Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Обама се враќа дома

Индонезијците се премногу горди што делумно
го одгледале американскиот претседател

ЏАКАРТА - По двегодишно чекање Индонезијците, конечно, добија шанса да го поздрават својот посвоен син. Но, еуфоријата што ја зафати оваа претежно муслиманска земја по изборната победа на Барак Обама е заменета со доза реалност. Малкумина во Индонезија сега веруваат дека тој ќе ја смени американската политика за Блискиот Исток или дека ќе ги подобри американските односи со муслиманскиот свет. Надежите дека двете земји ќе напредуваат заедно на светската сцена се потиснати настрана.

Иако Индонезијците се премногу горди што делумно го одгледале американскиот претседател, кој четири години од детството минал во Индонезија, плановите за неговото долгоочекувано враќање дома е проследено со тага дека тој не е целосно нивни. Обама веќе откажа две планирани посети и треба да остане само 24 часа. Тој ќе се состане со претседателот Сусило Бамбанг Јудхојоно, ќе ја посети најголемата џамија во земјата и ќе одржи говор што ќе му даде уште една можност да ги убеди муслиманите дека Америка не води војна против исламот, туку против тероризмот, како и дека и' е потребна помош од умерените сили во таа борба. Обама ќе нема време да ја посети својата стара населба во распространетиот пренаселен главен град - метеж од куќи и тесни улици ,кој е малку сменет откако тој беше таму во периодот од 1967 до 1971 година, иако сега е во сенка на луксузните трговски центри и висококатниците. Неговата набиена агенда дури не му остава време за куси средби со семејството и со пријателите.

„Толку долго ја чекав оваа посета“, рече Катарина Фермина Синага (61), која му предаваше на дебелкото, палаво момче, тогаш познато како „Бари“ во трето одделение. „Знам дека неговиот распоред како светски лидер е преполн, но, сепак, се надевам дека ќе се видам со него. Едноставно не сакам да не' заборави“.

Кога прв пат се очекуваше неговата посета во март, потоа во јуни, земјата ја зафати треска на очекувања: беа објавени книги и филмови за неговото детство, се планираа прослави и се организираа изложби. Но, овој пат се чини дека земјата е исцрпена по двојните природни катастрофи - вулкан и цунами - во последните две недели при што загинаа вкупно 600 луѓе. Имаше шпекулации дека Обама би можел повторно да ја откаже посетата, а земјата не беше подготвена за нови надежи, премногу истрошени за големо експонирање. Дури и владата чекаше до последен момент за да најави дека ќе се одржи посетата.

Со надеж дека тој, сепак, во последен момент, можеби ќе го посети своето старо основно училиште, десетици ученици од трето и од четврто одделение, облечени во зелено-бели униформи, вчера изутрина ја вежбаа песната посветена на него. „Никој не не' извести за ништо. Затоа не знаеме како да се подготвиме“, рече видно разочараниот директор Хасимах.

Иако верските лидери се' уште веруваат во него, и тие изгубија дел од преголемиот ентузијазам. Во услови кога мировните преговори на Блискиот Исток се одвиваат бавно, многумина веруваат дека тој не е многу подобар од неговиот претходник Џорџ Буш. Сепак, постои чувство, дури и во Индонезија, дека она што го сакаат Индонезијците е малку внимание. „Тој дури не наоѓа време да се сретне со нас“, вели Дин Сјамсудин, лидер на втората најголема муслиманска група во земјата Мухамадијах, чии 30 милиони членови имаат високи очекувања од Обама. „Дури и Буш го правеше тоа“.

Обама се пресели во Индонезија кога имаше седум години, откако неговата мајка Стенли Ен Данхем се омажи за вториот сопруг, Лоло Соеторо, со кого се запознала на студиите на Универзитетот на Хаваи. Населбата што тие прво ја нарекуваа дом беше Ментенг Далам, населба од холандската ера со црвени покриви во центарот на Џакарта, каде што многу луѓе имаат убави сеќавања за младиот Бари. Тие се сеќаваат дека неговата мајка пеш го испраќала на училиште низ калливите улици од монсунските дождови, оти тој добро зборувал индонезиски и дека семејството чувало бели крокодили и мајмун во дворот.

„Да, разбрав дека тој ќе дојде утре“, рече Сатари, 20-годишен уличен продавач додека јадеше чинија баксо, зачинета супа со ќофтиња, каква што претседателот сакал како дете. Лингас Ситомпул, 65-годишен купувач рече: „Навистина треба да го поздравиме како брат што се враќа дома“.

Пред инаугурацијата на Обама, Индонезија ги гледаше САД, главно, како цел за протест. Тврдокорните струи сметаат дека антитерористичките напори на администрацијата на Џорџ Буш се замена за антимуслиманското расположение. Тие се надеваа дека врската на Обама со Индонезија ќе има специјално место во неговата администрација, но две години откако му трае мандатот реалноста се покажа поинаква. Сега повеќето признаваат дека неговата посета нема да им ја подобри состојбата и да влијае на сиромаштијата или, пак, да го издигне нивниот национален углед. Тие знаат дека и покрај чувството на блискост со американскиот претседател, на крај тој ќе замине и ќе се врати на местото што е навистина негов дом. (АП)


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Секс, дрога и анкетни ленти
Хитлер имал чуден вкус
Шверцер барал ликвидација на Бојко Борисов
Буш одобрил мачење за да ја спаси Америка
Израел сака населби, а не мир






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'