Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонија опасно се задолжува

Министерот за финансии Зоран Ставрески од денеска ја почнува потрагата по пари во странство

Соња Маџовска

Македонија опасно се задолжува со тоа што втора година издава еврообврзница со висока камата од 10 отсто, место да склучи аранжман со ММФ и да плаќа драстично помала камата од 1,5 отсто. Опозицијата жестоко реагира на намерите на Владата во време на ваква криза да ја задолжува државата со високи камати. Но, не само опозицијата, туку и експертите постојано укажуваат дека власта, место да се плаши од контролата на монетарците, треба итно да склучи аранжман со Фондот. Официјално, бруто надворешниот долг на државата изнесува 3,8 милијарди евра, или 58,7 отсто од БДП, што е блиску до критичната граница што ја посочуваат некои економисти, со која земјата ќе влезе во повисока зона на задолженост. Мисијата на ММФ минатата седмица и' понуди помош на земјава, но власта и натаму тврдоглаво опстојува на ставот дека државава треба да се задолжи со емисија на еврообврзница. Опозицијата прашува дали доколку кој било владин функционер треба да земе кредит за купување стан, куќа или за реновирање би избрал да се зајми за камата од 1,5 отсто, или ќе сака да плаќа пет пати поскапо. Инаку, Владата воопшто не чека, и покрај острите критики на опозицијата и на експертите, па и најавите дека емисијата на еврообврзницата ќе се случи дури кон крајот на јуни, така што министерот за финансии Зоран Ставрески од денес ја почнува потрагата по пари во странство. Тој во наредните неколку дена ќе одржи серија средби со инвеститори од Европа за планираното издавање на еврообврзницата. Првото роуд-шоу ќе се одржи денес во Цирих и во Виена, утре ќе продолжи во Франкфурт и во Минхен, а ќе заврши на 12 мај во Лондон. Издавањето на еврообврзницата ќе ја менаџираат банките Кредит свис и ХСБЦ. Поранешниот министер за финансии Трајко Славески, кој ја задолжи државата со ланската еврообврзница со камата од речиси 10 отсто, на својот наследник му порача дека воопшто не се поволни условите за емисија на еврообврзница, а цената што ќе треба да се плати на име камата е превисока. Според него, постои опасност и да нема интерес за нашата еврообврзница. Експертите веќе порачаа дека овие месеци не се вистински момент за издавање еврообврзница поради високите камати, што се подгреаја под притисок на случувањата во Грција. Ставрески, пак, верува дека годинашното задолжување ќе биде по пониска камата од ланското. „Верувам дека ќе можеме да издејствуваме што е можно пониска каматна стапка, во однос на висината на еврообврзницата и на каматната стапка, тоа е пазарно сензитивна информација за која министерот за финансии не може да коментира“, изјави неодамна Ставрески. Од СДСМ тврдат дека поради тоа што минатата година Владата, место да склучи аранжман со ММФ, се задолжи со скапа еврообврзница се плаќаат 47 милиони евра повеќе за камата. А со оглед на тоа што сумата на годинашното задолжување ќе биде од 200 д�� 300 милиони евра, цехот само за камати може да ја чини државава над 50 милиони евра повеќе.

„Место задолжување кај ММФ со камата од 1,5 проценти годишно, се оди на нова еврообврзница. Ако најновото задолжување биде со износ од 200 милиони евра, со каматна стапка од околу 10 отсто, со рок на враќање од три години, за камата би платиле 51 милион евра повеќе“, изјави изминатиов викенд потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски. Тој порача дека власта со парите од приватизацијата на ЕСМ, оставени од СДСМ, предвреме отплатила долгови со каматна стапка од 6 отсто, а сега се задолжува со каматна стапка од околу 10 проценти. Потпретседателот на СДСМ ја повика Владата да каже уште колку остана непотрошено од лани земените 175 милиони евра и за што се потрошени, како и за што ќе се трошат парите од новото задолжување во странство. Според СДСМ, само за две години, во 2008 и во 2009 година, бруто-долгот на земјата кон странство е зголемен за една милијарда евра. Со реакција се огласи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тие тврдат дека каматата за годинашната еврообврзница ќе била пониска од 10 отсто, а долгот на државата не растел, туку напротив се намалувал.

„СДСМ тврди дека новата еврообврзница ќе има камата од 10 отсто. Им порачуваме дека грешат и набрзо ќе може да се уверат во тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија уверуваат дека долгот на државата бил намален за 250 милиони евра. „Доколку во 2005 година долгот изнесуваше 1,849 милијарди евра, а заклучно со март годинава тој изнесува 1,601 милијарди евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. А официјалните податоци од Народна банка на Македонија покажуваат дека бруто надворешниот долг на државата изнесува 3,8 милијарди евра, или 58,7 отсто од БДП. Во овој долг влегува и долгот на државата, но и на компаниите и на банките. Надворешниот долг само на државата изнесува 1,3 милијарди евра, а заедно со внатрешниот долг достигнува околу 2,2 милијарди евра. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 3126 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 10.05.2010 00:22:15
Bas im e gajle. Procenile deka imaat rabota so prost narod, pa zosto da ne go zadolzat i opljackaat do kraj. Opozicija nema, ili e soucesnik. I onaka se se raspaga, normalno e da si gledaat sega samo za niv. Grcija e bankrotirana, pola Evropa e pred bankrot, pa brza Grujo i on nesto da kari dodeka davaat krediti na "zimi majka", a posle narodot neka mu ja misli.
Од: od Fakelaki
Датум: 10.05.2010 00:47:12
Sigurno ne mozat so grcistatA vasite milenici...
Од: Stale
Датум: 10.05.2010 00:48:24
Gospodine Gruevski vnimavaj ubavo da ne se napravi nekoja belja kako vo Grcija. Veruvam deka znaes ubavo od kade se parite za tolkute gradbi, renovoranja i spomenici. Toa mora da bide transparentno i ovie dni da mu se dade otcet na narodot i deka ke obekjas deka Makedonija nema da e udavena vo dolgovi, koi nema da sme sposobni da gi isplatime i ke gineme kako drzava.
Од: Никола
Датум: 10.05.2010 00:48:56
На 30.06.2006 Македонија имала бруто надворешен долг од 2,38 милијарди евра, од кои 1,07 милијарди евра биле долг на државниот сектор. На 31.12.2009 Македонија имала бруто надворешен долг од 3,84 милијарди евра, од кои 1,06 милијарди евра биле на државниот сектор. Така велат податоците од НБРМ.
Од: Kimov
Датум: 10.05.2010 02:50:02
Bravo be samo vie i nikoj drug. Sve znaete kako da rabotite kaj Petar Gosev. A ne kazuvate kade se parite od prodadenite fabriko i firmi vo drzavata za vaseto vladeenje. Tuku im ja ostavivte kasata prazna na VMRO - DPMNE so 30 miljona evra.
Од: Трпе
Датум: 10.05.2010 07:50:58
Ламјата мора добро да се нахрани.Имаме чуено што може да се случи со гладна ламја.Остваруваме.За кого????
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 10.05.2010 08:14:58
Некадарниве од власта не можат да ја организираат државава, не можат да привлечат инвестиции, но можат да ја задолжуваат и да се расфрлаат со пари.Колку од расфрлените пари се враќаат во нивните џебови?Ужас се случува во Македонија.Дали сакаат да ја растурат??.Народот задолжи го, за ти да се збогатиш??? "Патриотиве" добро си го уновчуваат патриотизмот, на илјада измислени начини, да не ги набројуваме... Брука и срамота.
Од: todor
Датум: 10.05.2010 08:32:04
Тоа е патот да ја уништи Македонија и да не приклучи кон Бугарија
Од: Mina
Датум: 10.05.2010 08:36:09
Kreditiete od IMF ne smejat da se trosat na plati vo javniot sektor! A dodeka kreditite od 10 posto kamata moze vladata da gi trosi kade sto saka i nema koj da gi kontrolira! A obicnite ljuge, decata i vnucite na Makedonija ke plakaat dozivotno.
Од: BgMak
Датум: 10.05.2010 09:28:24
Pravete razlika megju drzaven i bruten (drzaven + privaten). Privatniot nema nisto opsto so drzavnite finansi. A zelbata da se odi na MMF e opasna za reputacijata na drzavata, bidejki taka postavuva Makedonija vo spisokot so brankrotirali dirzavi
Од: Душан
Датум: 10.05.2010 09:32:03
Се додека ние како држава се задолжуваме кај ММФ и кај европските фондови се што е наше природно богатство и добивките од нашата економија и припаѓаат токму нив,вклучувајки не и нас самите граѓани. Затоа не правете погрешни потези како влада бидејки ова не е обична игра.
Од: nadidan
Датум: 10.05.2010 09:54:08
На ваквото презадолжување, и на се друго што ни се случува, може да му застанат на пат само луѓето но, во нашава држава по се изгледа има народ но, нема ЛУЃЕ..........
Од: Повеќе од 61 %
Датум: 10.05.2010 10:05:08
Аферим, и ние да сме во нешто кон врвот.Ако не во друго барем во задолжувањето.
Од: droga
Датум: 10.05.2010 10:16:30
Eden profesor po ekonomskite nauki denovive mnogu slikovito go prikaza naseto zadolzuvanje so evroobvrznicata. Toa e kako droga. Prvo se zadolzuvas malku, potoa poveke za da go vratis prethodniot dolg, potoa uste poveke i se stvara navika t. e. zavisnost i se znae koj e krajot . BANKROT
Од: Pero
Датум: 10.05.2010 12:14:47
Komentarot na komentatorot Todor kazuva se. Tokmu toa se pravi, se potkopuva drzavata, finansiskiot i bankarskiot sistem, i se prepustaat pod kontrola na Bugarskata mafija. Tie se sega glavni vo drzavava, a potpomognati od edna politicko-kriminogena struktura koja e vo vladata.
Од: Stojan
Датум: 10.05.2010 14:55:56
Prvo bankrot, a potoa ke ne kupi Bugarija!
Од: tome
Датум: 10.05.2010 16:17:06
Ако некој свесно ја задолжува државата со многу повисоки камати значи дека ја злоупотребува службената должност и за тоа еден ден ќе одговара и тој што потпишал таков договор ама и неговите претпоставени, затоа што не го спречиле.
Од: rimak
Датум: 10.05.2010 16:57:52
se dodeka nesposobni vladi ja vodat makedonija ke propagame vo taa ekonomska bezdna . so ovie zadolzuvanja na ovaa vlada so visoki kamatni stapki od 10-15 % bez da se vodi smetka za vistinskata namena na ovie krediti ke toneme se nadolu i nadolu.

Најди! во Утрински
Економија
Неуспешни преговори меѓу ЕУ и Централна Америка
Во Европа откажани 900 летови
ЕУ подготвува механизам за финансиска стабилност
На 17 мај субвенции за тутунот
Биометриските пасоши ги заглавија туристите
Инвест банка со добивка од 1,1 милион евра
Авионска линија Охрид - Белград