|
|
|
|
|
|
Грант од Владата за подобар водовод во Штип
Општина Штип доби 1,5 милион евра како грант од Владата за реализација на проекти за подобрување на водоводната и канализациска мрежа. Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски, изјави дека веќе се одредени приоритетните проекти за водоводната и за канализациската мрежа.
„Како прв приоритет ја одредивме изградбата на канализациска мрежа на приградската населба Караорман, а исто така ќе ги приклучиме жителите на оваа населба и на градскиот водоводен систем“, вели Мицевски.
Тој додаде дека како што ќе пристигнуваат проектите од ревизија, така и ќе се реализираат.
Штипското комунално претпријатие и Општината ќе ги искористат средствата од Владата и за поврзување на населбите Македонка и Балканска и на селото Чардаклија со градскиот водоводен систем, а како еден од најзначајните проекти е изградбата на новата водоводна линија 2, која ќе овозможи новата индустриска зона и градската бања Кежовица да имаат поквалитетен проток на водата за пиење. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 381 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: cacko |
Датум: 11.07.2011 03:15:58 |
|
kje nadgraduvaat, a ne znaat vrz sto. Stip ima okolu 50% zaguba na voda vo prenos, a nemaat ni podzemen kataster. |
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 11.07.2011 08:32:15 |
|
Super e sto e dobien grant za podobruvanje na vodo-
vodnata mreza vo Stip.Sredstvata racionalno da se
iskoristat za precizna namena i lokalnite vlasti,delumno
da se rehabilitiraat sto na graganite na Stip im ,,poda- rija najvisoka cena na vodata vo Makedonija! |
|
|
|
|
|
|
Од: зачуден |
Датум: 11.07.2011 12:46:42 |
|
Промашени вложуванја.Наместо да да севложува во реконструкција на веќе со години застарената градска мрежа ,која предизвикува по три до четири интервенции во текот на денот и доведува до загуба на вода и до 60%(западен критериум е најмногу од 10-15%).тие ќе вложуват во приградските населби кои воопшто не ја плаќат водата а се најголеми потрошувачи на вода со која си ги заливаат нивите. |
|
|
|
|
|
|
|
|