Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Концерт на Дуке Бојаџиев пред скопската публика

На 27 август во скопскиот клуб „Колосеум“, Бојаџиев ќе настапи со електроакустичен сет составен од пијано, фендер роудс и електронска опрема

По настапот на Античкиот театар во Охрид, Дуке Бојаџиев со поинаков концепт ќе настапи и пред скопската публика. Имено, на 27 август, во 23,30 часот, во скопскиот клуб „Колосеум“, Бојаџиев ќе настапи со електроакустичен сет составен од пијано, фендер роудс и ��лектронска опрема, заедно со своите долгогодишни соработници Матијас Кунцли на тапани и перкусии и Кристоф Хетиер ака Антипоп, еден од тројцата основачи на популарното француското трио „Телепоп-мјузик“.

Овој пијанист и продуцент повеќе од десет години живее и создава во Њујорк. По електронските настапи со Кирил Џајковски и ТК Вондер во 2008 година („Егзит“ во Војводина, ВИПин во Загреб, „Пиво фест“ во Белград и „Офест“ во Скопје) и соло-настапот во 2010 година во Капан-ан во Скопје, годинава го видовме во едно друго, акустично издание. Откако премиерно во преполниот Карнеги хол во Њујорк беше изведен проектот „Love is the way“, тој својот концерт за пијано и оркестар го донесе на „Охридско лето“.

Матијас Кунцли е перкусионист со светско реноме. Тој во изминатите десет години се појавува низ многубројните комерцијални проекти, албуми и филмски создавања на Бојаџиев, но во меѓувреме соработува и настапува и со ѕвездени имиња од калибарот на Моби, Лорен Хил, Јо-Јо-Ма и други светски докажани музичари. Скопскиот настап ќе биде извонредна прилика да ги видиме неговите тапанарски способности, но и неговиот виртуозен перкусионистички елемент.

Кристоф Хетиер ака Антипоп, со кого Дуке соработува изминатите пет години, е член на познатото француско трио „Телепоп-мјузик“, номинирано за наградата „Греми“ со хитот „Breathe“ во изведба на Анџела Мекласки, на што се надоврза и успешната соработка со Џенет Џексон. Како диџеј, Антипоп последните десет години го обиколува светот.

На скопскиот настап со Бојаџиев ќе чуеме дел од нивните соработки и ремикси, меѓу кои е и нумерата „Ghost girl“, од престижната компилација „Airfrance“, лиценцирана за годишната интернационална адвертајзинг-кампањата на „Пежо“ во 2009 година. Инаку, Дуке се појавува и како коавтор и копродуцент на новиот албум на „Телепоп-мјузик“ што ќе излезе кон крајот од годинава. (К.Р.)


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Велестово е простор за уметнички аџилаци
„Мајки“ на Манчевски во потесниот избор за „Феликс“
Сите цивилизации започнале со поезија
Нови книги

"""