Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Култура

Промоција на книгата „Документ 103“ на Тина Иванова

Во Клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечерва во 20 часот по повод одбележувањето 20 години од постоењето на Музичкото радио Канал 103 ќе се промовира книгата „Документ 103“ – публицистички труд на Тина Иванова, музиколог и новинар.

„Документ 103“ е сведоштво: 20 години Стотројка на 200 страници. Оваа кни��а е првиот отпечаток на субјективни судови за објективното дведецениско егзистирање на култната скопска Стотројка. За раѓањето, почетоците, неговото зреење. За ѕвездените мигови на Канал 103, за падовите и за новите почетоци. За отпорот, за борбата на стотројкашите и фановите со противниците на радиото, со системот... „Документ 103“ сведочи за турбуленциите и за убавите мигови на ова радио, кое со невиден ентузијазам на сите негови креатори, од идеја прерасна во културно движење.

Содржините во овој публицистички труд се сведоштва на авторката како и на многу некогашни и сегашни членови на радиото: Ангела Јовковска, Александар Станковски, Јован Миовски, Виктор Рубен, Игор Иванов, Горан Путица, Кети Велјановска, Зоја Бузалковска, Јане Миљовски, Пеце Талевски, Диме Игњатов, Љупчо Јолевски и многу други.

Тина Иванова (1976) е музиколог и музички критичар. Изминативе 12 години работи како музички новинар во „Утрински весник“, а во последниве пет е уредник на Културната рубрика. Нејзини текстови се објавувани во повеќе македонски списанија. Пред „Утрински весник“, работи во Македонско радио во одделот за класична музика, како и во музичкото радио Канал 103. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 445 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Акварели на Кончалиев во чест на Белогаски
Секоја генерација има своја надеж
Четиридневно „Приватно јавно заземање простор“
Матеја Матевски добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“
Ирена Дурлевиќ изложува во „Спона“
Нови книги
„Биоскопија“ - нов албум на Елена Христова и Горан Трајкоски

"""