Елзесер на фестивал за современа музика во Детмолд
Македонската пијанистка Хајди Елзесер, која веќе подолго време живее и работи во Детмолд, Германија, во септември со повеќе настапи учествуваше со нејзиниот квартет за 2 пијана и 2 перкусионисти „Aetwork Ensemble“ на првиот фестивал за современа музика во истиот град . Тие изведоа една светска премиера композицијата „Резонанци“ напишана специјално за нивниот квартет од страна на композиторот и професор на детмолдската музичка академија – проф. Мартин Кристоф Редел, чиишто дела ги издава познатата едиција за ноти „Boosec и Хањкеy“. Покрај „Резонанци“ тие изведоа дела за истиот состав од Н. Ј. Живковиќ, Г. Лигети за две пијана и една соло-пијано композиција на младиот композитор Феликс Јансен. На оваа манифестација, Хајди Елзесер за прв пат се претстави и со една серија фотографии на детали од манускрипт – ноти од композициите кои на овој фестивал ја доживеаја нивната праизведба.
Во моментов работи на повеќе различни проекти: снимање на два компакт дискови, како и учество на кон��ерт организиран од музичката академија во Детмолд, наречен „Песни без граници“ на кој меѓу другите композиции ќе биде изведена и македонската песна „ Јовано, Јованке“ во класична преработка за оркестар од страна на германскиот кларинетист Ф. Штубенфол. (Н.П.) |