Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Инвест банка со добивка од 1,1 милион евра

Инвест банка, како дел од австриската Шпаркасе, се пофали дека во 2009 година значително ја зголемила добивката во споредба со 2008 година.

Според финансиски извештаи за минатата година, ревидирани од ревизорската куќа „Грант Тортон“, „Шпаркасе Македонија“ остварила нето- профит од 73,5 милиони денари, или 1,1 милион евра, за разлика од 2008 година кога нето-профитот изнесувал 10,7 милиони денари, или 170 илјади евра. Вкупната актива на банката бележи раст од 33,4 отсто. Според вредноста на активата, банката се наоѓа на шесто место по големина во банкарскиот сектор во земјава. „Износот на вкупните кредити што банката ги пласирала лани е зголемен за 27,18 отсто во однос на 2008 година. Позитивен резултат е постигнат и во делот на депозитите што бележат раст од 27,6 отсто. Значителен показател е и зголемувањето на базата на клиентите за 24 проценти во делот на население и 30 отсто во делот на правни лица“, се вели во соопштението од Инвест банка. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 10.05.2010 01:22:23
Mediumite prodolzuvaat da pisuvaat samo za dobrite banki koj se samo 6-7. Ostanatite se na nekakva pozitivna nula.Del od tie imaat sansi da se razvijat vo posolidni banki, del ke "zaglavat".No nikoj ne gi spomnuva onie 2-3 banki koj se ziva bruka i cista propast.Knizat zagubi,edna duri i drzavata ja stiti, ialo e za kluc.Poradi tie nekolku somnitelni banki(koj nikoj ziv neznae sto rabotat i za kakva cel se dojdeni tuka)moze da nastrada ugledot i na drugite banki.Pisete nesto deka vo drzavata imame i katastrofalni banki, da znae narodot i stopanstvenicite deka treba da si vnimavaat so kogo si fakaat rabota i so kogo si gubat vreme i ugled bezpotrebno.Ne e fer na ugledot na dobrite banki da se slepaat i nekolku propaliteti.Ako nekogo ne go biva za bankar neka si sobere partalite i neka odi neka raboti nesto drugo, a ne da zaglavuvaat luge i da im gubat vreme so prazni vetuvanja i prikaski.

Најди! во Утрински
Економија
Неуспешни преговори меѓу ЕУ и Централна Америка
Во Европа откажани 900 летови
Македонија опасно се задолжува
Биометриските пасоши ги заглавија туристите
На 17 мај субвенции за тутунот
ЕУ подготвува механизам за финансиска стабилност
Авионска линија Охрид - Белград