Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Економија

Во САД невработеноста се зголеми на 9,2 процента

Вашингтон - Стапката на невработеност во САД минатиот месец се зголеми на 9,2 процента, а вработувањата се речиси стопирани, имајќи предвид дека е забележано најмало зголемување на бројот на вработените во изминатите девет месеца, соопшти американското Министерство за труд. Во јуни бројот на вработените е зголемен за само 18 илјади, што е бројка значително помала од очекуваната. Бројот на невработените Американци во јуни се зголемил за речиси 175 илјади и се искачил на 14,1 милион.

Државниот сектор минатиот месец го намали бројот на вработените за 39 илјади, додека во изминатите осум месеци бројот на работните места во тој сектор е намален за дури 238 илјади. Минатомесечната стапка на невработеност е за 0,1 процент поголема во однос на мај и е на највисоко ниво од декември 2010 година. Две години откако официјално заврши рецесијата на најголемото стопанство во светот, компаниите вработуваат се' помалку лица и покрај рекордните резерви на готовина и добрата заработувачка. Претседателот Барак Обама изјави дека новите бројки го потврдуваат тоа што веќе многумина го знаат, дека САД ��маат пред себе долг пат пред да успеат да направат пресврт во економската состојба. Обама истакна дека предизвиците со кои е соочено стопанството на САД во изминатите два месеца, меѓу кои се растот на цените на бензините и природната катастрофа во Јапонија, која доведе до нарушување во снабдувањето на американскиот пазар, не се создадени преку ноќ, па поради тоа и не можат да бидат решени преку ноќ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 11.07.2011 08:41:20
I sega,panika!Najgolemata svetska drzava so blizu 300 milioni ziteli,stapka na nevrabotenost 9,2%.Sto da kaze edna mala,ubava i napatena zemjicka na jugo istokot na Balkanot,so 2,2 milioni ziteli,a stapka na ne- vrabotenost od 31% i kusur,a objektivno i pogolema. Komparacija,so opkruzuvanjeto,na primer so Bugarija Srbija,pa Hrvatska,Slovenija.I so niv,sme za plakanje!

Најди! во Утрински
Економија
Летово нема казни за отпадот, туку само опомени
Германската автомобилска индустрија соборува рекорди
Прилеп од септември со свое градежно земјиште
Франција претпазлива со храната во рестораните
Грант од Владата за подобар водовод во Штип
ЕУ обвинета за финансиска небрежност

"""