Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Нови книги

„Срам“ Од Салман Ружди, „Три“, 330 страници

Романот „Срам“ е прво големо ремек-дело на славниот Салман Ружди. Во него на мајсторски начин се комбинираат историјата, уметноста, јазикот, политиката и религијата. Сместена во земја која личи, но, секако, не е реалниот Пакистан, приказната е фокусирана врз двата главни лика - едниот славен војник, а другиот расипник и плејбој. Нивните семејни трагеди�� се претвораат во политичка трагедија на цела една нација. Бајковитиот стил на Ружди на ироничен и алегоричен начин ја отсликува состојбата на Далечниот Исток, откривајќи ги вистинските, суштинските причини за политичките потреси, изблиците на тероризмот и крвавите револуции против диктаторите, кои неизбежно го обележуваат светот во кој и денес живееме. Токму затоа, Срам е еден од најчитаните и најдобро оценетите романи на Ружди.

„Игра на стаклените монистра“ Од Херман Хесе, „Табернакул“, 656 страници

Во „Игра на стаклените монистра“ е нагласена идејата дека секој човек мора да оди по својот пат, секој мора да ја следи својата судбинска трага чекор по чекор. Патот до вистината е особен за секого. Не постојат општи пристапи. Тоа е изразено и во авторовата убеденост дека не постои едно определено учење. Всушност, вистината треба да се живее, а не да се поучува.

„Целестинско пророштво“ Од Џејмс Редфилд, „Култура“, 457 страници

Станува збор за книга што се појавува еднаш во животот и засекогаш го менува постојниот поглед на светот. „Во дивините на Перу е откриен древен ракопис во кој се наоѓаат девет клучни увиди за животот – увиди што го водат човекот кон целосна духовна преродба на Земјата“. Целестинско пророштво содржи тајни што го менуваат моментно светот. Прикажувајќи древни мудрости, ни кажува како да ги поврземе настаните што ни се случуваат во животот и ни овозможува да видиме што ќе ни се случи во годините што доаѓаат! Книга која оди од рака на рака, од пријател на пријател уште од моментот кога првпат се појави во малите книжарници низ Америка. Целестинско пророштво е дело што се појави во време кога светот имаше длабока потреба да ја осознае неговата содржина. Приказната содржи авантура и откритија, но, исто така, е и водич што има моќ да го кристализира вашето сознание за тоа зошто сте тоа што сте во животот… и да ви ги насочи движењата со нова енергија и оптимизам како да чекорите во животот.

„Херојот“ Од Никола Кочовски, „Слово“, 241 страница

Кочовски припаѓа на таканаречениот „Битолски круг“ писатели и неговите дела секогаш се многу добро оценувани од критиката и читани од публиката.

Во книгата „Херојот“, Никола Кочовски објавува 21 расказ, збогатувајќи ја на тој начин македонската раскажувачка уметност. Овде Кочовски се претставува како вистински мајстор на расказот. Тоа е книга богата со теми и мотиви, богата исто така во јазикот, спокојна и сочна во стилот, книга која извира и се потпира на нашата почва и, пред се', зборува за човекот, за неговите страдања и радости, за неговите душевни и социјални драми, како во историски блиското, така и во сегашното време.


#
Статијата е прочитана 360 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Концерт на Дуке Бојаџиев пред скопската публика
Велестово е простор за уметнички аџилаци
„Мајки“ на Манчевски во потесниот избор за „Феликс“
Сите цивилизации започнале со поезија

"""