Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор

Со кредити или рати, македонските граѓани се снаоѓаат за да дојдат до најновите и најскапите апарати за домаќинство

Сања Наумовска


Криза или не, македонските граѓани и натаму се љубители на модерни апарати за домаќинство со најнови технологии. Не ги плашат ниту високите цени ниту опаѓањето на квалитетот. Иако статистиките покажуваат дека стандардот во Македонија секоја година е се' понизок, сепак, граѓаните и натаму наоѓаат начини да си ги дозволат посакуваните производи, а во повисоките цени препознаваат квалитет. Тоа најмногу се должи што тие се „изгорени“ од производите со пониска цена, па поучени од изреката „сиромавиот двапати плаќа“, се решаваат за поскапите варијанти на техниката.

Нов и поголем ЛЦД за гледање на новогодишната програма или најнов модел замрзнувач за зимницата се хит-производи во зимската сезона. Или, пак, луксузна машина за перење и сушење со која ќе заборавите на јажињата и здодевното пружење и собирање на алиштата. Во лето клима-уредите се неприкосновени, па дури големите синџири продавници мака мачат да обезбедат доволни количини за да ги задоволат потребите на пазарот. За цена во тие услови ретко некој прашува. За поголема комоција и уживање во домот, не се размислува многу. Кредити, рати без камата, картички или купување преку синдикат - се најчестите начини на кои македонските граѓани купуваат апарати за домаќинство.

Во услови на голема конкуренција и масовно производство овие модели на продажба им одговараат и на компаниите. Агресивно се нудат фрижидери, шпорети, телевизори во различни големини, правосмукалки, замрзнувачи... Се рекламираат со флеари, се прават сезонски акции, се нудат пакети од типот „купи фрижидер, земи микро гратис“.

Во поголемите маркети што продаваат апарати за домаќинство велат дека цените на новите модели, кои се менуваат најчесто на секои 6 месеци, во просек се од 10 до 20 проценти повисоки, во зависност за кој тип производ се работи. Но, од друга страна, пак, нагласуваат продавачите, цените на постарите модели одат надолу, па така понуда има за секој џеб. Сепак, очите на македонскиот купувач секогаш се лепат за најновото, и се разбира, за најскапото.

„Брендовите што ги нудиме се секогаш барана стока и најчесто граѓаните не прашуваат за поевтиното, туку го избираат најновиот модел. Се разбира, и компанијата има многу начини со кои поскапите производи им ги прави подостапни на купувачите. Тоа е, пред се', купувањето на рати и без камата, што е и разбирливо, бидејќи и ние се соочуваме со голема конкуренција на пазарот“, велат во „Нептун“. Големата понуда на различни производи секогаш носи ризик дека може да се продадат и неисправни апарати. Многу често се случува на купувачот веднаш да му биде заменет расипаниот производ со нов, а ако има можност и се користи гарантниот рок, па се носи на поправка. Сепак, велат во „Нептун“, ова се ретки ситуации што неизбежно се случуваат кога се продава техничка стока.

„’Горење‘ е многу почитуван бренд во Македонија и граѓаните имаат многу доверба во нашите производи“, велат во оваа компанија. Потврдуваат дека и во изминатава кризна година за нивните производи има голема заинтересираност, што се одразува и на продажбата. Се бараат најновите модели на фрижидери, машини за перење, шпорети. Хит се и машините за садови, кои се најбарани од младите брачни парови. „Речиси на сите апарати рокот на гаранција е зголемен на три години, што е дел од нашето дополнително залагање да им излеземе во пресрет на купувачите. Имаме и развиена мрежа на сервиси, така што проблемите со дефектите се сведени на минимум“, информираат од „Горење“.


#
Статијата е прочитана 3601 пати.

Испрати коментар

Од: Trajan
Датум: 11.12.2010 12:39:11
Ne vnesov pogreshen kod!Mozhebi neprifatliv komentar.Deka pri vakva siromashtija vo Makedonija se sluchuva ova.
Од: Трпе
Датум: 11.12.2010 19:22:17
Ова статија е реклама на трговските претпријатија.Ако е вистина тоа што се пишува зошто сервисерите се со полни раце.Народот крпи,врзува ден за ден а не да купува нешто ново.Овие кои се подновуват се многу мал процент,тоа се овие кои имат можност да имат и по повеќе станови.
Од: Komentator
Датум: 11.12.2010 19:59:07
e i jas kako JU nostalgicar po Gorenje...me izgorea totalno...Ajde jas da ja nagradam mojata "lepsa polovina" za mnogu iljadnici casovi pominati vo mienje sadovi...resiv pred sest godini da i kupam masina za mienje na sadovi ..Zenava bleska kako Elizabet Tejlor koga i daruvaa dijamanti...ama zgresiv sto ja poslusav i kupiv gorenjska ..Zosto...ete edna godina mijese perfektno a posle se poveke podfrluva zenava pak mie na raka..Resiv da vidam sto e rabotava a ona onie plasticni korica na sto redis sadovi sosema rdosale...Vo servis vikaat nema care novo korito 2500 denari..plus dovaganje...Sto si rekov ..vakvi li se zakonite vo EU...vo Ju izvedba bevte prva liga a sega i gi oterav vo majcina ..a jas si znam sto se ne trpam od zenami sto ne kupiv od SIMENS...!!
Од: Realist
Датум: 13.12.2010 00:02:10
Gorenje samo za Balkanot niz svetot ima milion drugi podobri Marki,Bosh,Miele,Ilve,Electrolux,Blanco a za Amerikanskite i da ne zboram rabotat i po 30 godini upotreba,ama nekako sega po se izgleda se e napraveno za 10 godisna upotreba i frli se razbira so nekoklu popravki,inaku obicno imaat garancija od 5 godini.Samo Japonsko ili Germansko proizvodstvo i nemaj gajle.
Од: mende
Датум: 13.12.2010 09:05:02
ne gledam nikakv anavalica vo dkanite za bela tehnika na bilo kakov proizvod a kamoli za LCD televizorite. Sepak sekoj tekst si ima svoja namena, pa i ovoj.

Најди! во Утрински
Економија
Грција ги добива битките против македонското вино
Ставрески
Здравев и Мишева влегоа во Одборот на директори на „Т-мобиле“
До 2013 ќе си ги плаќаме ќесите за пазарење
Инвестициите во згради и во споменици не носат раст
ЕВН ги отстранува дефектите од невре��ето
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency