Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

Нов успех на „Дуото Скупи“ во Париз

Оригиналното музичко „Дуо Скупи“ составено од Јета Старова-Мехмети (флејта) и композиторот Ермаљ Мехмети (виолина) продолжувајќи ја извонредната серија на концертни настапи која само во последниве две години вклучува изведби на значајни фестивали и манифестации во земјава како Охридско лето, Есенски музички свечености, Топол Културен бран и други, како и перформанси во Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово, САД и други земји, тие на 5 октомври 2010 настапија во самостоен центар во концертната сала Едмон Мишле во познатиот Меѓународен град на уметностите вп Париз. Настапот се реализираше во рамките на програмската тема на музичките активности на Центарот Музика од светот, а програмата беше составена од стари албански песни и фолклорни теми во обработка на Ермаљ Мехмети, како песните „Со убави цутови“, „Пролетен ветер“, „Кладенци“, „Марѓело“, „Еден цвет“, „Песните од мојот крај“, „Те љубам моме мое“ и „Пастирка“.

Овој настап втор по ред во Франција, како и претходниот беше топло прифатен од париската публика и доаѓа по успехот што го постигна ова дуо во настапот на светскиот музички фестивал минатата година во Рагуза, близу Рим, каде што се здоби со признанието „Distinguished Musicians“, како и статуетата Мајка Тереза, за нивните добротворни настапи во земјата и успеси. И обајцата музичари школувани во Париз, носители на исклучителна музичка дарба и работливост, во првата фаза од нивните настапи, во мошне реткото дуо – флејта и виолина, за што постои релативно малку музичка литература, настапува со обработени класични дела, како од класичните композитори Хајдн, Пјацола, Бах, Моцарт и други. Својот незаборавен концерт пред скопската публика во Културно – информативниот центар во Скопје, нивниот репертоар го проширија и со дела на композиторот Девиен, композитор од периодот на класицизмот, кој е еден од ретките кој компонирал за флејта и виолина, како и, како и со дела од традиционалната албанска музика. Овие надарени инструменталисти, според композиторот Ермаљ Мехмети, се во потрага по нови инвентивни созвучја кои ќе бидат прифатливи за човековото уво. Како албанскиот, така и во другите балкански фолклори, се познати со драгоцени музички бисери, за чија потрага е потребно љубов, напорна работа и волја за истражување. И тие, секако, остануваат трајни предизвици за овие наши реномирани музичари. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар

Од: Petar
Датум: 13.10.2010 12:13:11
Па ова е нечуено. Ваков аматеризам, кој со државни пари за каузата албанска се шири не само во земјава туку и пошироко е УЖАС!!! Да потсетиме, спругот е брат на Ермира мехмети, портпаролот на ДУИ, а пак, Старова е познато презиме години наназад. ПРАШАЊЕ: Дали сте ги слушнале овие млади луќе досега?! Врз основа на што пишувате?! Меѓу музичарите сите добро знаеме како свират: фалш!!! Но само напред, со пари од Министерството за култура има за сите кои се неквалитет, а имаат длабоки партиски и роднински врски. Тоа сме ние. Тоа е наша Македонија! Непотизам, политиканство, шунд, медиокритетство...
Од: Иван
Датум: 13.10.2010 18:00:39
Честитки за дуото Старова - Мехмети! Ги слушав во Салонот 19 19 во Скопје, и се надевам дека наскоро ќе имам можност да ги слушам повторно.
Од: Ah makedonci
Датум: 13.10.2010 20:31:55
Poraka do Petar: ah makedonci sami ke se izedeme! A ti Petar so sigurnost znaesh deka Duoto Skupi se vo Pariz so pari od Ministerstvo? Gluposti! Eve jas na primer znam deka na sopstven troshok se vo Pariz. Vredni se, rabotat, se trudat, patuvaat. Jas licno gi imam slushnato ( a bi posocila deka ne sum rodnina na ni eden on niv dvajca) smetam deka ona shto go rabotat e vo red. A za novinarite dovolno e da otvorat You tube za da gi slushnat. Shto e shund? Klasicna prerabotka na folklorni pesni??? Ne bi rekla!!! Dali prerabotkata na Vlatko Stefanovski na primer na "Uci me majko karaj me e shund"?? A tie shto se "kvalitetnite" mozat da se potrudat i da si naogjaat sami koncerti kako shto si naogjaat "Duo Skupi". Sekoja cest na Ggja Starova i G. Mehmeti za rabotata i trudot!
Од: od fr.
Датум: 13.10.2010 20:42:27
Za umetnickata vrednost na ovie dvaica mladi ne bi mozel nisto da kazam. Nivnoto familjarno pedigre go procitav vo pogornite redovi, pa nivniot uspeh ne me iznenaduva koga ke se dodade deka vo Makedonskata ambasada vo Pariz, nema diplomat Makedonec; od ambasadorot do konzulot,sose sovetnikot i vojniot atashe!!
Од: mitre
Датум: 13.10.2010 21:31:48
Tokmu taka Petar. Mnogu losho zvuchi ova duo. Daleku od bilo kakov rpofesionalizam. No preziminjata kaj nas vrvat. Nekoj moze da se utepa od vezbanje i nema da moze da dojde do malo mestence pod sonceto... Tezok nepotizam vladee vo muzichkata fela.
Од: Гоце
Датум: 14.10.2010 11:27:04
Уживам во нивните изведби и ги посетувам нивните концерти секогаш кога настапуваат во Скопје. Оние понижувачки коментари говорат колку ископмплексирани и завидливи луѓе има меѓу музичарите во Македонија. Зарем тие сто имаат родители или браќа и сестри кои се на функција треба да се откажат од музицирање? На Јета Старова и Ермаљ Мехмети им посакувам многу настапи во светот!

Најди! во Утрински
Култура
До кога на маргините на светската архитектура?
Со „Пријателство“ стартува Фестивалот на германски филм
Елзесер на фестивал за современа музика во Детмолд
Изложба на Мирослав Стојановиќ-Шуки






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia