Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

Монако

Најскапиот стан на светот

Британските трговци со недвижности, Кристијан и Ник Кенди, ја направиле зделката на столетието кога пред 10 години од вдовицата на убиениот банкар Едмонд Сафра за 12 милиони евра купиле пентхаус во Монако. Успешната двојка го продале станот од 5.000 квадратни метри пред неколку дена на неименуван шеик за 240 милиони евра и со таа трансакција заработиле 228 милиони евра. Освен што оствариле енормна заработувачка, Кристијан и Ник ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи го продале најскапиот стан на светот.

Станот се наоѓа во самото средиште на Монако, со прекрасен поглед на пристаништето, на покривот има тераса со базен, а во внатрешноста библиотека, киносала, салон за билијард, кралски опремена трпезарија и сала за танцување. Станот е од периодот на „бел епок“, стар е 97 години и е уреден во тој дух.


#
Статијата е прочитана 1747 пати.

Испрати коментар

Од: nebitno
Датум: 16.09.2010 15:54:46
No koment, sto da se kaze,se e kazano, nie nemozeme nitu da zamislime kako izgleda,a ne da imame pretstava sto da komentirame, izlisno e se

Најди! во Утрински
Забава
Игор Митровиќ освои прва награда на БИФ во Сандански
Ќе го видиме ли нашиот премиер како ги гушка ќерките во јавност?
Хит-текстописец во Бугарија
Фолк-фест „Филиграни“ по седумнаесетти пат
„Њујоркер“ за жртвите во Пакистан
Сериозен за купувањето на „Арсенал“