Градежните фирми ја поздравуваат одлуката на Владата, но велат дека таа нема драматично да ги поевтини становите
Соња Маџовска Билјана Ангеловска
Цела Влада на чело со премиерот Никола Груевски вчера излезе на прес-конференција да соопшти дека данокот на додадена вредност се намалува од 18 на 5 отсто за изградба и промет на нови станови и станбени згради. Оваа одлука е со ограничен рок и ќе важи за период од две години.
Власта, сепак, реши земјава да ја спасува од кризата преку градежништвото. Премиерот очекува со оваа мерка да поевтинат становите за цели 13 отсто, со што ќе заживеела изградбата и продажбата на станови.
Градежните фирми, кои вчера ги консултираше „Утрински весник“, генерално, ја поздравуваат одлуката на Владата за намалување на ДДВ-то на становите за 13 проценти, но тие се едногласни дека, сепак, тоа нема да ја намали цената на квадратот за исто толкав процент, бидејќи, како што објаснуваат градежниците, ДДВ-то е само еден сегмент во формирањето на крајната цена на становите. Градежните претпријатија сметаат дека оваа одлука, впрочем, и не значи многу за фирмите, туку повеќе е придобивка за граѓаните, со оглед на тоа што тие го плаќаат ДДВ-то на крајот, при плаќањето на станот.
„Со оваа мерка, во услови на криза, ќе се стимулира изградбата на станови, ќе се помогне да заживее градежништвото, но и останатите стопански гранки поврзани со него, како што се занаетчиството, индустријата на производство на мебел и други 20 гранки. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на цената на новоизградените станови за околу 13 проценти. Тоа ќе им помогне на голем број граѓани да го решат станбеното прашање, а со поголема понуда на станови на пазарот на недвижен имот. Директниот ефект од намалената даночна ставка се очекува да доведе и до намалување на вкупната цена на станбениот простор, а со тоа и да биде подостапен за граѓаните. Со оваа мерка ќе заживее пазарот на недвижен имот во земјава, како еден од двигателите на економскиот развој во секоја земја“, изјави вчера Груевски.
Тој соопшти дека пониската даночна ставка ќе важи и за становите чија изградба е завршена или е во тек, а нивната продажба ќе се случи по стапувањето во сила на овој закон. Законот ќе се најде во Собранието до крајот на следната недела. Груевски смета дека со ова измена ќе се избегне неплаќањето на ДДВ за станбена изградба.
Според градежниците, одлуката поволно ќе се одрази, пред се', на граѓаните, бидејќи ДДВ-то практично го плаќа купувачот.
„Становите имаат големи вредности, се работи за суми од десетици илјади евра, па овие намалени проценти сигурно дека ќе се почувствуваат. Иако се' уште е рано да се каже колку точно ќе се намали крајната цена на станбениот квадрат, бидејќи немаме направено такви согледувања, сигурно е дека вредноста нема да падне за 13 проценти. Но, секако, ќе има одредено поевтинување“, вели финансиската директорка на АД „Бетон“, Сузана Здравковска, и појаснува дека крајната вредност на станот ја креираат многу фактори, како што се цената на земјиштето, на материјалите и на изведбата.
Здравкова потенцира дека „Бетон“ веќе подолго време не гради станбени објекти, туку дека е ориентиран на покапитални и постручни градби. „Апстинирањето“ од станбената изградба е од повеќе објективни причини, меѓу кои е и немањето локации за изградба, но и високите цени на становите, поради што и тешко оди нивната продажба.
Владината одлука ја поздравуваат и оние, релативно помали градежни фирми. Златко Тодоров од „Кубус“ вели дека намалувањето на ДДВ за становите претставува олеснување, особено што доаѓа во време на рецесија. Тој верува дека со овој потег ќе се зголеми изградбата, бидејќи ќе ги олабави фирмите, затоа што со намалениот данок се намалуваат средствата за нивните редовни, тековни обврски. „Но, сигурно дека нема да има ни приближно толкаво намалување на цената на становите, колку што изнесува намалувањето на ДДВ. Зашто, формирањето на цената не е врзано само со данокот, тој е дел од административните давачки на фирмите. Но, секако, е помош за градежништвото“, вели Тодоров.
И во градежната компанија „Пелагонија“ се задоволни од ваквиот владин потег. „Намалениот ДДВ ќе влијае и ќе ги стимулира граѓаните да купуваат станови, зашто вредноста на квадратот ќе се намали за околу 10 отсто“, изјави Рита Лулевска, финансиска директорка на „Пелагонија“.
Сепак, сите градежници не се согласуваат дека намалениот ДДВ ќе ја зголеми побарувачката. Иако сите се едногласни дека е тоа добар потег, некои од градежните работници се на став дека, и покрај тоа што реално ќе се намали цената на квадратот, тоа нема многу да придонесе за поголема продажба, бидејќи граѓаните едноставно немаат пари.
Владата е убедена дека со ова мерка ќе има зголемување на приходите во буџетот, а не намалување. „Нашите проекции се дека намалувањето на ДДВ- то за становите од 18 на 5 отсто ќе има позитивни ефекти врз буџетот. Инаку, вкупниот приход од ДДВ од градежништвото се движи од 10 до 11 милиони евра, односно од 650 до 680 милиони денари годишно. Очекуваме позитивни ефекти врз основа на очекуваниот зголемен промет и продажба на станови, со пониска цена“, оцени министерот за финансии, Зоран Ставрески.
ЕУРЕКА! Мама на синчето Племиерче ќе си му купи уште неколку станчиња.Заштедила домаќинката !
Од: zapadna
Датум: 05.09.2009 00:38:38
И да паднат цените,а и да се по 1оо евра,чесните Македонци немаат пари да купат,а другите колку поднаслушнав ги обивале...се вселувале нелегално..а се разбира партиски после се легализирало...на “рати’...Донекаде ми е мило што во Скопје ви дојдоа сите лопови,лажни патриоти од сите градови од Македонија...Па чувајте ги само набавете од тие блиндираните врати,но да не се кинески...пошто го научија “тертипот“...лесно си влегуваат...Мој грешни Скопјани...не ви стаса ништо,а барате и по дгугите градови имоти што ги продале вашите дедовци,на кои им е платено и надплатено..и тогаш бевте мангупи,а ние прости провинцијалци...со тие пари можевме СК да имаме по три стана..Бадиела ке ни се вселевте “легално“....
Од: lenin
Датум: 05.09.2009 01:44:57
A chto treba da se sluci vo Makedonija stanovite da dostignat normalna cena.Segachnata cena na kvadrat e previsoka vo odnos na primanata.
Од: Bekim
Датум: 05.09.2009 03:02:19
Ке ми објасни ли некој ве молам, колку конкретно ( во евра) ке поевтинат становите, и што поевтинува?
Од: Kolo Diamantot
Датум: 05.09.2009 07:09:19
Kade moze dago snesi ovaa jajce SDSM . Dedeveto za prenos na gradeznistvo go padnaa od 18% na samo 5% pa ova go nema ni vo Amerika.
Од: Marjan T
Датум: 05.09.2009 09:31:37
Imate evtini stanovi po malite gradovi vi se po 300 evra m2 , taka da ako vi se skapi vo skopje gitla nazad od kaj ste dosle evtinija nevidena imate sto cekate
Од: don kihot
Датум: 05.09.2009 10:00:35
Sepak ovaa merka na Vladata e za pozdravuvanje.Samo da se pojasni, smaluvanjeto na ddv e dobar potez, no Istata nemoze da ja kreira i cenata na nedviznini, koja pazarot sam ja kreira, se razbira nerealno i prenapumpano, imeno vo ovaa granka investitorite odat na anormna zarabotka koja e desetpati poveke kratna od vlozenoto.Tuka e i razlikata od eftinata rabotna raka na gradeznite firmi, koi se iscedeni do maksimum so niski primanja.Cenite se Evropski na stanovite, a ne se so toj kvalitet.No lugeto se primorani da stegnat zabi i da kupat po nekoe kvadratce, iako e prava umetnost da se zastedi vo odnos na nivnite primanja.Treba da se razmisluva na fer pazar, ili nekoja zakonska ramka vo gradeznistvoto i trgovijata so nedvizninite, nemoze nekoj preku nok da se bogati, a vo isto vreme populacijata na Drzavata da strada, i generacii da se stiskaat vo 20 kvadrati.
Од: ohridjanec
Датум: 05.09.2009 10:59:25
bravo grujo ti mislis za narodot sega konecno ce imam sansa da se zdomam so ovoj pad a i so samiot faktot deka vo ohrid ce ima pomalku turisti dogodina poradi ukinuvanje na vizite i svetskata kriza toa bitno ce vlijae na padot na cenite na nedviznosta vo ohrid a i sansa za nas siromasite nekako da se zdomime a ne edna mala grupa bogatasi da crpe kremot a nie da mizeruvame bravo brate grujo te sakam kako brat.
Од: јас
Датум: 05.09.2009 11:34:50
Колку се само „расипани “ градежните фирми!!!Отворено велат дека иако реално трошокот за становите ќе се намали за 13% , тие НЕМА ДА ГИ ПОЕФТИНАТ СТАНОВИТЕ ЗА ИСТИОТ ПРОЦЕНТ!!!!Зошто???Пак ќе „испари “ тој процент во цената на градбата, зошто господата „ имале други трошоци “..Ова е отворена пљачка...
Од: Oштетен
Датум: 05.09.2009 17:12:23
Што се случи со Ѓорѓи Шоптрајанов, еден од многуте од градежната мафија во државава, некои велат дека наместо во затвор тој ужива на плажите на Охридското езеро, е моја Македонијо, дали и неговата слобода е дел од олеснувањата кои што ке ги добијат градежните фирми. А оштетените се уште ке ја очекуваат правдата од Македонската експедитивна судска администрација.
Од: ROMPLUS
Датум: 05.09.2009 20:41:05
Мерката е за поздравување ама....
ДДВ- то воопшто не влегува во купопродажната цена на станот. тоа е трошок на купувачот при пренос на имотно право, а кое ја креира целокупната цена на станот. Но...
Кај нас во законите кои се како Швајцарско сирење пренос на сопственост во добар дел на купопрода`би и не се врши веднаш туку се чека тоа да се направи после неколку години. Од друга страна пак повекето градби се без реШено имотноправни односи па така пренос на сопственост и не мозе да се изврши.
Од тука произлегува дека мерката иако е за поздравување , нема да вроди со намалување на цена на становите, а донесена е за да може државата колку толку да собере некој денар повеке во испразнетиот буџет, а не првенствено да се помогне на купувачите.
Од: pravda
Датум: 06.09.2009 11:20:07
Se donese ramen danok-narodot ne vide air,se donesoa niza zakoni(komunalni,obrazovni,zdravstveni) -narodot ne vide air,se snimaa kup reklami -narodot ne vide air,i ovoj zakon e samo edna od mnogute reklami od koja nikoj nema da vidi air.Dali se otpustaat profesori-DA,dali Makedonija stana deponija-DA,dali zdravstvoto ni e na najniski granki-DA,dali lekovite gi nema po aptekite-DA,dali go izgubivme sporot so EVN- DA,dali ekonomski propadjame-DA,dali kamatite vo bankite se enormno golemi-DA,dali nevrabotenosta raste-DA,pa sto uste da se nabroi za da sfatime deka ziveeme na pricipot na africkite drzavi.Ke kupite stan oti DDV-to e namaleno,e tesko oti kamatite vo bankite se do 18%,onie koi imaat pari kupuvaat stanovi i bez namalen DDV,onie koi nemaat nema da go kupat ni so vakov DDV,nazdravje!