Најглупави изјави во 2010 година
Кога познатите личности ќе отворат уста за да кажат нешто, обично, ги слушаме. Но, постојат и ситуации во кои се смееме. Неколку ѕвезди од светски ранг особено се истакнаа во 2010 година, правејќи од себе предмет на потсмев, поради исклучително глупави изјави.
Принс
Легендарниот музичар Принс сигурно себеси на врат си ги навлече музичките продуценти, ѕвездите, светските лидери, како и обичниот народ, кога во почетокот на годината изјави дека деновите на Интернетот се одбројани.
„Готово е со Интернетот. Не гледам зошто својата музика да му ја дадам на ’Ајтјунс‘, или кој било друг. Не сакаат да ми платат однапред за тоа, а потоа се лутат кога не можат да добијат што сакаат“,- „пророчки“ изјавил Принс.
Пинк
Минатиот месец поп-ѕвездата јавно ги поддржа родителите што ги тепаат своите деца и го покажа своето гледање на дисциплината. Инаку Пинк е бремена, па би било добро кога детето ќе порасне да и' се тргне од патот.
„Мислам дека родителите треба да ги тепаат децата. Татко ми неколку пати ме има ’залепено за ѕид‘ и тоа е единствена причина поради која се' уште сум жива“, искрено признала Пинк.
Џон Мејер
Во интервјуто што го даде за „Плејбој“ овој пејач и композитор имаше неколку смешни изјави, но фаворит е онаа во која објаснил дека додека излегувал со Црнки немал секс со нив.
„Мојот пенис е расист. Имам Бенетон - срце и пенис - Дејвид Дјук. Ќе почнам да излегувам со девојки посебно од мојот пенис“, „дал збор“ Ме��ер.
Кеша
Се надеваме дека оваа 23-годишна поп-ѕвезда ќе се придржува до часовите по пеење и дивеење на забавите, наместо да му се придружи на холивудскиот тренд занимавање со политика.
„Всушност, ништо не читам, зашто имам впечаток дека оние што мразат навистина сакаат да мразат јавно, а оние што сакаат го прават тоа тивко. Затоа не гледам и не слушам ништо“, збунето размислува Кеша.
Дејвид Аркет
Во радиоемисија откри дека почнал многу да пие откако пред неколку месеци се разведе од сопругата Кортни Кокс, како и дека во текот на едно пијанство Том Круз го нарекол Шон, Дејвид Аркет, решил со светот да го сподели она што моментно го бара во жените.
„Кортни ми рече дека не сака да ми биде мајка. Мене, всушност, сега ми е потребна мајка. Потребна ми е девојка што ќе ми носи супа и да се грижи дали сум добро“, си ја искажал Аркет својата потреба од жените.
Жизел Бундшен
Најплатената светска манекенка им дала надеж на сите идни мајки кога го опиша своето породување со синот Бенџамин минатиот декември.
„Ништо не болеше. Дури ни малку“, кратко го опишала своето искуство Жизел.
Мел Гибсон
Еден од најголемите бисери на Мел Гибсон оваа година беше кога ја навреди својата бивша девојка Оксана Григориева така што и' порача дека таа нема пријатели, а потоа додал дека нема ни тој.
„Немаш ниту е..н пријател, освен мене и се однесуваш со мене како спрема г...о. Затоа и сум толку е...о лут, затоа што немам пријатели!“, луто афектирал Гибсон. |