ЕВН ги отстранува дефектите од невремето
„ЕВН Македонија“ успешно се справи со дефектите што ги предизвика невремето кое ја зафати Македонија прексиноќа. Се формира тим за брзи интервенции и екипите веднаш беа испратени на терен. Се работеше цела ноќ, до раните утрински часови и сите дефекти, и покрај неверојатно лошите временски услови и непристапноста на теренот, беа брзо отстранети. Останаа уште некои населени места во високите планински предели каде што екипите на ЕВН во текот на денот ќе интервенираат.
Од ветерот, кој дуваше на моменти и со јачина поголема од 100 километри на час, на повеќе локации се откорнаа цели дрва и бандери, а гранките што летаа на сите страни направија големи дефекти во дистрибутивната мрежа. (М.Т.) |