Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Грција ги добива битките против македонското вино

Од почетокот на 2011 Европа нема да ја спушти рампата за нашето вино, но никој не кажува како ќе се извезува тоа

Македонското вино ги губи битките на сите полиња. Ембаргото за извоз во Европската унија продолжува, па на големо се повлекува виното од маркетите, се забранува неговата дистрибуција и пласман. Иако наша владина делегација деновиве отпатува во Брисел во Европската комисија за да преговара за укинување на бариерите за извоз на нашето вино на европскиот пазар, напредок не е постигнат. Делегацијата од Министерството за земјоделство, предводена од заменик-министерот Перица Ивановски, донесе вести дека од почетокот на наредната година Европа нема да ја спушти рампата за македонското вино и дека продолжуваат разговорите за решавање на проблемот, но не донесе информација како ќе реализира тоа во практика. „Некои македонски вина имаат проблем да се извезуваат, посебно брендовите кои во името на виното го содржат терминот ’македонски‘, но тоа не значи дека целото вино што се извезува има проблем“, објаснува Ивановски. На разговорите во Брисел нашите претставници предложиле терминот „македонско“ да можат да го користат и Грција и Македонија, но притоа да се направи дистникција од која земја потекнува, со можност за користење на друг хомоним.

„На пример, на грчките вина стои Тракија, а на бугарските Тракиска Низина. Такво нешто може да направиме и ние и Грција со македонските вина“, вели Ивановски.

Според сегашната состојба, македонското вино во Европа ќе може да се продава само со етикети на кои нема географски опис на регионот каде се произведува. И покрај смирувачките ноти на нашите официјални власти д��ка глобално македонското вино нема проблем да се пласира надвор, факт е дека проблем постои и дека за да се надмине тој, винарниците треба да го сменат името на виното, што ќе значи нови етикети и нови трошоци.

Грчките производители на вино од северот на Грција веќе на големо тераат кампања и побараа во Германија да може да се пласира само македонско вино од Грција, а не и македонско вино од Македонија. Доколку не се спроведе тоа нивно барање, се закануваат со тужби против дистрибутерите и супермаркетите во Германија, кои ќе продолжат да го продаваат виното од земјава со ознака македонско. Здружението ги најавува тужбите со образложение дека терминот „македоникос“ уште пред 20 години го заштитила Грција во Европскиот регистар и затоа тврдат дека само грчките винарски визби имаат право да го користат терминот „македонско“.

Јанис Војацис за грчкиот сајт АНА-МПА вели дека маркетите што ги почитуваат европските права ги отстраниле за нив спорните вина, а останатите што не го сториле тоа, ќе се соочат со тужба. Војацис додава дека офанзивата е зголемена. Алармирани биле сите амбасади во Европа, со цел да се спречи, како што изјавува, крадење бренд.

Во изминатите неколку месеци Грците дејствуваа на терен при што покрај Германија, успеаја да забранат продажба на македонско вино и во Словенија, каде што беа повлечени од продажба четири вина. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1774 пати.

Испрати коментар

Од: Aaron
Датум: 11.12.2010 14:14:35
Na grckite vina stoi ime "Trakija", na bugarskite "Trakijska nizina", vo Bugarija se stroi autoban "Trakija", samo deka nikoja od dvete drzavi ne se narekuva RepublikaTrakija. Neshtu nerazbrano?
Од: Силвестер, Сиднеј
Датум: 12.12.2010 04:08:34
Е, гледајте го Тошо малерот во К15 и се ќе ви биде кристално јасно. Кутриот Тошо, типичен Македонец изгубен во времето и просторот чекаше воз за Европа, мислејќи дека има време и дека некој друг ќе го каче. Како си одминуваше времето си остана дома....можеби засекогаш.
Од: marjan
Датум: 12.12.2010 10:14:33
do vulgarinot. trakija e kradena zemja, i od bulgarite, i od grcite. treba da svatite deka nisto nemate so sto bi se pofalile, ako ne vi e ukradenoto. ne te prasuvam dali razbiras, zatoa sto znam deka ne razbiras.
Од: ivo
Датум: 12.12.2010 22:08:46
A shto pravi Drzavniot zavod Za industriska sopstvenost. Ete toa me interesira da prashate za sledniot vash tekst. Koj i kolku dushi tamu dremat, si gi drzat shto li pravat. eve vi i web:http://www.ippo.gov.mk Se izvinuvam na vulgarnosta, no stvarno vekje...
Од: Trpe
Датум: 13.12.2010 07:12:34
ima edna falinka u nashata pozicija, imeno region na vino ne sum sretnal da e ime na drzava.. t.e. regionot sekogash e pomal od drzavata... a i Grcija ne e vo pravo, regionot Makedonija se protega vo 4 drzavi, bez obzir sto najgolemiot del e kaj niv nemaat pravo na monopol... no tuka Bugarija molci, ona sega svojot del od Makedonija ne go narekuva taka, a ako gledame vo stari dokumenti egejcite duri i od Lerinski i Vodenski region se smetani se za Bugari a i kako bugari se osudeni od Grcija ( kako simpatizeri na Bugarija)
Од: Професорка
Датум: 13.12.2010 10:30:04
Полека Грција ги добива сите битки против нас. Наградно прашање: зошто? Да не е тоа што ја крадеме античката историја и што се срамиме да бидеме Словени? Словени, кои се најголема раса, Словени кои создале врвни литературни и музички дела, кои се избориле против фашизмот, ....Една проста математика. Колку жители имало на планетата во време на Александар а колку се сега? Испаѓа дека сите од него потекнуваат, а не само Грујо со вазалите. Единствено по таа логика и сиротите, превеани Хунзи ни се род.

Најди! во Утрински
Економија
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Ставрески
Здравев и Мишева влегоа во Одборот на директори на „Т-мобиле“
До 2013 ќе си ги плаќаме ќесите за пазарење
Инвестициите во згради и во споменици не носат раст
ЕВН ги отстранува дефектите од невремето
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency