Број 3278  понеделник, 10 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

ЕУ подготвува механизам за финансиска стабилност

Министрите за финансии од земјите-членки на Европската унија вчера почнаа состанок на кој разговараат за идејата на Европската комисија за создавање механизам за стабилизација, што ќе има задача да ја зачува финансиската стабилност во Европа. Засега не се објавени детали околу предложениот механизам, но извори од ЕУ за Ројтерс наведуваат дека веќе е подготвена законска основа за примена на новиот механизам. Договорени се два механизма. Првиот е втемелен врз член 122.2 по кој Советот може да и' помогне на една држава-членка доколку се најде во сериозни проблеми. А вториот механизам ќе и' овозможи на Европската комисија да се задолжи на пазарот на пари со експлицитна гаранција од државите-членки и Европската централна банка.

Европски дипломат изјави дека ќе се создаде еден вид банка со неискористени средства од буџетот на ЕУ, што ќе служат како основен капитал за заем од 60 до 70 милијарди евра за пазарот на обврзници. Ова значи создавање европска мини-верзија на ММФ, за што се залагаше германскиот министер за финансии Волфганг Шајбле за време на преговорите за помошта од 110 милијарди евра за Грција.

Лидерите од еврозоната очекуваат поддршка и од Европската централна банка, која треба да интервенира со купување долгови на европските влади.

Инаку, уште минатиот петок лидерите од еврозоната се согласија дека е потребен механизам што би го спречил ширењето на грчката криза на земјите со висок дефицит или со низок економски раст и послаба конкурентност. Лидерите се договорија да воспостават и финансиски механизам за одбрана на еврото и за спречување на шпекулантските напади врз него. (Од агенциите)


#
Статијата е прочитана 251 пати.

Испрати коментар

Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 10.05.2010 05:23:04
E sega, sto da pravime so prilogot na Stiglic vo denesnoto izdanie vo vrska so isceznuvanjeto na Evroto? Da go razbereme samo kako bajat proizvod? Sega sum uste poubeden deka negoviot prilog e samo zlonameren i proizleguva od tipicnata amerikanska egocentricnost. Se dobiva vpecatok deka pobrgu SAD i EU ke se priblizuvaat kon kineskiot standard otkolku Kina kon "zapadniot". Periodot na "blagosostojba" poleka privrsuva, i mi se cini deka so sigurnost cekorime kon krajot na 19-ot vek. Socijalnite dvizenja doprva ke dobijat ploden teren za rabota. Iskreno, bi bil najsreken dokolku gresam, no vremeto ke pokaze. Toa e sekogas pobednik.

Најди! во Утрински
Економија
Неуспешни преговори меѓу ЕУ и Централна Америка
Во Европа откажани 900 летови
Македонија опасно се задолжува
Биометриските пасоши ги заглавија туристите
На 17 мај субвенции за тутунот
Авионска линија Охрид - Белград
Инвест банка со добивка од 1,1 милион евра