Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

„Биоскопија“ - нов албум на Елена Христова и Горан Трајкоски

Новиот проект на двајцата истакнати музичари излезе под капата на „Скопски џез-фестивал“

Вокалистката на етно-групата „Баклава“, Елена Христова и Горан Трајкоски (вокалистот на екс „Анастасија“, „Мизар“, „Падот на Византија“), направија заеднички албум, кој го потпишуваат под име��о „Биоскопија“. Вчера во артклубот „Менада“, ова звучно парче на двајцата истакнати македонски музичари издадено под капата на „Скопскиот џез-фестивал“, ја доживеа својата промоција.

„Биоскопија“ носи 14 композиции, традиционални македонски, испеани од Елена Христова, која го направи и изборот, а нивниот автентичен аранжман е на Трајкоски.

„Композициите сместени на албумот се на Елена. Таа одамна ги имала во својата ’фиока‘, и веќе беа испеани во демо верзија. Ми ги даде во форма на мп3, и јас потоа така ги работев, врз база на нејзиниот глас. Се разбира, за потребите на снимањето на албумот потоа беа препеани. За да ги спакувам во некој формат ги менував и ритмички и хармонски“, вели Горан Трајкоски.

На албумот „Биоскопија“ гостуваат Марија Ѓаковска - виолина, Игор Василев - Новоградска - контрабас, Дејан Теодосиевски - виолончело и Анастасиј Јоану - кларинет. Снимен е во студиото „Тра-ла-ла“, а дизајнот на опаковката е на Деан и Љубиша Петровски. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Акварели на Кончалиев во чест на Белогаски
Секоја генерација има своја надеж
Четиридневно „Приватно јавно заземање простор“
Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“
Ирена Дурлевиќ изложува во „Спона“
Промоција на книгата „Документ 103“ на Тина Иванова
Нови книги

"""