Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Буш одобрил мачење за да ја спаси Америка

На Буш му рекле дека користењето на техниката со која се симулира давење врз неколку затвореници во Гвантанамо е легална

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш бранеше некои од најконтроверзните одлуки во првото телевизиско интервју откако си замина од функцијата. Тој за Ен-Би-Си изјави дека употребата на техники за испрашување што симулираат давење спречиле терористички напади и спасиле многу животи. Буш, кој ги објави своите мемоари, изјави дека инвазијата врз Ирак во 2003 година не била погрешна. Историјата ќе покаже дека бил успешен, додаде тој, но тој дотогаш ќе биде мртов. „Јас едноставно повеќе не сакав да се појавувам таму“, изјави тој за Ен-Би-Си за своето отсуство од медиумите откако ја напушти Белата куќа во јануари 2009 година. „Не сакав да се враќам во тоа што го нарекував ’мочуриште‘“, изјави тој.

За испрашувањето на осомничени за тероризам, тој рече дека неговиот правен советник му кажал дека користењето на техниката со која се симулира давење врз неколку затвореници во Гвантанамо е легална. „Тој рече дека тоа не спаѓа во рамките на актот за спречување на измачување. Јас не сум адвокат. Но, мора да и' верувате на процената на луѓето околу вас, и јас го сторив тоа“, изјави Буш. „Ќе ви го кажам ова: употребата на овие техники спаси многу животи. Моја работа беше да ја заштитам Америка. И тоа го направив“.

Новинарот на Ен-Би-Си го праша за „одвратното чувството“ што го опишува во своите мемоари секојпат кога помислувал на неуспехот да се најде оружјето за масовно уништување во Ирак по инвазијата во 2003 година со која беше соборен Садам Хусеин. „Дали некогаш имаше размислување за извинување до американскиот народ?“, праша новинарот. „Сметам дека извинувањето во основа ќе каже дека одлуката била погрешна“, одговори Буш. „Јас не верувам дека тоа беше погрешна одлука“. Тој додаде дека ќе помине некое време пред историјата да може да се изјасни за неговото претседателствување. „Се надевам дека ќе покаже дека сум бул успешен. Но, јас ќе бидам мртов кога тие, конечно, ќе го сфатат тоа“.

Во неговите мемоари Буш признава дека економските несреќи што му ги оставил на својот наследник Барак Обама биле „еден ужасен начин да се стави крај на мандатот“. Меѓутоа, ги отфрла обвинувањата дека санацијата на банките, позната како Програма за помош на проблематичните активи (ТАРП), беше залудно трошење на државните пари. „ТАРП испрати очигледен сигнал дека нема да дозволиме американскиот финансиски систем да колабира“, изјави тој.

Меѓутоа, во последните месеци од неговиот мандат тој се' уште се надеваше дека САД би можеле да ја избегнат рецесијата, пишува тој, дури и ако „кулата од карти е на пат да се урне“. Тој застана во одбрана на својата економска политика наспроти обвиненијата од фискалните конзервативци - вклучувајќи ги и движењето Ти парти - кои велеа дека тој ги потрошил вишоците оставени од администрацијата на Клинтон во 2001 година. „Откако се случија рецесијата и 11 септември имаше останато уште малку вишоци“, пишува Буш.

Во телевизиското интервју Буш, исто така, откри дека имал несогласување со неговиот потпретседател Дик Чејни околу тоа дали да се помилува главниот помошник на Чејни. Буш одби да го помилува Луис „Скутер“ Либи, кој беше осуден за кривоклетство и опструкција во врска со откривањето на идентитетот на агент на ЦИА. Но, Буш изјави дека неговото пријателство со Чејни го надминал проблемот. (Би-Би-Си)




#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: realen
Датум: 10.11.2010 13:49:38
Ovoj definitivno ne znae sto zboruva, prolupal! Istorijata veke si go kaza svoeto deka toj e vistinski "monstrum" koj raboti za Amerikanskite interesi ne birajki sredstva i metodi. 250.000 ubieni vo Irak, ne se znae koliu vo Avganistan tamu uste se gina (vprocem kako i vo Irak). Odobril macenje, pazete "za dobroto na Amerikancite". Pa ima li malku ovoj sovest, moral, etika, covecnost??? Ocigledno e deka nema. Ne deka i drugite se razlikuvaat od nego, primer Klintonovi, Obama, itn, site se kako "jajce na jajce", kucinja na vojnite, fasisti. Zatoa i se do kade se, ekonomski, politicki (na najnisko nivo sekade vo svetot, duri i kaj nivnite najgolemi pajtasi). Samo zaboravi vo memoarite da napise deka Sadam gi "zakopa" politicki i nego i Bler i Hauard. Site na kupce. Pozdrav do Makedonecot od USA. Realno nerealno, toa e.

Најди! во Утрински
Свет
Обама се враќа дома
Секс, дрога и анкетни ленти
Хитлер имал чуден вкус
Шверцер барал ликвидација на Бојко Борисов
Израел сака населби, а не мир






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'