Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Нови книги

„Историја на сефардските Евреи“ од Естер Бенбаса и Арон Родриг, „Слово“, 490 страници

Книгата ги покрива сите пет века, од 1492 година кога сефардските Евреи се прогонети од Шпанија, до крајот на Втората светска војна. Студијата зборува опширно пред се за животот на Евреите на Балканот, вклучително и во Македонија. Посебно е значаен Солун како центар на една од најголемите сефардски заедници. Во книгата се посочува дека годината 1492 претставува капитална пресвртница во историјата на еврејскиот народ. Изгонот на најпрочуената група средновековни Евреи - Сефардите, требало да стави крај на повеќе од илјадагодишното нивно присуство на Иберискиот Полуостров, присуство обележано со општ напредок и културен процут. По прогонот, Сефардите се распостилаат насекаде околу медитеранскиот басен, а најмногу во тогашната Отоманска Империја, вклучително и во Македонија и Ориентот станува јудео-ибериско културно огниште.

„Понекогаш е јануари среде лето“ од Алеш Штегер, „Блесок“, 182 страници

Поинакво е се. И ти си поинаков. Како кога ќе помислиш, додека жеден се будиш среде ноќ: само вратата ќе ја отворам, зад неа е мојата кујна, моите чаеви. Вратата се отвора на друго место, во простор во кој не сакаш да се разбудиш. И тоа е soroche, за кое пишува Алеш Штегер. Да почнеш, одеднаш, чудно да мислиш, да чувствуваш, да зборуваш, да постапуваш. Тогаш посакуваш дома. Секако, кога ќе стигнеш дома, домот е сменет, зашто патувајќи и ти си се променил во друг (поинаков) човек. Подобар, полош? Како затоа да си тргнал на пат, или не? Или само зашто на твојот дом тоа му недостасувало, па целиот свет не може да го наполни? А се менуваш лесно, одеднаш тоа го чувствуваш, од страшна оддалеченост се гледаш себеси во различни доба на животот, во мугрите на детството, во зрелоста под инакво светло. И тоа е soriche. Најстрашното soroche е враќањето меѓу своите предмети, во својот простор, во кој стапуваш како туѓинец. Тешко се одомаќуваш. Нели, Алеш?

„Пеколен портокал“ од Ентони Бурџис, „Три“, 241 страница

Ремек-делото на Ентони Бурџис, „Пеколен портокал“ е сурова и застрашувачка приказна за темната страна на човекот и модерното општество, за озогласените деструктивни банди составени од млади луѓе кои штом падне мрак беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат си што ќе им се најде на патот, за новите методи на лечење на затворениците со неконвенционални шок-терапии што треба да го „одвикнат“ престапникот од вршење насилство. Бурџис експлицитно го опишува она што самиот ќе го нарече ултра- насилство, а бесчувствителното (или подобро безумно) општеството чија визија ја дава си поигрува со судбината на скромниот раскажувач и „друзја“ Алекс, чии страсти се дрогата, сексот, насилството и - „Деветката“ на Бетовен.

„Аутизам и первазивни развојни нарушувања“ од Владимир Е. Трајковски, самостојно издание, 412 страници

Учебникот содржи 14 поглавја во кои читателот може детално да се запознае со следните содржини: историјат, дефиниција, класификација на аутизмот, епидемиолошки карактеристики, етиологија и патогенеза, невропатолошки и неврорадиолошки испитувања, клинички карактеристики, дијагноза и диференцијална дијагноза, третман, исход, медицински состојби, сексуалност, Аспергер синдром, Ретт синдром, детско дезинтегративно нарушување и первазивни развојни нарушувања, неспецифицирани на друг начин.




#
Статијата е прочитана 425 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Акварели на Кончалиев во чест на Белогаски
Секоја генерација има своја надеж
Четиридневно „Приватно јавно заземање простор“
Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“
Ирена Дурлевиќ изложува во „Спона“
Промоција на книгата „Документ 103“ на Тина Иванова
„Биоскопија“ - нов албум на Елена Христова и Горан Трајкоски

"""