Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Економија

Инвестициите во згради и во споменици не носат раст

Инвестициите во згради и во споменици нема да и' донесат економски раст на земјава, обвини вчера опозицијата на вториот ден од расправата во Собранието на Македонија, по предлог-буџетот за 2011 година.

Тие сметаат дека предложениот буџет е само пуст список на желби, неразвоен и нема да придонесе за намалување на сиромаштијата, невработеноста, ниту за подобрување на состојбата во стопанството, транспортот и здравството.

Според Никола Ќуркчиев од СДСМ, наредната година цела држава ќе биде заложник на трошењето пари за „мегаломанскиот проект ’Скопје 2014‘“, а ќе нема пари за решавање на најгорливите проблеми.

Според Ристо Пенов од ЛДП, буџетот на македонските стопанственици ќе им донесе дополнително оптоварување од 130 милиони евра, а за возврат тие ќе добијат само канцеларии за функционери и службеници од проектот „2014“. Игор Ивановски од СДСМ смета дека следната година нема да се оствари проектираната висина на приходите што ќе повлече еден или два ребаланса.

„Како може да остварите раст од 3,5 проценти со инвестирање во згради, а нема ниту една продуктивна инвестиција во гасификацијата, во изградбата на автопати, во енергетските објекти?“, праша Ивановски. За да ги негира тврдењата на опозицијата министерот за финансии, Зоран Ставрески, ја прочита уште еднаш оцената на генералниот директор на ММФ, според кој, Македонија има здрави економски политики.

„Одговор за тоа дали буџетот е реален, дали фискалната политика е добро поставена, дали стабилноста и проекциите се реални и можни ви дава фактот што ММФ и' одобри 480 милиони евра на Македонија. Зарем ММФ би го направил тоа, ако има разлики во однос на проекциите“, порача Ставрески. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 949 пати.

Испрати коментар

Од: Realno gledanje
Датум: 12.12.2010 12:13:19
Tocno e deka ne nosat rast, no, nosat pari na licni i semejni smetki, voglavno vo stranski banki vo koi se peraat pari!
Од: Професорка
Датум: 13.12.2010 10:23:19
Треба да се спукаат и парите од ММФ. Затоа нема избори. Патишта, пруги, гасификација, водоводи...тоа не им паѓа на памет. Којзнае на какви идотски проекти ќе ги спукаат и парите од буџетот, односно нашите пари. На некој музеј или наколно живеалиште како тоа во Пештани. А народов како дрогиран, се радува. Детска радост. И цело време одбраната е СДСМ не градел. Ами вакви гадости да градеше и крадеше не знам каде ќе се најдеа. Народот ќе ги линчуваше.

Најди! во Утрински
Економија
Имало, немало - секогаш се наоѓа за нов ЛЦД-телевизор
Грција ги добива битките против македонското вино
Ставрески
Здравев и Мишева влегоа во Одборот на директори на „Т-мобиле“
До 2013 ќе си ги плаќаме ќесите за пазарење
ЕВН ги отстранува дефектите од невремето
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency