Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

„Дубина“ утре ќе го извлекува „Илинден“

За извлекувањето на бродот од Охридско Езеро ќе се користи техниката со надувани балони

ОХРИД - Хрватската фирма „Дубина“ од Сплит ќе го извлекува потонатиот брод „Илинден“ во Охрид. Ваква одлука донело Министерството за транспорт и врски, а вчера ја потврди и Весна Кичеец, истражен судија во Основниот суд во Охрид. Според догoворот со претставникот на фирмата „Дубина“, кој во неделата бил во Охрид, опремата со авион треба да се донесе денеска, а бродот ќе се извлeкува, најверојатно, утре доколку има погодни временски прилики.

Деталите од договорот што го склучиле Министерството за транспорт и врски и сплитската фирма не се познати. Јавно не е соопштен износот на договорот и дали се платени парите. Необјаснети се и шпекулациите дека целиот зафат ќе чини околу 30.000 евра, износ за кој според нашите законски прописи треба да се распише тендер и работата да не се договара со непосредна спогодба.

Според најавите, при извлекувањето на бродот „Илинден“ ќе присуствуваат истражен судија, јавен обвинител и членови на Мешовитата комисија, составена од по тројца експерти од Македонија, Бугарија и од Хрватска. По прегледот на бродот, експертската комисија треба да направи извештај за можните причини за несреќата и да го достави до истражниот судија. Не се исклучува можноста при увидот да бидат вклучени и експерти од Машинскиот факултет во Скопје, кои треба да дадат мислење за техничката состојба на бродот.

При извлекувањето на бродот „Илинден“, кој потона на 5 септември, при што загинаа 15 бугарски туристи, потврдено е дека ќе се користи техниката со надувани балони. Бродот се' уште се наоѓа на околу 200 метри од брегот кај автокампот „Елешец“ на длабочина од шест до седум метри и засега не се знае дали на суво ќе биде извлечен кај Елешец или на некоја друга локација.

Текот на истрагата за потонувањето на „Илинден“, што се' уште е топ-ема во македонските и бугарските медиуми, ќе зависи од времето потребно комисијата и експертите да го состават извештајот и да му го предадат на истражниот судија. Во истрагата, како што ветија во неделата, помош нудат и луѓе од новоформираното Здружение на граѓани од Охрид, кое се залага за фер истрага без политички и други притисоци. (С. И.)

 


#
Статијата е прочитана 936 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
Едиторијал
Нина Нинеска-Фиданоска
Мислења
Петар Арсовски
Мислења
Мимоза Ристова

Свет: фото сторија
Сиднеј прекриен со црвен прав
ЕЛЕМ ремонтира централи, езерото Матка се уништува