со платени убијци. Телефонскиот повик е лоциран дека се водел на бугарска територија, а СИМ-картичка подоцна била фрлена. Како дополнение на шверцот, лицето што му се заканувало на Борисов, исто така, се занимавало и со рекет, проституција и трговија со наркотици.

Меѓутоа, бугарските тајни служби негираат дека лицето за кое станува збор е контроверзниот бизнисмен и поранешен вработен во Државната агенција за национална безбедност, Алексеј Петров, кој во февруари беше уапсен по голем број слични обвиненија и неодамна ослободен, но е ставен во домашен притвор. Во меѓувреме, „24 часа“ вчера објави дека и покрај првично наводните заговори против Борисов што датираат од времето кога тој беше секретар за внатрешни работи, ова е прва многу сериозна закана во која се вклучени пресретнување на најмалку двајца учесници, од кои едниот е долгогодишен „познаник“ на полицијата. Меѓутоа, експерти од разузнавачките служби забележуваат дека наредбата би можела да биде дадена од сосема друг извор и пресретнатите телефонски повици би можеле да бидат обид за одвлекување на вниманието. (Весниците)


#
Статијата е прочитана 1275 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Обама се враќа дома
Секс, дрога и анкетни ленти
Хитлер имал чуден вкус
Буш одобрил мачење за да ја спаси Америка
Израел сака населби, а не мир






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'