Број 3467  понеделник, 27 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Мислења

Одмазда

Ѓорѓи Спасов

Нашата полиција го прави она што било познато во турско. Пред да му биде утврдена вината, осомничениот да го „прошета по пазарот“ со табла околу вратот на која пишува „јас сум криминалец“

Во време на турско, велат, султанот донел ферман, според кој, постоела казна јавно посрамотување. Според неа, полицајците имале право секого што ќе го фатат да краде од некоја тезга на пазарот, без судење да му стават табла околу вратот на која пишува „Јас крадев цреши“ и со таблата да го шетаат меѓу пазарџиите. Одвреме-навреме фатениот на дело морал и да вика „Јас сум крадец“ за да го видат сите, да биде обележен и понижен засекогаш. На пазарџиите им било дозволено и да му викаат „уа“, да го плукнат или да фрлат по него со некој скапан домат. Со други зборови, бил дозволен јавниот линч без судење и пресуда.

Европската цивилизација денес се згрозува од таквите методи на казнување на луѓето. Малиот број земји во кои е дозволено такво понижување на обвинетите или осудените се сметаат за деспотски, нецивилизирани и заостанати. На нив се гледа со презир и со безнадежност. Европската цивилизација се темели врз почитувањето на правата на човекот, врз заштитата на неговото човеково достоинство, принципот на пресумцијата на невиност и користењето сила само во неопходните случаи за тоа.

Во процесот на цивилизирањето на Македонија, на нејзиниот пат кон Европската унија, европските држави ја натераа Македонија во 2007 година под спонзорство на Британската влада да усвои „правилник за однесување на МВР во вршење на полициска должност“.

Во тој правилник пишува дека осомничените прво со писмена наредба се повикуваат да дојдат со полицискиот службеник и дека лисици и други мерки на присилба се применуваат ако лицето даде отпор. Значи, само во случај ако не дојдат на повик сами, ако се кријат или ако се претпоставува дека се вооружени, се применуваат мерки за нивно присилно приведување.

Но, што прави полицијата кај нас? Таа апси мирни граѓани, кои се достапни во секое време, невооружени и безопасни како да станува збор за најопасни терористи и улични дилери на дрога. По тие беспомошни луѓе, кои можеби и примиле мито или избегнале плаќање данок, доаѓаат маскирани и вооружени полицајци од специјалните единици на полицијата, ги фаќаат осомничените под мишка од двете страни и ги ставаат во полициските возила. Оваа претстава во која специјалците демонстрираат сила ја применуваат кога ги апсат луѓето дома, на работа, како луѓето од патарините, од царинирницте или Велија Рамковски, пред нивните колеги во болница, па дури и кога се симнуваат од авион во кој сигурно не влегле со бомба. За претставата да биде поуверлива, во некои случаи „до заби вооружените специјалци“ ги ставаат овие луѓе, за кои се знае дека не се вооружени ниту дека би дале отпор, со раширени нозе на хаубите од нивните возила и ги пребаруваат како да се тие полни со бомби, кои штотуку не експлодирале. Но, тоа е претстава за застрашување на народот и за јавно понижување на осомничените од страна на полицијата. Таа претстава можеби и не би се случувала да не се прави во присуство на телевизиски сниматели, кои се некогаш од телевизиите блиски до власта, а некогаш полицијата сама ги снима таквите акции и им ги доставува телевизиските снимки на медиумите со цел да се пофали.

Со тоа, полицијата ги претвара своите акции, со кои отворено го крши правилникот за постапување на полицијата, во полициско медиумски спектакл со кој јавно ја демонстрира својата застрашувачка моќ во однос на немоќните, својата опасна способност при апсење на безопасните, и своето право да дејствува без почитувањето на правото на другите. Таа реално со својот модел на апсење го прави она што било познато во време на турско. Пред да му биде утврдена вината во судска постапка, осомничениот да го „прошета по пазарот“ со табла околу вратот на која пишува „јас сум криминалец“. А тоа е веќе казна позната како „јавно посрамотување“, јавен линч, ако сакате, и неводење сметка за достоинството на осомничените и на членовите на нивните семејства.

Но, нашата полиција (Горде) се гордее со овој начин на постапување. Никој досега од толку правници и адвокати во државата не се осмелил да ја тужи, а уште помалку да ја осуди за вакво постапување. А таа, како и нејзината влада, ги собира поените од толпата, која е желна јавно да го линчува секого на кого власта ќе покаже со прст дека е виновен. И, за жал, го правеше и го прави тоа со поддршка од телевизиите што имаат национална концесија и кои од таквите понижувачки спектакли остваруваат профит.

Но, не е само тоа. Во важечкиот правилник на МВР, што веќе го споменав, го пишува и следново: „Во случај да мора да се стават лисици на рацете од обвинетите, тие се ставаат на рацете зад грбот“. Во сите ТВ-апсења ги видовме осомничените со лисици на рацете однапред за да можат телевизиските камери да ги снимаат и осомничените да бидат што е можно повеќе јавно понижени. Некои од нив во рацете носат ќеси, други џемпери, со се' што ги затекнале во моментот на апсењето и сето тоа и' се прикажува на љубопитната телевизиска публика, која вика „Обесете ги. Така им треба“.

И на крајот, во тој исти Правилник на нашето МВР, но и во Кодексот на полицијата, исто така, пишува и дека „на полициските службеници им е должност да постапуваат хумано и да ги почитуваат достоинството, угледот и честа на осомничениот и да го почитуваат неговото право на приватност“. Кое достоинство, кој углед, која чест и кое право на приватност на осомничениот се почитува кај нас?

Напротив. Полицијата го третира осомничените како осудени. Таа веќе со моделот на нивното приведување ја извршува казната и санкционира. Пред да биде прифатена кривичната пријава од обвинителот, полицијата го чита на телевизија обвинителниот акт како пресуда, како утврдени факти и создава клима дека пресудата е веќе донесена, а судството го става пред свршен чин. Тоа е враќање на земјата во времето на Османлиите. Разликата е само во тоа што наместо да те шетаат по пазарите со обесена табла околу вратот, сега те прикажуваат по сите телевизии со лисици на рацете и со двајца специјалци до тебе во маскирни униформи, вооружени до заби и со панцир, за светот да сфати колку си опасен.

А ако никој не може да го спречи ова во земјата, тогаш за каква демократија станува збор, за каква правна држава и за какво почитување на достоинството на осомничените? Ако полицијата не ги почитува законите, своите правилници и кодексите за однесување, тогаш со кое право ќе бара од другите да го прават тоа? И со кое право оние што денес ликуваат од ваквите јавни понижувања ќе се бунат еден ден кога самите ќе станат предмет на таква практика? Ако сметат дека ова се стандардите што ги воведуваат во политиката и во општеството, тогаш за миг ќе мора да размислат како би им било да се спроведуваат истите стандарди врз нив. Или, што би рекол Фуере, „што е тоа толку христијанско во однесувањето на демохристијаните во Македонија? Зар тие не слушнале за христијанската заповед, која гласи: ’не прави му го на друг она што не сакаш да ти го прават тебе’“.

Но, за нив не важат веќе ниту законите ниту божјите заповеди. Тие се чувствуваат како Бог на кој секој треба да му се моли. А кога така се чувствувате, вие не сте ниту свесни дека со ваквото непочитување на законите, на своите правилници и кодекси, пред се', градите погрешни стандарди за иднината на оваа земја и истовремено создавате можност за секого што е можеби сосема основано осомничен за криминал, со право да тврди дека е жртва на одмазда од страна на држава, на која, според сите индиции, не и' е најважно правото.


#
Статијата е прочитана 2475 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 27.12.2010 12:10:54
Vo parvo si, se slagam deka ova "slikanjeto kriminalci" e obicna farsa, no vo slucajot Ramkovski toj "samiot si se slikase",ili potocno negovata A1 go slikase. Najverojatno sakase da dobie nekakov mediumski poen.
Од: и од мене.
Датум: 27.12.2010 12:26:01
Кај си запнал бре г.Спасов која европа кој бакрач.Ќе причекаш малце за европски закони.Додека се доградат Спомениците наменети за некое минато време.Во кое Живеат нашиве дечина.Ќе попричекаме некој век да бидеме и ние цивилизирани.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 27.12.2010 12:58:03
Кој за меч се фаќа.......
Од: gimi
Датум: 27.12.2010 12:59:04
Не кажавте што им правеле во турско на тие што ги штителе арамиите. Дали вие како човек од СДСМ застанувате во одбрана на Велија и неговиот клан?
Од: kaktus
Датум: 27.12.2010 13:22:41
Многу пати од стари луге сум слушнал: “Како што е сега, не било ни во турско“. Се случило некој турски заптија (полицаец) да убие каур (Македонец), а на прашањето зошто?..одговорил дека му се можи, а дека никој нему ништо не му можи.....
Од: ne e bitno
Датум: 27.12.2010 13:36:34
Gimi, tskstot zavrsuva so poraka deka sega e 21 vek a ne tursko, a od 2007ma Makedonija ima zakon so koj se garantiraat pravata na sekoj eden, vklucuvajki te i tebe. JASNO?
Од: sveti Petar
Датум: 27.12.2010 13:39:10
Na avtorot na tekstot nema što da mu se zabeleži, no od reakciite na neoki čitateli izgleda deka e vo pravo edna srbska pogovorka koja glasi *gluhome e džabe šaputati*. Nie ne sakame ili pak ne možeme da gi razbereme site dobronamerni soveti koi ni gi davaat našite prijateli vo svetot. Toa što go pravi našata policija so priveduvanjeto na somnitelnite nema vrska nitu so pravoto, nitu so humanosta, a nitu so demokratijata . Nad toa dejstvie treba sitedobro da promislime - od običniot graganin do vlasta.
Од: gogo
Датум: 27.12.2010 13:59:16
Se dodeka zastanuvate vo odbrana na kriminalcite ,Makedonija nema da mrdne od mesto. Samo kako informacija za kolumnistov.Vo Kanada i USA,ke ti stavat lisici i pritvorat,ako vozis vo alkoholizirana sostojba.Znaci ne pijan,samo imas poveke alkohol vo krvta od dozvoleniot maksimum.I na kraj ke si dobies i kriminalno dosie,i posle toa oprosti seod moznosta da najdes rabota vo drzavna institucija,a kaj nas bivsi zatvorenici gi gledame vo parlamentot.Ocigledno deka coveckite vrednosti se prevrteni naopaku.
Од: Kavadarcanec
Датум: 27.12.2010 14:10:40
Jas predlagam mesto apsenje da ima dostava na pokani po posta. Taka nikoj nema da bide izrezilen, ili nedaj boze negoviot kredibilitet unisten. Zar so set pamet se pisuvaat vakvi statii? Vo EU slucajno da ne gi vikaat preku skajp?
Од: Itar Pejo
Датум: 27.12.2010 14:22:19
Ovoj "gimi" nema potreba da ispraca anonimna poraka. Se gleda deka e od DPMNE i nema povece od cetvrto oddelenie. Treba nekoj da mu kaze deka ne go razbral tekstot. So netrpenie gi ocekuvam i drugite komentari od istoto intelektualno nivo. Kasa primi!
Од: александар св николе
Датум: 27.12.2010 15:08:59
Ме интересира дали вие господине Спасов мислите дека треба да му се гледа низ прсти на Велија Рамковски за криминалите кои ги правел изминативе години,затскривајќи се зад својата телевизија???Значи кој сака да се бави со криминал овде нека си отвори телевизија,да се крие позади тоа и после ако го апсат за криминал,само треба да труби телевизијата и газдата е невин???доста беше со олигарсите создадени во ваше време!!!
Од: sutrak
Датум: 27.12.2010 15:16:42
Bravo Profesore odlicen tekst.Koj razbral razbral koj ne, sigurno ima clenska kniska od vmro dpmne.Jas sum bez clenska kniska i neopredelen, koj kako trgnale rabotive ke se opredeli naskoro.
Од: sime
Датум: 27.12.2010 16:25:19
Goapodine Spasov zar ne znaete deka kade e sila pravda nema.
Од: Трпе
Датум: 27.12.2010 16:28:51
До скоро жалевме за СФРЈ.Отсега натаму ке го бараме да ни се врати турско.Сигурно ке бидеме посигурни и побезбедни.Само и само ова сериозна блада да не не врати во античко.
Од: Jovan
Датум: 27.12.2010 18:39:14
Почитуваниот Спасов дали ги имал ове сознанија кога го пишувал текстот: "Триесет и шест годишниот Хеди Рамковски е недостапен за органите на прогонот." "Hезависната" и "најобјективната" А1 телевизија,уште не сака да соопшти дека Хедис Рамковски е во бегство и не и е достапен на полицијата!!!" Ако ги имал а ге заборавил текстот му е памфлет од кујаната на СДСМ ако не ги видел а ја напошал колумнава ке треба да си даде исправка. Се разбира ако си држи до угледот.
Од: goran
Датум: 27.12.2010 18:44:23
Kako toa za edni da vazi zakon ,a za drugi da ne vazi???Ako Velija pravel kriminal vo red neka si odgovara,moze seto toa i na pokulturen odnosno na praven nacin da se sredi,ama sto e so kriminalot so vlasta???
Од: Cane
Датум: 27.12.2010 18:45:24
Кој ти кажал Гого дека во Канада ставаат лисици ако си во алкохолизирана сосотојба? Јас сум и Канаѓанец и тоа е обична лага. Се разбира доколку некој, во алкохолизирана или не, состојба, се спротиставува на прегледот или апсењето, тогаш ставањето лисици е нормална процедура.
Од: Зоран
Датум: 27.12.2010 19:48:30
Ова парадирање на полицијата со уапсените е обична фарса. Се однесуваат со нив како да се опасни терористи. Со ваквото однесување Македонија се претвора во полициска држава која сее страв кај граѓаните и грубо ја крши кревката демократија.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.12.2010 21:13:36
Ова е очигледна лекција за оние кои се осмелуваат да го разгледуваат криминалното работење на власта!Јасна е пораката:„Ако си со нас,прав си,ако си против нас,тогаш си криминалец“!Повторно: борбата против криминалот ќе е јасна и оправдана,само тогаш,кога нема да се применува селективно!Расфрлањето со скулптури и градби,со восочни фигури и мурали,губењето тендерска документација во ходниците на министерството,неисплаќањето на социјалците и загрозените групи,доцнењето на плати и пензии,во името на „патриотизмот“,јасно говорат дека врвот на државата го поттикнува криминалот!Симптоматично е:Рамковски требало да одговара за криминал,уште пред 5 години,но тогаш ја подржувал власта,па го прескокнале!Очигледно е Криминалците се безбедни,сè додека не се расипе блискоста со власта!И токму тогаш,таа настапува со Вестерн-сцени за да ја оправда својата „невиност“:„Еве го криминалот-тоа не сме ние!“-извикуваат залудно!
Од: Kosta Petreski
Датум: 28.12.2010 10:04:22
Bre Spasov i ti gresis. Zarem ne znaes deka ovaa masa sto ja spomenuvas nemoze i da saka da ve razbere. Sto si gubite vreme so dobar del od makedoncite, losi, mizerni, zlobni lugjista. Ova e diva liga, i od takvite barate da ve razberat... ne e mozno toa da se sluci narednive 200 godini.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (15)
Стружанец лекува заби во Атина
Автобуси во лер
Судиите бегаат од куќниот притвор како од чума
Забрането пушење во автобус, ама само за патниците!
Насловна
Здравко Чолиќ- стилска фигура за југоносталгија
Куполите многу скоро над Собранието
Најглупави изјави во 2010 година
Седумстотини издавачи за триста и педесет писатели
Чиј е Камениот мост
Паника кај болните со пресаден бубрег
Политичкиот дијалог во 2010
Вуду економија
Карикатура
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks