Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Акварели на Кончалиев во чест на Белогаски

По повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на академскиот сликар Љубомир Белогаски и 20 години од формирањето на Галеријата при Музејот на град Скопје што го носи неговото име, вечерва во 20 часот во Галеријата ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Бранко Кончалиев од Струмица.

Ова е трета изложба на д��машни современи автори организирана во сеќавање и пиетет кон личноста и делото на Белогаски, врвниот мајстор на акварелот, на која Кончалиев ќе се претстави со 20 акварели. Делата се со различни мотиви и засебен ликовен јазик и пристап во третирањето на оваа ликовна техника.

Бранко Кончалиев, кој живее и работи во Струмица, се смета за еден од ретките автори што останале доследно верни на акварелот, за што говори и фактот на негово долгогодишно негување на оваа ликовна техника.

Роден е во 1949 година, дипломирал во 1970 година на Педагошката академија во Скопје, а како ликовен педагог работел 38 години во средни и основни училишта. Досега реализирал 15 самостојни и над 50 групни изложби. Учесник е во работата на повеќе локални и меѓународни ликовни колонии во земјата и странство. Член е на ДЛУС од 1976 година. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 389 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Секоја генерација има своја надеж
Четиридневно „Приватно јавно заземање простор“
Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“
Ирена Дурлевиќ изложува во „Спона“
Промоција на книгата „Документ 103“ на Тина Иванова
Нови книги
„Биоскопија“ - нов албум на Елена Христова и Горан Трајкоски

"""