ЕУ обвинета за финансиска небрежност
Париз - „Членките на Европската унија покажаа финансиска небрежност, постојано игнорирајќи ги барањата од европскиот Пакт за стабилност и раст, кои налагаат строго ограничување на обемот на буџетскиот дефицит“, изјави претседателот на Европската централна банка, Жан Клод Трише.
„Во областа на економското управување, покажана е недозволива небрежност. Исполнувањето на барањата од Пактот за стабилност и раст, особено во Франција, никогаш не е сфаќано како обврзувачко“, рече тој на еден економски форум што се одржува во јужна Франција. Трише истакна дека доколку членките на ЕУ строго ги почитувале барањата што се однесуваат на економската контрола, финансиите на најголемата и најуспешната регионална интеграција моментно би биле во многу подобра состојба.
Трише повика за заострување на буџетската контрола, како и за построги надгледувања на финансиската нерамнотежа и конкурентноста. Како пример за неопходноста од заострување на буџетската контрола, Трише ја наведе Германија, која благодарение на својата разумна буџетска политика, подобро од другите земји ја преброди кри��ата. „Тајната е во внимателна, одмерена и постојана контрола“, заклучи Трише. (МИА)
|