Заточеници во сообраќајот
Возачите во главниот град на ЕУ минуваат три дена годишно заглавени во сообраќајниот метеж
БРИСЕЛ - Главниот град на ЕУ е петтиот најгустиот град во северниот дел на Европа каде што возачите во просек трошат 65 часа годишно заглавени во сообраќајниот метеж, според најновото истражување од американската софтверска компанија „Инрикс“.
Истражувањето, што се темели врз ГПС-податоци собрани во земјите на Бенелукс, Франција, Германија и Велика Британија во 2009 година, покажува дека Утрехт во Холандија (75 часа) е најлошото место во регионот да се биде возач. Манчестер во Велика Британија е на второто место (72 часа), по него следуваат Париз (70 часа) и холандскиот град Арнхем (67 часа). Амстердам го дели петтото место со Брисел. Антверп, Белфаст, Њукасл и Хаг, исто така, ја имаат надминато границата од 60 часови.
Лондон (54 часа) и Берлин (35 часа) имаат релативно добар резултат. Повеќето од француските градови се наоѓаат во 20 до 30-часовната зона имаат најдобри резултати. Многу британски и германски градови имаат тенденција да се придружат во 40 до 60-часовната зона.
Фокусирајќи се на Брисел, „Инрикс“ вели дека најлошото време да се биде на патиштата е меѓу 8 и 9 часот изутрина во понеделник наутро во кружниот пат околу градот, кој го користат илјадниците лица вработени во институциите на ЕУ од зелениот појас околу градот.
Во регионот на Бенелукс, генерално, најлошо време да се вози е во четврток наутро, а најдобро време е петок изутрина. „Со патишта во Белгија, кои се во сообраќаен метеж во просек по 26 часа неделно низ најтесните грла во регионот, сообраќајот продолжува да има големо влијание на европската мобилност, економијата и животната средина“, изјави европскиот шеф на „Инрикс“, Ханс Пувогел. (ЕУ обсервер)
|