Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Четиридневно „Приватно јавно заземање простор“

Од вечерва до 12 јуни во Скопје ќе се реализира проект што покренува прашања за критичкото присвојување на градот преку културни дејства

Од денеска до 12 јуни, на различни локации на отворено во Скопје, во организација на НВО „Контрапункт“ ќе се реализира четиридневен проект кој покренува прашања за критичкот�� присвојување на Градот преку културни дејства. Неговото отворање со прошетка е закажано за вечерва во 19 часот пред просториите на поранешниот Културен центар „Точка“, (зад Соборниот храм „Св. Климент Охридски“), а во 21 часот зад Музејот на град Скопје ќе настапи хорот „Распеани скопјани“.

Четири дена со различни проекти ќе учествуваат уметници, предавачи и актери од културните сцени од Македонија, Србија, Хрватска, Косово и Германија, над 40 лица, културни работници со различни профили на работа: визуелни уметници, музичари, теоретичари, куратори... Планирано е одржување на уметнички интервенции во урбаната средина, предавања и дискусии за Градот, како и пет прошетки низ Скопје со водичи кои се истовремено и негови жител и го даваат својот личен поглед на градот.

Настанот се реализира со поддршка на Гете институтот - Скопје и фондацијата „Роберт Бош“.

Граѓаните меѓу најавените проекти и гости ќе можат да ги видат и да ги чујат проектите: „Син ѕид црвена врата“ на Албан Муја и Ил Читаку (Косово), „Утописки институт“ на Кристофер Циглер (Германија), „9 Ментални мапи Скопје 2011“ на Ивана Сиџимовска (Македонија/Германија), „Дупка во целината“ на Боба Мирјана - Стојадиновиќ (Србија/Бугарија), „Приватна забава“ на Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), „Концерт од 2 секунди“, Дисфилхармонија (Македонија), „ФУТУРЕПАСТ“ на Божидар Катиќ (Хрватска), „С.О.С. за маалските симболи и приказни’ на Славица Јанешлиева (Македонија), како и хорот „Распеани Скопјани“.

Утре во 11 часот во Градскиот парк кај фонтаната ќе биде започне прошетката „С.О.С. за маалските симболи и приказни“ на Славица Јанешлиева, а за 17,30 часот, на плоштадот пред поранешното кино „Култура“ е најавена прошетка под наслов „Кино Култура“ на Влатко Галевски. Вечерта во 19,30 часот ќе се одвива предавањето „Борба за правото на („креативен“) град“, на Јоханес Нови, на локација кај Македонска пошта, „Пошта 1“, а во 21 часот во Порта Буњаковец (помеѓу „Балет“ и „Магор“) ќе биде реализиран проектот „Домашна забава“ на Ѓорѓе Јовановиќ.

„Во последно време различните градежни проекти го сменија лицето на Скопје. Новите згради и статуи поттикнаа дискусии за идентитетот и урбаноста. Пред себе си ги поставивме прашањата: кои се просторот и одговорноста на уметноста и на културата во ваквата структура? Каков потенцијал има културата за аналитички и критички коментари? Културата го создава идентитетот на градот и е важен критериум за вклученост и учество. Како може културата да придонесе во креирањето на јавниот простор, предлагајќи нови идеи за тоа како да се искористат приватниот и јавниот простор? Каков живот би можело да постои во градот ако не се исполнат овие предуслови?“, се дел од прашањата кои во ова прилика ги отвораат авторските на текстот во планираниот каталог, Елена Вељановска и Вибке Штадлер.

Тие потенцираат дека „Приватно - јавно“ го обликува јавниот простор преку нови визии, промовира соработка помеѓу неговите жители и гостите, наоѓа нови, креативни модели на живеење во еден град и отвора нови можности за негово осознавање. „Овој настан се обидува да ни даде време да застанеме, да размислиме и подобро да го запознаеме градот“, велат тие. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 466 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Акварели на Кончалиев во чест на Белогаски
Секоја генерација има своја надеж
Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“
Ирена Дурлевиќ изложува во „Спона“
Промоција на книгата „Документ 103“ на Тина Иванова
Нови книги
„Биоскопија“ - нов албум на Елена Христова и Горан Трајкоски

"""