Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Велестово е простор за уметнички аџилаци

„Списокот на поети, ликовни творци и музичари што учествувале на оваа манифестација е импозантен“, вели Владимир Мартиновски

Невена Поповска

На годинашното издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, „Поетскиот портрет“ му е посветен на Владимир Мартиновски. Тој е доцент на групата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предава компаративни поетики. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот „Париз 3 – Нова Сорбона“. Мартиновски е автор на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (студија, 2003), „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода, и земја, и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Споредбени триптиси“ (студии и есеи, 2007), „Ехо од бранови“ (хаибуни, 2009), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (студија, 2009), „Квартети“ (поезија, 2010), „Споредбени диптиси“ (студии и есеи, 2011) и „Побрзај и почекај“ (песни во проза, 2011).

Приредувач е на многубројни изданија, а досега ги добил наградите: прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009) и наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшки вечери на поезијата“ (2010).

Централен настан на годинашнава манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ е Вашиот поетски портрет. Во изминатите години вакви портрети беа направени на Петре М. Андреевски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јордан Плевнеш... Какво е чувството да се биде дел од еден ваков список?

- За да проследам портрет на некои од овие поети-учители, неколкупати до Велестово сум се качувал навечер дури и пеш. Двапати таму бев и со семинаристите што го изучуваат македонскиот јазик во Охрид. Благодарение на оваа манифестација, Велестово го доживувам како простор за уметнички аџилаци. Списокот на поети, ликовни творци, музичари, беседници, проучувачи на книжевноста и уметноста кои учествувале на оваа манифестација е импозантен. Оттука, и чест, и радост и возбуда, но и одговорност е да се биде дел од тоа уметничко јато.



Претседател сте на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, член на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, член на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност и на Европската мрежа за компаратистички проучувања. Автор сте на голем број книги, а најмногу е преведувана Вашата поезија. Со оглед на сето ова, како ги оценувате состојбите во литературата кај нас?

- Заедно со Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија е коорганизатор на еден настан од исклучителна важност, како за македонската книжевна наука, така и за македонската книжевност. Станува збор за ИВ конгрес на Европската мрежа за компаративни проучувања, што ќе се одржи од 1 до 4 септември во Скопје и во Охрид. Конгресот ќе биде можност еминентните проучувачи на литературата од сите страни на светот да се информираат за дострелите на македонската литература, пред се', преку рефератите на многубројните македонски учесници. Во оваа насока, на научните собири во странство секогаш настојувам во аналитичкиот материјал да застапам дела од македонската книжевност. Без исклучок, реакциите од страна на колегите досега биле мошне позитивни.



Македонската јавност Ве препознава и како дел од етносоставот „Баклава“. Од каде љубовта кон музиката и како ги поврзувате професионалните обврски на Филолошкиот факултет и ангажманите во „Баклава“?

- И покрај тоа што со тешкотии наоѓам време за музика, таа ми е пасија која секогаш ми дава нови идеи, ме вдахновува и за книжевно творештво и за професионалните обврски.


#
Статијата е прочитана 350 пати.

Испрати коментар

Од: nada andonovska
Датум: 19.08.2011 20:56:40
Koga e poetskata no} vo Velestovo. Data i vreme na pocetok? Ta go nema vo statijata, ili ne mozeme da go pronajdeme.

Најди! во Утрински
Култура
Концерт на Дуке Бојаџиев пред скопската публика
„Мајки“ на Манчевски во потесниот избор за „Феликс“
Сите цивилизации започнале со поезија
Нови книги

"""