Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

„Добитникот“ Ставрески!

Билјана Ангеловска

Сарказам, цинизам и навреда можеше да се наѕре во тонот со кој министерот за финансии, Зоран Ставрески, ги оквалификува граѓаните кои ги откупија дворовите по многу повисоки цени. Во намерата дрско да одговори на незгодните новинарски прашања, Ставрески заборави дека, всушност, не ги навредува новинарите, туку ги омаловажува граѓаните, кои почитувајќи ги законите, побрзаа да ја исполнат својата граѓанска должност. Оние, кои веројатно никогаш и не си го поставуваат прашањето кога и дали воопшто да се плати каква било давачка што ја пропишува државата, министерот ги нарече мала група капиталисти.

Многу граѓани ќе му бидат благодарни оти ги вброи во категоријата капиталисти. Тие се' досега не знаеле дека се тоа, сметале дека се само дисциплинирани граѓани. Мислеле дека капиталистот не треба да зема кредити или да се зајмува за да си го купи дворот во кој живее со десетици години.

Тешко може да се најде логика во изјавата на Ставрески, зашто десноориентираната партија би требало да ги брани капиталистите, а не да ги напаѓа. Има многу други начини да се спасуваат губитниците од историската неправда, како што ги нарече вицепремиерот граѓаните кои досега не успеале ништо да создадат поради долгата транзиција. Многу ме интересира во која категорија се вбројува самиот, во капиталисти или во губитници?!

Во српскиот јазик има една изрека „мала група п.....“. Дали министерот го имаше тоа на ум кога рече мала група капиталисти? Искрено се надевам не. Зашто, во Македонија нема многу дисциплинирани граѓани, но добро „нафатирани“ и премногу. Гледано така, Ставрески многу греши. Се работи за голем клуб капиталисти, а не за мал.

 


#
Статијата е прочитана 2352 пати.

Испрати коментар

Од: jug
Датум: 12.09.2009 00:04:56
Situacijata e strasna ne znaes sto veke se moze da te snajde vo ovaa drzava . Tesko e veke da si zitel na Makedonija neka go znae toa i Stavrevski i site okolu nego.
Од: Tozo od Sv.Nikole
Датум: 12.09.2009 00:53:40
Ocigledno vlasta ja interesira samo populizam i nisto poveke. Se fali so 3 meseto na doing bisnis, ne gleda deka edna Gruzija e uste ponapred a tamu se zivee poloso. Sto ako sme na 3 mesto i Stavrevski sto se fali i drko ne saka da odgovra sto ne mu odgovra. G-DIN STAVREVSKI-M-R TENDER NISTO NE DOBIVME OD TVOITE FALBI I 3 REFORMSKA SILA. KOLKU INVESTICII DOJDOAA NISTO. ALBANIJA E DALEKU PODOBRA ZA ZIVOT. NE UPROPASTIVTE. OD 1998GOD DO 2009 OD 7GODINI NA VLAST E VMRO-DPMNE ZIVOTO E POLOS. A narodot ako mu e dobro vo vakva siromastija i poulizam neka glasa i pka nisto. Da se sfestime od Gruevski i kade ne vodi vo provalija i ekonomska beda
Од: Stefan
Датум: 12.09.2009 00:55:30
Ocigledno nesto se neurozni vo posledno vreme, na sekoe logicno prasanje odgovaraat so : a se sekjavate na tie prokleti kapitalisti od 1990? Od edna strana se deklariraat desnicari, od druga strana kapitalistite vi se krivi. A se ponarodni duri i od nacionalsocijalistite....(znaete onie so go osvojuvaa svetot..)
Од: Makedon
Датум: 12.09.2009 02:08:24
I sega?Ajde bidi sovesen gragjanin,pa ke te rasporedat vo nekoi novi kategorii.Vaka se gradi država.Pa i Branko,so negoviot zakon za pridonesite ni kaža-poubavo pominuva toj što ne plaka.A za tie što platile narodnata-posle onduvanje nema kaenje.Bre što država "prai" vladava,sade biser do biser.
Од: mitko povtorno se povtoruva
Датум: 12.09.2009 05:42:21
Stavre-kumot e iskompleksirano malo covece koe se odnesuva groteksno zatoa sto ima mok sto mu dal kumot. Sepak, toa ne e pricina celo vreme da kritikuvate namaluvanje na davacki. Toa braka SDSM se vika samoubistvo. Nikoj nema da glasa za vas ako forsirate odanocuvanje, neli ste tolku pismeni bre za da go sfatite? Zost site objasnuvanja treba da gi pocnuvam od dnoto na gluposta?
Од: Kolo Diamantot
Датум: 12.09.2009 06:50:56
Nemozevte dago nadlafite ministerot i sega e dobitnik. Vie Biljana sakavte dago prasuvate za drugi prasanja ne odevte po kolosekot sto toj dava odgovori i nie narodot go gledavme toa.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.09.2009 07:37:08
Точно е да десните партии го бранат крупниот капитал,додека левите имаат социална конотација,така е во целиот свет но тука кај нас е испревртено левите создаваат олигарси додека десните имаат социален настап а при тоа се обвинувани за популизам.Место да се поздрави одлуката 1 евро=1м2 се прават ,,дупка во вода,, а што со тие што платиле 13 евра м2.Драги мои ако некој може да плати во готово 10-20000 евра за двор тоа се нашите транзициони богатуни,со куќи од 1000 м2 и двор од 1 ха,ќе сложите да неможе вработен со плата од 300-400 евра да се испрси и да плати.
Од: Влатко
Датум: 12.09.2009 09:26:54
Благодарам за написот. Редно беше некој новинар ова да му го напише на Ставревски
Од: ramadan
Датум: 12.09.2009 09:58:24
Imav prilika toa covece da go sretnam vo 1999 godina.Sredbata traese 20 sekundi.Nacinot na koj mi se obrati bese kako da e edno maloHitlerce.Pomina vreme i na tv go vidov istoto toa lice.vo 2006 godina Slusnav deka bil vo Amerika na usovrsuvanje za lepo ponasanje.Se izraduvav nadevajci se deka amerikancite uspeale da go emancipiraat.Vo ovie tri godini se uveriv deka od sekoe drvo ne se pravi supelka.Napisov za negovata arogancija ne me iznenadi.Duri mislam deka zaradi pozicijata sto ja ima negovoto odnesuvanje e sepak "korektno".Koga slucajno bi bil na poniska pozicija,ce videte so kogo si imate rabota.Ima edna izreka: za da go vidis nekogo kakov e daj mu vlast.Toj toa go ima.Do koga i kako vremeto ce pokaze.Vo edno sum siguren:Vuk dlaku menja,cud ne.
Од: Donald Duck
Датум: 12.09.2009 10:32:36
Do: FELIKS i slicnite diletanti Ako covek vo MKD ima 10-20.000 evra ne znaci deka e kriminalec!!! Za sto se zalaga DePeMeNeTo? Dali se desnicharska partija ili sozdava diktatura na "proleteriatot" Drzava koja ima razlicni pravni arsini za svoite gragjani ne e pravna drzava...toa go imase samo vo Germanija 1933-45 (so katastrofalni posledici po germanskiot narod) i vo site komunisticki zemji (so slicen rezultat). Tuka ne se raboti za griza na Bladata za narodot, tuku vo nedostatok na sredstva za iznemosteniot Budzet, go prodavaat drzavnoto (tvoe i moe) zemjiste za "daj sto kje dades". Kje se svestis i ti eden den (sem ako ne si del od portokalovata banda), ali se plasam deka togas kje bide prekasno.....
Од: risto gusterov
Датум: 12.09.2009 12:54:44
Stavrevski pod hitno treba da si dade ostavka ili da bide smenet. Covekot nema kapacitet za vaka odgovorni pozicii.
Од: До Kolo Diamantot
Датум: 12.09.2009 12:57:17
Ако не знаешда пишуваш подобро ти е да молчиш.
Од: perica
Датум: 12.09.2009 13:10:30
Ovie ne se desni tuku krajno desni , a nivnata odlika ne e da go stitat krupniot kapital , tuku sitno- sopstvenicite a bazata ja gradat vo lumpenproleterjatot so nacionalizam i populizam ( vidi Fasizam;Nacional-socializam).Podobra pocva od Makedonija za vakva politicka opcija ne postoi , so poveke od 30% rabotosposobno naselenie nezaposleno i so poveke od 20% koe zivee pod rabot na siromastijata , navisitnina kogo go zabole za grst "rasipani kapitalisti".
Од: gragjanin
Датум: 12.09.2009 13:31:23
Potezot na Vladata e cisto populisticki, od slednite pricini. Vaznosta na Zakonot za gradeznoto zemjite vekje tret pat bese prodolzena, taka sto preku95% od gragjanite izvr[sija privatizacija na gradeznoto izgradeno i neizgradeno zemjiste. Otkako Vladata konstatira deka parite se vekje sobrani, go primeni vekje isprpobaniot populisticki recept, spored koj ja namali otkupnata cene na zemjisteto na 1 Evro. Ova e potez za ocekuvanite predvremeni izbori.Napred!
Од: tebe
Датум: 12.09.2009 14:55:29
ura pak ke glasame:)))
Од: sk 63
Датум: 12.09.2009 16:17:54
Ne se raboti za nikakov populizam na vladata,tuku se raboti za drpizam.Drpni8 kolku sto moze.Ako ne moze 12 evra za kvadrat /tie sto platija,platija/ probaj so edno evro za kvadrat.A toa sto zakonot e neargumentiran i i kontroverzen,nikomu nisto,vazno e da se zeme sto se moze.Gi prasuvam tie sto go predlozile i donele ovoj zakon dali prethodno razmislile kako se izgradeni stanbenite objekti vo vozduh,pa sega poleka se spustile na na povrsinata na zemjata,e sega tuka ve cekavme ,sega ke platite.Takvo nesto moze da se sluci samo kaj nas.
Од: kris
Датум: 12.09.2009 20:52:46
Stavreski - DOBITNIK.... Makedonija-GUBITNIK......
Од: Трпе
Датум: 12.09.2009 20:57:11
Не ми е јасно што толку ,македонскиот народ му има згрешено на господа да мора да трпи таква беда од власта на ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај.Покрај фирерот да го трпи и Ставре овој матен неспособен тип којочекува уште малку да се натовари и да емигрира.Затоа распродава СЕ за 1 ЕВРО.Но по се излегува дека нашиот народ е прост и тоа го заслужува.Не се свесни дека ова власт го злоупотребува префиксот ВМРО.Но има голем број кои коментират од незнаење или така им е наредено.Дали се свесни кога се случи вистинската приватизација и тоа 1998/2002.Кога голем број од фамилијата прку ноќ постана ол��гарски ѓи купија фирмите речиси без пари и од незнаење ѓи затворија а работниците остана на улица.Сега градат хотели низ светот,повеке на црното море,Кипар а се слуша и во Чешка.Затоа во џебот си имат двојни државјанства.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 12.09.2009 22:02:37
ГОСПОГФЈО АНДОНОВСКА, бидите внимателни со употреба т. е цитиранјето на некои зборови, вашиот колега од телевизија и личен порт парол на груевски да ве прогласи за неразумна во употреба на некои„ зборови и изреки„Мислам на господинот слободан томиќ, кој прекутрупа он ие кои одвреме навреме ќе употреб ат некој „пис„ збор да ги прогласува за лугје со лош речник. крсте поп/стефанија
Од: Kire
Датум: 12.09.2009 23:19:56
Сега кога Ставре доби конкретна задача т.е. да води министерство, видовме дека човеков е еден обичен фолирант без знаење и без капацитет за финансии.

Најди! во Утрински
Насловна
Полицијата се вмеша во битката на бодигардите
Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП
Зденко
Врвни имиња на 28. Скопски џез-фестивал
Хрватска и Словенија се договорија околу границата
Исчезнуваат работничките права
Одговорноста ја исфрливме од политичкиот речник
Финансиска катастрофа во МНР
Марков манастир - раззеленета средновековна приказна
Популистичките мерки мирисаат на предвремени избори
Продавници за сиромашни и во Скопје?
Четворката од Чаир замина дома