Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Израел сака населби, а не мир

Палестинците сметаат дека само признавањето на државата ќе ги спречи израелските дивоградби

ЕРУСАЛИМ - На планот на Израел да изгради нови домови на окупираната територија треба да се одговори со меѓународно признавање на палестинска држава, изјави вчера главниот палестински преговарач. Зголемувајќи ги влоговите во ќор-сокакот околу замрените мировни разговори, Саеб Ерекат изјави дека е јасно од последното обелоденување на градежните планови дека Израел сака населби, а не мир. „Израелскиот унилатерализам е апел за итно меѓународно признавање на палестинската држава“, изјави тој.

Светот речиси и не обрна големо внимание кога покојниот Јасер Арафат прогласи палестинска држава во 1988 година. Но, политичките ветрови се променија и Израел денес е сериозно загрижен дека палестинскиот претседател Махмуд Абас би можел да го добие тоа признавање. Абас ја пушти во оптек идејата да се „оди пред Обединетите нации“ за прогласување на држава, како една опција ако мировните разговори колабираат, но само откако прво ќе побара помош од Вашингтон.

Израел во понеделникот ги обелодени плановите за изградба на 1.300 нови станбени единици на окупираното земјиште во близина на Ерусалим, и вчера посочи дека дополнителните 800 единици се планираат во големата населба Ариел во северниот дел на Западниот Брег.

Плановите за изградба беа обелоденети кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше во посета на САД за да разговара за оживување на блискоисточните мировни разговори што беа запрени по прашањето за изградба на населби.

САД соопштија дека се „длабоко разочарани“ од понеделничките информации за градежниот проект што е „контрапродуктивен на нашите напори за продолжување на директните преговори меѓу засегнатите страни“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Кроули. Државната секретарка Хилари Клинтон се очекува да го поведе ова прашање на утрешната средба со Нетенјаху во Њујорк.

Директните мировни разговори меѓу Израел и Палестинците се влошија во септември, речиси веднаш штом почнаа, откако Нетанјаху ги отфрли палестинските барања за продолжување на парцијалното замрзнување на изградбата на населби во Западен Брег.

Забележувајќи дека контроверзното обелоденување на изградбата на населба е направена додека Нетанјаху беше во САД, Кроули изјави: „Тоа би можело да се сфати дека некој во Израел го обелоденил ова со цел да го посрамоти премиерот и да го поткопа процесот“. Вашингтон во март беше навреден кога плановите за изградба на куќи беше обелоденет во, како што изгледаше, пркосен тајминг кога американскиот потпретседател Џо Бајден беше во посета на Ерусалим. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 455 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама се враќа дома
Секс, дрога и анкетни ленти
Хитлер имал чуден вкус
Шверцер барал ликвидација на Бојко Борисов
Буш одобрил мачење за да ја спаси Америка






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'