Ленин ја подарил Арарат на Ататурк
Истанбул – „Фајненшел тајмс“ објави дека планината Агра, нарекувана Арарат, во Ерменија, Ленин му ја подарил на Ататурк во 1921 година. Планината се наоѓа во денешна Турција, до границата со Ерменија, и е еден од големите симболи на Ерменците.
Во статијата во весникот, со наслов „Ерменија се отвора за посетители“, се зборува за развојот на туризмот во таа држава. Авторот на текстот, Левонијан Коле, во еден параграф пишува: „Планината Агра, која се наоѓа на турско-ерменската граница, Ленин му ја подари на Ататурк во 1921 година“. Ништо не се појаснува за конкретниот извор за ваквото тврдење што широко го анализираа турските медиуми.
На планината Арарат, местото каде што, според Стариот завет, е арката на Ное. Во потрага по бродот, со кој се спасило човештвото, многубројни истражувачи организирале експедиции таму. Кинеска експедиција неодамна објави оти на планината пронашла остатоци од дрвен брод за кој веруваат дека е библиската арка на Ное. |