Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Секс, дрога и анкетни ленти

СМС-тинејџерите повеќе склони кон алкохол и дрога

AТЛАНТА - Тинејџерите што испраќаат пораки 120 или повеќе пати дневно - а се чини дека има многу такви - се со поголема веројатност да имаат сексуални односи или да користат алкохол и дрога отколку децата што не испраќаат толку многу пораки, покажува ново провокативно истражување. Авторите на студијата не сугерираат дека „хипериспраќањето пораки“ води до секс, пиење или дрога, но согледуваат очигледна врска меѓу прекумерното испраќање пораки и таквото ризично однесување. Студијата заклучува дека значителен број тинејџери многу подлежат на притисокот од врсниците и, исто така, имаат толерантни или отсутни родители, вели доктор Скот Френк, главен автор на студијата.

„Ако родителите ги следат текстуалните пораки на нивните деца и социјалните мрежи за комуникација, тие, веројатно, ги следат и другите активности“, вели Френк, вонреден професор по епидемиологија и биостатистика на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кејс вестерн рисрв“. Френк ќе ја презентира студијата на состанокот на Американското здружение за јавно здравство во Денвер.

Студијата е направена во 20 јавни средни училишта во областа Кливленд минатата година, и се базира на доверливи писмени истражувања на над 4.200 ученици. Студијата покажа дека секој петти ученик испраќа прекумерно пораки, а секој деветти е хиперактивен на социјалните мрежи за комуникација, односно тие поминуваат три или повеќе часови дневно на „Фејсбук“ или други социјални веб-страници за комуникација. Секој 25 ученик спаѓа во двете категории.

Хиперактивности за испраќање текстуални пораки и дружење на социјалните мрежи се почести кај девојчињата, малолетниците, децата чии родители се со помало образование и ученици од семејства со самохран родител, покажува студијата. Таа се смета како една од првите студии во кои се посветува внимание на испраќањето текстуални пораки и дружењата преку социјалните мрежи и прашањето дали тие се поврзани со актуелните сексуални врски или со друго ризично однесување. „Оваа студија покажува дека тоа е легитимно прашање што треба да се истражува“, вели Даглас Џентил, кој ја води лабораторијата за истражување медиуми на Државниот универзитет „Ајова“.

Студијата покажа дека лицата кои испраќаат текстуални пораки најмалку 120 пати дневно се со 3,5 пати поголема веројатност да имаат сексуални односи отколку нивните врсници што не испраќаат толку многу пораки. Хиперактивните, исто така, се со поголема веројатност да се најдат во физичка пресметка, да се пијанат, да користат дроги или да земаат лекови без рецепти. Во споредба со оние што испраќаат многу пораки, хиперактивните на мрежите за социјално дружење не се со таква веројатност да имаат сексуални односи, туку повеќе да бидат инволвирани во други ризични однесувања, како што се пиењето или тепањето.

Студијата на семејната фондација Кајзер покажа дека околу половина од децата на возраст од 8 до 18 години испраќаат текстуални пораки преку мобилен телефон во вообичаен ден. Тие проценуваат дека децата во просек испраќаат 118 пораки дневно. Студијата, исто така, покажа дека само 14 отсто од децата се изјасниле дека нивните родители им поставуваат правила со кои го ограничуваат испраќањето на пораки.

Други студии го поврзуваат испраќањето пораки кај тинејџерите со ризично или непристојно однесување. Студијата на истражувачкиот центар Пев покажа дека околу една третина од 16 и 17-годишниците испраќаат пораки додека возат. Анкетата на Асошиетед прес - МТВ покажа дека околу една четвртина од тинејџерите разменуваат сексуално експлицитни фотографии, видеоснимки и комуницираат по мобилен телефон или онлајн. Најновото истражување не испитуваше какви пораки испраќаат студентите или што дискутираат на социјалните мрежи за дружење.


#
С��атијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 10.11.2010 15:06:41
gluposti....

Најди! во Утрински
Свет
Обама се враќа дома
Хитлер имал чуден вкус
Шверцер барал ликвидација на Бојко Борисов
Буш одобрил мачење за да ја спаси Америка
Израел сака населби, а не мир






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'