Во Европа откажани 900 летови
Во воздушниот простор над Европа вчера беа откажани 900 летови, соопшти европската служба за безбедност на воздушниот транспорт „Евроконтрол“.
Новиот облак со вулканска пепел доведе до ограничување во авионскиот сообраќај во делови од Велика Британија, Италија, Шпанија и од Португалија.
Зоната на облакот ги опфати северниот и централниот дел на Португалија и северозападниот дел на Шпанија. Затворени беа и италијанските аеродроми во Милано, Пиза и во Флоренца. (МИА) |