Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Култура

До кога на маргините на светската архитектура?

За да тече трагедијата што му се случува на Скопје, се продолжува со понатамошна узурпација на крајбрежната зона

Георги Константиновски

Проектирањето на градовите претставува временска уметност и вештина. На ист начин како и едно архитектонско дело, и градот е конструкција само во поголема мерка. Тој бил и сега е предмет кој може да се согледа преку подолги временски периоди. Секој жител на една урбана средина има свој личен однос кон одделни делови од својот град. Неговата претстава за нив е натопена со интимни чувства и симболички значења. Превземање чекор за урбанистичка промена на еден постоечки амбиент во помала или поголема мерка бара одговорен однос од архитектите. Таа промена секако треба да се јави како плод на вистински потреби за да се направи животот на граѓаните похуман и посреќен. Тоа доаѓа на предлог на стручни лица од повеќе области на ��ауката. Тука вообичаено се прави тим составен од урбанисти, архитекти, економисти, правници, уметници од областа на просторната креација-скулптори, хортикултурци, екологисти, општествени работници…

Секако, покрај претходните бројни анализи како од аспект на економската оправданост на тие промени, така и од аспект на стручни анализи за сообраќајот, профилот на улиците, лесниот пристап до објектите, висината на објектите, нивната ориентација, слободните визури и секако, естетската издржаност на предложеното решение. Пред да се пристапи кон разгледување на решението, потребно е студиозно прибирање на статистички податоци во поширока смисла на зборот.

Особен акцент треба да се стави врз тродимензионалното проектирање со цел да се согледа полесно и појасно можноста за најцелосно ползување на површините. Со предлогот за промена на урбанистичкото решение, треба да се предвидат сите евентуални последици кои би можеле да влијаат негативно врз постојниот комплекс, кој со пиетет треба бездруго да биде сочуван. Посебно внимание во овие анализи подготвени од урбанистите коишто ја носат најголемата одговорност, треба да се посвети на меѓусебниот однос на постоечките објекти и објектите што се предлагаат да го урбанизираат предметниот простор!

Времето што минува остава траги коишто не' опоменуваат! Но, времето што минува исто така остава траги и од човековиот подем. Времето на негативните појави останува запишано во историјата, но времето на подемот почнува со создавањето на човечкиот род и тоа е постојан негов придружник. Подемот на човекот се јавува како резултат на неговиот креативен дух. Колку повеќе една земја поседува креативни луѓе, толку е и поголем нејзиниот подем. Не постои подем таму каде што се живее со минатото. Минатото им припаѓа на оние коишто веќе го напуштиле овој свет. Нивното творештвото и нивните дела можат да не' инспирираат, но во ниеден случај не смеат да претставуваат нивни копии!

Сега после полни две години ќе го повторам моето размислување од 2008 година кога напишав: „И колку многу да се чувствувам среќен што мојот живот го посветив за афирмацијата на македонската архитектура, толку повеќе се чувствувам навреден и несреќен од она што се случува на нејзиното поле, посебно во овие последни две години, во 2007- 08!“

Ете, денес во 2010 после две поминати години се случи најлошото што можеше да му се направи на нашиот главен град Скопје.

На една архитектура со кристално чисти волумени во коишто владеат законите на современата архитектура за ред, ритам и пропорции со доследно спроведување на колонада од столбови којашто се јавува како карактеристичен архитектонски белег во крајбрежни речни и езерски зони, почнувајќи од објектот „Ибни Пајко“ (1937) од архитект Глигорие Томиќ, преку објектот на ДОЗ (Стопанска банка – 1960) од арх. Душан Пецовски и продолжувајќи во објектот на Комуналната банка (Комерцијална банка - 1955), од архитект Славко Брезовски, и се испречува објект кој не само што ја негира таа архитектура од времето на модерната, туку на најбезобзирен и крајно примитивен начин, се испречува објект кој не само што не се јавува како одраз на времето во коешто живееме, туку претставува најголемо архитектонско зло за узурпација на рекреативната зона на реката Вардар, која му припаѓа на секој граѓанин, не само на Скопје, туку и на секој посетител на градот од било каде и да доаѓа.

Тука е неизбежно прашањето, кој беше толку „мудар“ да гради објект на самиот заштитен ѕид од Вардар и комплетно да го блокира објектот на Комерцијалната банка? Кој е тој толку силен и со кое право му го одзема видикот на овој објект? Кои се тие луѓе и со каква совест ќе уживаат во нивниот новоизграден објект, во несреќата што им ја нанесуваат на вработените од блокираните објекти?

Кој е тој толку „мудар“ што главниот влез во објектот го ориентира токму над коритото на Вардар?. Кој е тој толку „видовит“ што проектира најскап пристап во светски рамки преку мост за директен приод во главниот влез на објектот?. Кој е тој толку интелигентен што ги присилува вработените да мораат да тргнуваат од кејот покрај Трговскиот центар и преку мостот да влегуваат во објектот?. Кој е тој толку голем „планер“ кој за оваа толку сложена институција, предвидува под објектот паркинг за 30-тина возила?

Кој е тој „голем урбанист“ којшто реката Вардар сака да ја претвори во градски канал? Кој е тој толку „голем експерт“ кој во еден и ист објект обединува три институции коишто треба да бидат целосно издвоени во сопствени габарити и наполно автономни!?. Кој е тој…?

За да тече трагедијата што му се случува на Скопје, се продолжува со понатамошна узурпација на крајбрежната зона со административни објекти, со оддамна изумрените стилови на барокот, класицизмот, неокласицизмот, романтизмот и неоромантизмот, рококо, …?).

Од урбанистичка гледна точка, во крајбрежната зона на реката Вардар можат да се предвидуваат само објекти од рекреативен карактер и тоа решавани како приземни габарити, со цел да се почувствува и зачува како зеницата во очите единствениот благодет што му го поклонила природата на Скопје. Тоа го знаеја архитектите што го градеа тој дел од брегот, тоа го знаеја авторите на културниот центар на градот. Тоа не го знаат, не само тие што по линија на власт го прават овој тежок престап, туку што е најлошо, тоа го кумуваат „урбанистите“ на кои професионалната етика им е туѓа и на кои треба трајно да им се одземе правото да се занимаваат со таа дејност. Тука секако предничат општинските архитекти, послушни машички во рацете на недоволно образованите општински челници!

Спроведената анкета колку научно и сериозно се однесуваат одговорните служби за толку деликатна зона како што е т.н. „Мал Ринг“, може да се согледа од неколку аспекти:

1. Времето избрано за изјаснување на граѓаните во анкетниот лист (од 26.07 2010 до 11.08 2010) е темпирано кога градот поради годишните одмори е празен;

2. Јавната анкета се одржува во несоодветна просторија, односно како да се бара изјаснување за доделување на локација за киоск за продавање на таксени марки;

3. Урбанистот со цела сериозност им објаснува на архитектите за промената, како овие за прв пат во животот да слушаат „стручно“ објаснување;

4. Граѓаните кои дошле на анкетата повеќе од љубопитство, сега во целина го „разбраа“ објаснувањето онака како да сите завршиле архитектура;

5. Ни трага од идеите на големиот Кензо Танге…

6,7,8…

Организаторите на Јавната анкета по инерција отпечатија и анкетни листови, за чиј текст не давам коментар, а на кои стои: „Општина Центар организирана Јавна анкета, по Нацртот на деталниот урбанистички план со назив на урбанистичкиот зафат „Нацрт на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план централно градско подрачје на Град Скопје „Мал Ринг“, дел од Блок 1, Блок 4, Блок 5 и Блок 7 Општина Центар – Скопје“.

Денеска, во 21 век на овој начин да се претставуваат толку значајни урбанистички потфати е повеќе од срамно! Покрај сите недостатоци на темпираното време, несоодветната просторија за изложување и бедното презентирање во духот „мижи да те лажам“, се поставува прашањето зошто не се направи макета во М-1:500 за актуелната територија на Малиот Ринг? Зошто анкетата не се одржа во голема сала во присуство на поголем број архитекти? Зошто се избегнува мислењето на архитектите?

Денес никаде во светот не се презентираат дури и најмалите урбанистичко-архитектонски зафати без макета (модел)! Во оваа насока прашувам, дали некој видел макети за оние чуда што се случуваат во зоната под Кале, се' до брегот на Вардар? Ако постоеше макета, немаше да се дозволи Кале, како еден од најзначајните симболи на градот да исчезне од погледите од плоштадот! Ако постоеше макета за објектот на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј и беше презентирана пред архитектите и граѓанството, тој објект не само што ќе служеше за потсмев, туку без двоумење ќе беше отфрлен!

И така јас воопшто не се тревожам за глупостите што ги прават политичарите, но се чувствувам многу засегнат и навреден како архитект кој секогаш ќе црвенее од срам од сето она што е изградено и се планира да се гради по коритото на раката Вардар! Верувам дека ова чувство ќе го споделат со мене сите граѓани коишто му го мислат доброто на оваа држава!

Свесен сум дека во очите на светската јавност ќе бидеме уникатна држава на општо исмејување! Дали тоа го заслужуваме и дали тоа треба да го дозволиме?



(Aвторот е дописен член на Словенечката академија на науките и уметностите

(САЗУ), член на на Македонската академија на архитектите при асоцијацијата

на архитектите на Македонија)


#
Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар

Од: Artemida
Датум: 13.10.2010 12:19:55
Sekoja cest profesore, sekoj zbor Vi e na mesto i apsolutno ste vo pravo!
Од: Oskar
Датум: 13.10.2010 13:15:51
G-dine Konstatinovski, sosema ste vo pravo. Zalosno e sto vo Makedonija ne se najde sila kategpricno da se sprotivstavi na vakvoto nestrucno i ne dokraj zakonsko ureduvanje na centarot na glavniot grad. Ovde naj golemata vina ja gledam vo pasivniot odnos na felata na koja i pripaga(te)me. Dosegasnite reakcii na arhitektite se mlaki, bez zelba za istrajnost vo dokazuvanjeto na svoite stavovi, malubrojni i malodusni. Zaprepastuvacki e stavot na Vladata, Gradot i O. Centar, za neprifakanje na dijalog i mislenja na strucnjaci za ovaa problematika koi izrazuvaa somnez i negoduvanje kon proektot Skopje 2014.
Од: dime
Датум: 13.10.2010 18:40:57
SEKOJA CEST PROFESORE NA HRABROSTA I DOBLESTA DA VAKA JAVNO,KONSTRUKTIVNO,STRUCNO I ANALITICKI MU PRIJDETE NA OVA BEZOBRAZIE KOE MU SE SLUCUVA NA NASIOT GRAD...VASETO OBRAZOVANIE I PRED SE DOMASNO VOSPITUVANJE VO DENESNO VREME ZA ZAL SE RETKOST I NEZNAM KOJ KE BIDE VO MOZNOST TEXTOT REALNO DA GO SVATI!?
Од: Nikola
Датум: 14.10.2010 08:28:53
Ova sto se slucuva so "Skopje 2014" e samo odraz na kompleksot na pomala vrednost na Gruevski. Dali moze so drzavata da vladeat ludje so kompleksi? Ne, toa e mnogu opasna sostojba za drzavata! No, makedoncite se plaslivi ludje, ja cuvaat kuburata "za sekoj slucaj". Profesore, kako Vas se malku i toa e problemot vo makedonija. Nema dovolno kriticna masa za demokratija. A vlasta se sluzi so se za da gi leci svoite kompleksi. Svedok sum deka na golemo ministerkata Kancevska Milevska lobira eden skulptor da dobie ugledna drzavna nagrada za da zamolci za spomenicite. Najnapred toj bese kriticen kon spomenicite, no sega e se poblag. Taka se razresuvaat diskusiite kaj nas, so zamolcuvanje, so ponuda sto ne moze da se odbie.

Најди! во Утрински
Култура
Нов успех на „Дуото Скупи“ во Париз
Со „Пријателство“ стартува Фестивалот на германски филм
Елзесер на фестивал за современа музика во Детмолд
Изложба на Мирослав Стојановиќ-Шуки






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia