Број 3467  понеделник, 27 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Мислења

Чиј е Камениот мост

Коста Балабанов

Кога и од кого Камениот мост на Вардар, изграден во 15 век со средства на султанот Мехмед Втори Освојувач, бил нарекуван Душанов мост

Од дневниот печат и од телевизијата разбрав за полемиката што настанала меѓу двајцата членови на македонскиот парламент: госпоѓата Шекеринска и господинот Стоиљковиќ. Предмет на полемиката бил врзан со именувањето на стариот Камен мост на реката Вардар. Господинот Стоиљковиќ го нарекол тој мост Душанов мост, веројатно, со умисла да укаже дека тој бил граден од српскиот цар Душан, додека госпоѓата Шекеринска сметала дека таквото именување на мостот не одговара на историската вистина. Што друго меѓу себе си рекле споменатите членови на парламентот, во случајот, не е предмет на мојот интерес за да се јавам со овој напис. Единствено сакам да појаснам некои историски факти, бидејќи како историчар на уметноста, со години се занимавам со проучувањето на средновековните споменици на културата изградени и зачувани во градот Скопје.

Сите досега познати историски извори и обемната стручна и научна литература, недвојбено укажуваат дека Камениот мост на реката Вардар бил изграден во втората половина на 15 век, а како негов донатор се смета султанот Мехмед Втори Освојувач (1451-1481). Во последните десетина години откако Камениот мост беше предмет на конзервација и реставрација, се појавија написи во стручната литература и во дневниот печат дека ��остот бил изграден во времето и со средства на источноримскиот император Јустинијан Први (527-565), што меѓу познавачите на исламската архитектура се смета за тврдење што не одговара на вистината. За оние како господинот Стоиљковиќ, кои сметаат дека Камениот мост на реката Вардар е градба од времето на српското владеење со градот Скопје, па затоа е наречен Душанов мост, сакам да укажам на неколку факти, кои сосема речито зборуваат за тоа како и кога е дојдено до тоа мостот да се нарече Душанов мост.

По Букурешт 1913 година, кога дел од територијата на Македонија падна под српска власт, српските власти во градот Скопје, во своето настојување да му дадат на градот нов белег наспроти постојниот, решиле да изработат план на градот за да може на тој план да се одбележат новите имиња на улиците. Бидејќи во 1914 година со Скопје управува српската воена власт, таа нарачала да се изработи план на градот. За таа цел, биле ангажирани, по наредба на командантот на Првата армија, престолонаследникот Александар и Штабот на врховната команда, топографите мајорот Драгутин Дачиќ, капетанот Никола Кисаковиќ и наредникот Димитрије Панајотовиќ, а под раководство на инж. тех. полковник С.П. Бошковиќ. Планот изработен од споменатите воени лица, дефинитивно, бил оформен од Картографската работилница на Одделението на српскиот Генералштаб. Но, тогаш се појавил проблемот со печатењето и умножувањето на овој план, па била донесена одлука тој да се отпечати, ни помалку ни повеќе во Америка. За таа цел е побарана помош од српскиот иселеник Т.В. Кусаковиќ, кој имал своја печатница во Seattle-Wash на улицата King str. No. 623. На овој план, изработен во 1914 година, дел од просторот на центарот на градот Скопје, од десната и од левата страна на Вардар, на некои улици им се дадени нови имиња. Меѓу нив, денешната улица „Македонија“ го добила името „Краља Петра“, а по должината на стариот Каменен мост на реката Вардар со кирилично писмо било испишано Душанов м(ост).

Бидејќи располагам со еден друг картографски документ, план на градот Скопје, изработен кон крајот на 19 век од австроунгарскиот генералштаб (планот е обележен со елипсовидниот печат на генералштабот и шифра број 649), на овој план се набележани улиците и маалата со називите што ги носеле во периодот на османското владеење со Скопје. На листата на позначајните улици и објекти што е претставена на самиот план, се разбира, испишан на германски јазик, под бројот 70, со кој е означен Камениот мост на реката Вардар, пишува: Steinerne Br?cke (Та? k?pr?), односно Камен мост. Од ова може со сигурност да се заклучи дека се' до 1914 година кога бил изработен планот на Скопје од српскиот генералштаб, Камениот мост не носел име и не бил познат под називот Душанов мост.

Располагам со уште еден документ. Тоа е шематскиот план на Скопје, изработен во 1931 година од гимназискиот професор Раде М. Перовиќ, на кој се одбележани приближно сите постојни улици во тој период, на кои посебната комисија, при српската управа на градот, им дала имиња. На овој шематски план, денешната улица „Македонија“, го носи името „Краља Петра“, дадено уште во 1914 година, но тоа име сега ќе го носи и денешниот плоштад „Македонија“, кој е именуван со називот „Трг краља Петра“. Камениот мост е одбележен со бројката 51, а во списокот стои: Душанов (камени) мост. Улицата ,која од Камениот мост води кон Калето, односно кон Качанички пат, во овој шематски план е наречена Душанова улица.

Според изнесеното, произлегува дека името „Душанов мост“ за мостот израден од султанот Мехмед Втори Освојувач во втората половина на 15 век било во употреба само од 1914 година до 1940 година. Тоа, во никој случај не подразбира дека мостот бил градба на српскиот цар Душан, како што не бил ниту на источноримскиот император Јустинијан Први, како што сакаат некои да го прикажат, игорирајќи ги историските извори и непобитни факти.

Не можам никако да разберам - кому и зошто му пречи историскиот факт дека мостот бил градба на еден османлиски султан, па има потреба од тоа да го прекрстува во Јустинијанов или Душанов?

(Авторот е историчар на уметноста)


#
Статијата е прочитана 3423 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 27.12.2010 12:16:38
КОСТА-За информација ќе се обратеш кај привезокот на Груја. Мислам се викаше стоилковиќ.Каква иронија јас да бев на власт овој пратеник со КЛОЦИ биго избркал од коалиција.
Од: Golemo bravo za avtorot!
Датум: 27.12.2010 12:34:31
Golemo bravo na avtorot na pismoto, K. Balabanov za mosne dobro argumentiranoto i dokumentirano objasnuvanje za imeto na Kameniot Most. Pred vistinata molcat i Bogovite! I. Stoilkovik treba isto taka da zamolci i da i se izvini na R. Sekerinska!
Од: Lazar
Датум: 27.12.2010 12:47:20
Se prasuvam koe ime ke nosese mostot ako imase bilo kakva vrska so Skenderbeg.Mozda i vaka vo bliska idnina toj ke se preimenuva vo most na Skenderbeg.Najmalku e vazno koj go gradil most bidejki toa i ne moze da se znae.Ako e Skopje urbana celina stara so mileniumi togas normalno e da na toa mesto ima i most.Da li ga e rekonstruiral Justinijan,Dusan ili Turski sultan i toa nee tolku bitno.Vazno e da ima IME koe nesto znaci.Kameni most nee pravo ime.
Од: ODNADVOR
Датум: 27.12.2010 12:55:05
Gosdpodine Balabanov , imeto "kamen most" nekomu sigurno mu preci! Naime, pred eden drug Bozik i N. Godina, na "trkalezna masa" vo edna Z. E. zemja,za Skendrt beg i spomenicite so nego vo Tirana, Prishtina i Skopje, nastana nesto poglasna diskusija. Nikako nemozevme da vidime deka spomenikot se navogja i vo Makedonija,bidejki sekade gi imase znaminjata na zemjite, osven kaj nas vo Skopje... Na toa se vmesa i poznatiot istoricar Popovic koj zboruvase za "Dushanoviot most", so arogantno potsmevanje na naseto protivenje deka za nas pomladite , pa i postarite, vo Skopje imame samao " KAMEN MOST"! "Nekomu" mu preci,Gospdine Balabanov, ovoa ime, ne samo na Stoilkovic....A koga se odnesuva na imeto na mostot, nie sme site Shkerinska ! Vi blagodaram za istoriskite podatoci za nasiot dtrag " kamen most", za koj imame site po nekoja liscna prikazna da raskazuvame.
Од: kaktus
Датум: 27.12.2010 12:59:30
Кој има потреба да го прекрстува Камениот Мост, прашува авторот. Па, очигледно Србите, раководејќи се од максимата: “Где год ступио српски опанак, ту је и Србија“.
Од: ivo
Датум: 27.12.2010 13:12:55
So ogled da Mehmed Osvojuvacot , Leonardo da Vinci , Nikolo Makijaveli ziveele vo isto vreme , i postojat veruvanja deka Vojuvale za skopje, pri sto vlasta se menuvala megju avstro -ungarcite i otomanskata vojska, predlagam da se vika mostot na Leonardo da vinci, za da nema kavga ! Mostot e izgraden spored nacrtite na Leonardo , finansiran od Mehmed koj dosol do skicite, a poznacajno renoviran od Dushan . Kako sto Leonardo gi izgubil skicite, posle moral da go naslika mostot kako sostaven del vo svojata "Mona Liza"! Moze ova e pogresno, no moze i ne e ! Istorijata e dosta magliva, i samo bistrite umovi mozat da ja dofatat vistinata! Inace, mojata art prezentacija na You tube, za 5 dena ja videle samo 50 gledaci! Leonardo bil povazen artist, priznavam!
Од: ЧИЈ Е МОСТОТ
Датум: 27.12.2010 13:34:21
Се што е во Македонија е на Македонците и другите народи кои во Македонија живееле а тоа се покрај Македонците и Албанци Турци Власи Роми и помали групи освен окупаторите после 1913 Србите Грците и Бугарите. Пропагандата што овие ја оставија и денес ги прави проблемите. Имаме луге фиљовци коиу и денес на ја знаат македонската вистина од антика до денес. Македонија природно и по територија и по население е поголема од овие три вештачки творби. А и Македонци има повеке од Грци Срби И Бугари независно што се околу четири милиони асимилирани во Грц Буг Алб.
Од: Istorichar
Датум: 27.12.2010 13:40:07
Od pochituvaniopt profesor doznavame shto trupoi imame za parlamentarci, ne si ja znaat sopstvenata istorija, a go pretstavuvaat narodot!?
Од: Одрана на името
Датум: 27.12.2010 13:50:07
Знаци од дпмне –овците може да се очекува и ова.Како “најголеми патриоти на Македонштината” чиј што патриотизам го градеа токму врз нападите на СДСМ како про српска партија која работи против независноста на Македонја ,сега не што несе јавуват во одбрана на името на мостот туку и овој снастан го земат за дискредитација на еден висок функционер на СДСМ.Инаку да беше нивни член со една таква изјава во едно друго време ќе го прогласеа за херој протнувајќи го низ Триумфалната Капија.И не само тоа српската естрада на чело со Цеца која секогаш беше лепена за СДСМ, а особено за Бранко Црвенкоски ,како оваа година (подржана со помпезна реклама од провладините медиуми)никогаш не била толку присутна.Затоа ги повикувам старите членови на ВМРО ,а особено Тале од Прилеп да го осудат овој чин на Стоилковиќ и да истапат во одбрана на името на мостот како што го бранат името на државата
Од: Vojnik
Датум: 27.12.2010 14:27:44
Eсента 1972 година служев воен рок во касарната Маршал Тито во Скопје. Третиот ден ја имавме лекцијата „Запознај го градот во кој служиш војска. Се качивме на ридот и гледајќи го Вардар поручникот Шестак ни објаснуваше дека долу го гледаме „Душановиот мост“. Кога на крајот од часот рече дека може да поставуваме прашања, го замолив да ни објасни како може Камениот мост да биде Душанов кога Душан владеел во Скопје во 14-от век, а мостот е изграден во 17-от век од страна на Турците. Поручникот не ми одговори, но по часот ме викна настрана и ми рече: „Откуд ти толико знаш, а ниси из Скопља?“. Потоа во текот на целиот воен рок имав проблеми со него.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 27.12.2010 14:31:53
За недоволно просветените Македонци да им објасниме дека Цар Душан е Цар на Македонците, така се представувал секаде, затоа сакал да се круниса во Скопје. Во тоа време Македонија била до над Ниш. Затоа и денес после толку години во тие предели од Ниш до Врање се зборува дијалект Македонски. Во записите од Еуген Борза еден од најпознатите историчари на стариот век, јасно е запишан камениот мост како битен детаљ од старо Скопје.
Од: Кемал Ататурк
Датум: 27.12.2010 14:41:17
Мостот со ссите карактеристики покажуваше дека е градба од османлиско време, а бил наречен камен мост бидејки султаните немале претензии да асимилираат.(Ако имале 5 века биле доволни). Но играта со масксирање и (или) масакрирање на мостот почна во последниве 15 години. Со разни реконструкции дали нестручни или злонамерни знаат градоначалникот од тоа време, фирмата Силекс соо травертинот , „стручниот„ Иљов (падна т.н. стражарска кула) и други. Со што се отвори простор за манипулации. А вистината е во архивот во Истамбул.
Од: vlado
Датум: 27.12.2010 15:20:50
Ocigledno ne ja znaete istorijata vie ovde srbomrzci,treba fala da i kazete na Srbija sto ovde e sega Makedonija , sekogas drug im bil kriv na makedoncite sto nemale drzava pa i den denes site srbite gi pravat nacionalisti a vie ste mnogu pogolemi so vakvite komnetari ali dzabe nikad nikoj na balkanot nema da ve ceni bas radi vakviot odnos !
Од: кемалист
Датум: 27.12.2010 16:08:11
Драги „коментатори“! Нели ви е срам да му велите браво на проф. Балабанов? Не му треба нему вашето браво (од политички прагматизам), тој си е потврден, светски признат експерт по историја на уметноста, универзитетски професор и како научник си ја исполни својата задача да ја расчисти дилемата околу името на Камениот мост (Taş Köprüsü) и околу тоа кој го изградил. А кој го разгради и нагрди, знаеме.Изродбениците го „реставрираа“ да наликува на селско мовче.
Од: Андреј, Делчево
Датум: 27.12.2010 16:17:50
Владо, прво твојата Србија уште се нема извинето на Македонија за сите ѕверства кои ги правеле српските жандарми врз Македонците за време на СХС. Тие ѕверства потоа ги продолжиле другите ни соседи - Бугарите. Второ, се додека вие Србите сакате да го србизирате цел Балкан, се дотогаш ќе добивате стап по глава од с��те ваши соседи. Трето, ниеден Македонец не се обидува да става ред во Србија, но затоа секој втор Србин (каков што си и ти) си зема за право да става ред во Македонија. Се додека вие Србите се однесувате како да сте газди на Балканот, се дотогаш никој нема да ве сака.
Од: Veselin
Датум: 27.12.2010 17:05:53
Sepak pri rekonstukcijata so sigurnost e utvrdeno deka Kameniot Most e od vremeto na carot Justinijan.Pribidejki ne e sosem doistrazen,mozebi e i postar.Pretrpel poveke golemi rekonstrukcii.G-not Balabanov ima cudni teorii za naseto minato,no toa ne e sega tema.A vo negoviot stil,onaka patem spomenuva za moznosta da mostot e od vremeto na Justinijan,ama sepak e od sultanot Mehmed!Togas e preseleno razrusenoto Skupi i togas Justinijan gradi tolku mnogu,osobeno za da i se ''odolzi na negovata tatkovina Makedonija''.
Од: Историчар на уметност
Датум: 27.12.2010 17:33:54
Почитуван професоре: Дипломата слободно може да си ја скинете. Да зборувате глупсоти од типот дека нешто личи на определен стил и затоае од тој период е нон сенс. Затоа и курбиново долго време го водеа дека е многу ново сликарство. Па при последните испитувања утврдија дека мостот еграден во времето на Јустинијан. Паџабе се сите натписи (пропаганди) кога на лице место се утврдува состојба која вели поинаку. На што да веруваме, на хартијата или на тоа што го наоѓаме на терен. Факт е дека во османлиско време мостот е реставриран, но факт е дека темелите и основата на мостот се од јустинијан. Србите ако милуваат македонскиот цар Душан да го воспеваат, се слободни во тоа. Впрочем и вие професоре може да потврдите дека Душан е цар само заради повикување на македонската царска лоза. Да се повикувал на српска круна ќе бил крал. Редно е белградската (просрпска) и загребската (проилирска) школа да им се стави точка, да се извадат на виделина фактите и да се толкуваат без разни призми.
Од: filip treti
Датум: 27.12.2010 17:58:09
Dodeka se rasprava za imeto ma Kameniot most, istiot treba da se vika MOST NA NACIONALNA SRAMOTA: podnozjeto na mostot sluzi kako javen toalet so nepodnosliva smrdea, okolinata e prepolna so gubre, kamenite ploci na ZINGO se raspagaat, svetloto e depresivno a PLASTICNITE svetilki idealno odgovaraat na ambientot, klunovite na mostot ne se dovrseni poveke od 10 godini i sluzat kako deponii za kartonski kutii, kicherajski sindziri na strazarskata kula koja e zalepena kako so OHO lepak, od levata strana KAL do gluzdovite i trafika kontejner za cuvarite na mostot (primer za bezdelnicenje), prodavci na eftina stoka na istata imperija koja go podignala mostot za odrzuvanje na istoriski kontinuitet i tradicija.
Од: Nekoj
Датум: 27.12.2010 17:58:30
"Cij e mostot" napisa deka makedonci imalo poveke i od Srbi i od Bugari itn. Ocigledno deka matematikata, posebno mnozestvata mnogu ti odat :))) A najmnogu istorija! Boze kakvi gluposti ke procita covek
Од: karokan
Датум: 27.12.2010 18:23:45
G-dine Vlado,srbomrzci,megju komentatorite,se samo takvite kako tebe i nikoj drug.Jas od pogolem broj komentari ne vidov "srbomrazenje",tuku sprotivstavuvanje na eden aroganten mentalec kako sto e g-dinot Stoiljkovic. (Samiot se narece mentalkec) Spored mene.najmalku karakterot na srbite i tuka i srpskiot narod voopsto,gi identifikuvam so navedeniot g-din!!! Srbite se nesto mnogu,mnogu povece.Ne e red Stoiljkovic da go stavas vo redot na itekako brojnite ,svetski poznati srbi.Toj e samo opacinata na niv!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Филип
Датум: 27.12.2010 18:31:06
За сегашниот изглед на мостот, најверојатно е така како што вели историчаров по уметност. Но, ќе ни објасни ли како тој султан успеал да ги направи темелите на мостот во стил како „киклопските“ ѕидини на Калето?
Од: андреј
Датум: 27.12.2010 18:41:23
Убаво е коа ќе се прочитаат факти, без да се зачинуваат со бедна политика. Честитки професоре
Од: Citale istorija od SANU
Датум: 27.12.2010 19:04:17
Eh Stoilkovicu , Stoilkovicu! Namesto da baras izvinuvanje od Secerinska ti treba da mu se izvinis na Makedonskiot narod za navreda na negovoto nacionalno cuvstvo. Otkade procita bre Stoilkovicu da Kameniot most izgraden od Mehmed II Fatih( Osvojuvac) da mu go pripises na car Dusan. Medju niv postoi vremenska razlika od skoro 2 veka. No vie so g-dinot Latas citate drugi istorii napisani negde vo SANU vo vremeto na Milosevic. Samo Latas barem dobi orden ( zaedno so gazdata Zingo) od Milosevic , a ti dali bese isto taka odlikuvan od Slobo za tvoeto " srbstvo"?. Eh koga takvi kako tebe i Latas se prikazuvaat kako borci za zacuvuvanje na identitetot i zacuvuvanje na imeto na drzavata Makedonija mi ide da izlezam od koza ili ednostavno da se sramamdo koe deredje sme stignale.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 27.12.2010 20:07:24
„Под крепостта е основан србский прекрасен мост от камен на 5 свода, а най-после единий свод има дупка за светилата (кандилата), нощем що светиле. Насред моста има едно прекрасно седалище (киошк) от мермер изглибено. Тоя прекрасен мост славянски е висок 50-60 аршини.“-ова го пишува Јордан Хаџиконстантинов-Џинот под насловот „Скопски доказателства“ во „Царигратски вестник“ 3.септември (16 септ.според новиот календар) во 1855!Оттука паѓаат во вода обидите на авторот на текстов,како и на дел од коментаторите,за преименување на Мостот во Српско време!Ова е јасен документ кој говори дека тој и пред ослободувањето од Турското ропство бил познат како „Српски“односно „Душанов Мост“!Значи,називот воопшто не е „наметнат“од „србоманите“!Промената на имињата на улиците е вообичаен чин на новите владетели и би било добро да наведете дека и во „Бугарско“ (1941) истата улица се именувала како „Цар Борис“,а потоа како „Маршал Тито“!Улицата е сепак градена дури по 1920 година!
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 28.12.2010 01:42:17
Bravo Dr,Ajvan Doktor! Mozebi na toj Skopski ,,Istoricar'' ce mu bese polesno ,da ni go kazese nesto,za vremeto na Nemanici i nivnata zaostavstina vo Skopje i posiroko,uste Skopje i Skopska Crnagora mirisat na Nemanici! . Konstantin ne bese od Krusevac tuku od Veles!
Од: Vojvoda
Датум: 28.12.2010 02:11:11
Gospodine Kosta, Makedonija pred da dojdat Turskite naezdi i hordi od istokot, sakale nie da priznaeme ili ne sakame da priznaeme bila vo racete na Srpskata Aristokratija. t.e bila rakovodena i organizirana od srpka drzava. A Skopje bil grad kade sto Car Dusan se krunisal za Car na Srbite Arbanasite i Grcite. Ne mozeme nie Makedoncite da gradime lazni istorii, eden den sve ke ni se udri od glava. Jas mislam deka kameniot most bil napraven od Rimjanite, a potoa doizgraden kako Dusanov, potoa Turskata imperija go renovirala itn...
Од: jimmy1
Датум: 28.12.2010 03:14:09
Ako im teknalo na srbite da go preimenuvaat vo Dusanov most ne znaci deka Dusan go ima izgradeno. Mostot so vekovi se vika Kameni most i taka treba da ostano. Ne mozi sekoj kako sto saka da menuva imina na mostovi, ulici ili bilo sto. Ako veke "mora" da se stavi novo ime predlagam da se vika "Ovcarov ili Pastirov most" barem ke ne podseka na najgolemiot ovcar i diktator vo Makedonija-Gruicaaaaaaaa.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 28.12.2010 07:15:54
Kameniot most e na Republika Makedonija. A toa koj go gradel sekoja mu cest, bez razlika sto denesniot izgled e siluvan. Toa sto operskata kukja vo Sidnej e gradena od danskoit arhitekt Urczon ne znaci deka e na Dancite. I samo istoricarot na umetnosta ima potpolno pravo. Site drugi se povikuvate na sopstveni nacionalni cuvstva.
Од: Скопјанец
Датум: 28.12.2010 08:12:08
Темата за името на, денес по малку потонатиот (визуелно) Камен мост, е сериозна и затоа е потребно низ стручна расправа ова прашање да се расчисти. Ако тоа не се направи, може да ни се случи утре некој пратеник да стане и да каже дека тој мост се вика Ѕингов мост, а образложението ќе му биде дека од мостот најмогу профитирал Ѕинго.
Од: afion
Датум: 28.12.2010 08:24:00
@"Ajvan Doktor", pa sto ako Miladinov go narekol "serbski" a podocna slovenski mostot? I da go gradel car Dusan, a ne e, zar donel kamenja i rabotnici direktno od Sumadija i Podrinje da mu dade cisto srpski karakter? Vreme e da izlezes od srpsko-grckata matrcica. Za srbite se sto e pravoslavno i slovensko e srpsko. Verojatno od tuka i " srpska Nova godina", od tuka se i hrvatite pokatoliceni srbi, i bosnjacite kako islamizirani srbi, a nie makedoncite sme "srbi so govorna mana". Isti ti te pogledite (kako i na "citatel") i po povod menuvanje na imeto na R.Makedonija. Za vas nema makedonci se do 1945. Ne vidov vas komentar po povod kazuvanjeto na pokojniot R.Holbruk vo 2003 na predavanje na Univerzitetot John Hopkins? Imeto e Makedonija, jazikot e makedonski, grcite treba da se promenat?
Од: Dario
Датум: 28.12.2010 10:24:30
Благодарност до господинот Балабанов. Пример за тоа како нешто се потврдува или негира. За се е неопходна стручност, а не удирање во градите со тиради од лаицизми. Историјата, науката, археологијата, не поднесуваат басни и приказни, туку факти. Единствено насловот на колумната, според мене, не би требало да биде срочен во таква форма. Нема потреба од прашање -чиј е Камениот мост. Тој е наш, на народот од оваа држава. Се друго е во стилот на исклучителна научност. Уште една почит кон професионалноста на научникот, кој и остави исклучително многу на македонската археологија и култура...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку УДБ-а беше нашата судба (15)
Стружанец лекува заби во Атина
Автобуси во лер
Судиите бегаат од куќниот притвор како од чума
Забрането пушење во автобус, ама само за патниците!
Насловна
Здравко Чолиќ- стилска фигура за југоносталгија
Одмазда
Куполите многу скоро над Собранието
Најглупави изјави во 2010 година
Седумстотини издавачи за триста и педесет писатели
Паника кај болните со пресаден бубрег
Политичкиот дијалог во 2010
Вуду економија
Карикатура