Неуспешни преговори меѓу ЕУ и Централна Америка
Трговските преговори меѓу Европската унија и Централна Америка не успеаја, иако се очекуваше да биде постигнат договор пред средбата што треба да се одржи на 18 мај меѓу лидерите на двата региона.
Разговорите меѓу ЕУ и Панама, Гватемала, Костарика, Салвадор, Хондурас и Никарагва беа прекинати откако учесниците не се договорија за повеќе прашања, меѓу кои и увозот на млечни производи. (МИА) |