Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Популистичките мерки мирисаат на предвремени избори

И во опозицискиот табор не се сомневаат дека власта повторно размислува на тема „избори“

Александра М. Митевска

Прашината што ја кренаа фрлените лопати песок последниве денови на темелите на неколку нови објекти силно замириса на нови избори. Впечатокот го потврдија серијата популарни мерки што Владата неодамна им ги сервираше на граѓаните во форма на намален ДДВ за становите, пониска цена за откуп на дворовите, справување со енергетската сиромаштија...

И во опозицискиот табор не се сомневаат дека власта повторно размислува на тема „предвремени избори“, соочена со предизвиците во меѓународната политика и во економијата и со најавите за консолидирање на спротивставената политичка опција. Дополнителен симптом во таа насока е засега непотврдената информација дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ добиле инструкции да го подготвуваат теренот за избори и да собираат материјални средства за таа намена!? Од друга страна, премиерот Никола Груевски, во една неодамнешна изјава, демантираше дека планира предвремени избори.

Андреј Жерновски, потпретседател на ЛДП, вели дека треба да се имаат предвид два клучни момента: намалениот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и перманентната кампања на власта во изминатите три години. Според тоа, Груевски моментно резонира во правец на предвремени избори и калкулира дали и колку би му се исплатела една таква „инвестиција“. „Кај Груевски веднаш се вклучува алармот кога ќе забележи дека опозицијата се созема. Покрај тоа, анкетите прв пат покажаа дека тој има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, што, всушност, е порака од базата“, оценува Жерновски.

Дали Груевски ќе го следи примерот на својот грчки колега Костас Караманлис, кој во почетокот на следниот месец ќе си го тестира рејтингот кај гласачите, по повеќето политички турбуленции и кризата што силно ја потресе и економијата во Грција? Дали властите во Скопје се подготвени да ја ризикуваат монополистичката позиција што ја уживаат сега во политичката арена, за да купат две години мандат повеќе? Кој би бил мотивот за евентуалното влетување во нова изборна авантура ако се има предвид дека во 2008 година поводот се пронајде во ветото од Атина, а мотивот во желбата на ВМРО-ДПМНЕ да има апсолутно мнозинство во парламентот?

Поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека власта би можела да распише предвремени избори со цел да го пролонгира решавањето на спорот со Грција. Според неговите процени, до крајот на годинава би можела да падне одлука дали ќе има предвремени избори напролет 2010 година, бидејќи тоа е крајниот рок до кој Груевски би можел да се надева на уште една победа. За премиерот, како што вели Бучковски, моментно најлоша варијанта е да влезе во решавање на името, така што тој, веројатно, ќе бара начини да го одолжува проблемот.

„Македонија годинава очекува позитивен извештај од Европската комисија, по што би требал да се реши и проблемот со Грција. Но, евент��алните предвремени избори во Македонија би можеле да го продолжат застојот во преговорите. Потоа во Грција ќе се избира претседател, така што и 2010 година би можела да биде изгубена година за компромисот. Мислам дека Груевски игра на таа карта“, наведува Бучковски.

На пролетните општински и претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ забележа голема победа во квалитативна смисла, освојувајќи ја целата извршна власт и речиси две третини од локалната самуправа. Но, квантитативно партијата забележа пад, не успевајќи да го повтори резултатот од 2008 година, кога доби близу 480 илјади гласа. Постизборните анкети, пак, регистрираат благ, ама симптоматичен пад во рејтинзите на власта. Оттаму и прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ би го ризикувала апсолутното мнозинство што сега го контролира во парламентот и зошто би го ставала на тест двотретинското мнозинство што го има во коалиција со ДУИ?

Жерновски смета дека размислувањата за предвремени избори би можеле да бидат попречени поради три фактори: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека повторно би освоила повеќе од 61 пратеничко место, би се соочила со неизвесност околу албанскиот партнер и не би добила поддршка од меѓународниот фактор.

„Сепак, визната либерализација не ги исполни очекувањата, преговорите со ЕУ веројатно ќе бидат без датум, а економијата е во колапс, така што рејтингот на власта во догледно време би можел да се изедначи со тој на опозицијата. Без апсолутно мнозинство, пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на ситуација каква што имаше кога коалицираше со НСДП и со ДПА, што би значело ново продлабочување на политичката криза“, вели Жерновски.

Бучковски, пак, посочува на прогнози дека до средината на следната година би завршила консолидацијата на опозицијата, по што таа би можела да стане фаворит на политичката сцена.

„Во анкетите се зголемува бројот на неопределените гласачи и Груевски стравува од таа потенцијална квота на протестни гласови. Тој е свесен дека не би можел да го повтори резултатот од ланските предвремени избори и затоа ќе се бори само за победа, само за добивање нов мандат“, оценува Бучковски.


#
Статијата е прочитана 3096 пати.

Испрати коментар

Од: Petar
Датум: 12.09.2009 00:17:49
Gruevski odlicno igra na takticki plan. Gi pokaci platite na birokratite i penziite i dobi sigurno glasacko telo. Pari naoga od kazni i novi zakoni a prilivot na danocite e pomal zatoa sto firmite tesko rabotat. Imaat nelegalna konkurencija od sivata ekonomija, a sivata ekonomija pak e novo glasacko telo za VMRO. Zatoa i inspekciite odat samo po dukanite vo makedonskite gradovi. Natalitetot na Makedoncite e po postojan pad, no zatoa ima zakon za treto dete, koe mozat da go imaat najcesto onie od sivata ekonomija. I taka se vo krug. Zatoa mora da ima novi izbori, sto pobrzo, dodeka ne dojde do ekomoski kolaps. Ke dobijat novi 4 godini i ke se nadevaat deka ke najdat pari za se pogolemata zadolzenost. Ako ne najdat - nikomu nisto. So vakov narod lesno se izleguva na kraj.
Од: Сергеј
Датум: 12.09.2009 00:31:29
Груевски нема да запре се` додека не ги уништи во целост сите други политики опции, освен онаа која го доведува на власт! Овој човек е крајно опасен и крајно безобзирен. Тој ги користи легалните институции и механизми како параван за да во позадина спроведува целосно нелегитимни методи на владеење! Преку контролата на медиумите (со тоа и на јавното мислење) и деспотизам во сопствената си партија Груевски одржува (вештачки) висок рејтинг, со кој си дозволува невидена дрскост - да распишува избори кога му се посака и да добива изнасилени и наместени „победи“ една по друга, буквално крадејќи ја секоја година на власт! Ќе дојде време кога за тоа ќе одговара и пред народот и пред историјата и пред својата партија и пред законот. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: kristo
Датум: 12.09.2009 00:35:34
И да има предвремени пак ќе губите оти за ништо не ве бидува, тотално сте бескорисни. Земјава има зијан што ја газите.
Од: Трпе
Датум: 12.09.2009 00:50:21
Слободно може да се каже дека мириса на предвремени избори.Но ова мирисање може со груби зборови да се нарече дека и смрди.Штом ЕПП владата се нафати на дај што ќе дадеш само и само да собере некој денар.Или на дрг начин кажано СЕ за 1 евро.Ако во 2008 година предвремените избори беа се со цел да се продолжи мандатот за да се земе власта.Во 2010 ке биде да се изгуби власта.На крајот ке се каже дека доста беше.Добро ке бидат нафатирани и ке фатат џејнем.Па и млади се зошто да не осетат нешто од животот.А обичниот наивен граганин ке остане со црвени раце од ракоплескање,неможејки да свати што им спрема нивната лажно патриотска влада.На здравје.
Од: македон
Датум: 12.09.2009 00:55:08
хаха, какви слатки фантазии на пропаднатите СДСМ. Они бре брате сонуваат само фотељи и упорно го клеветат премиерот, даваат разни изјави како ќе пропаднела државава и слично. Џабе ви е Социјалдемократи, колку и да се мачите, бидејќи СДСМ воопшто не ја следи својата идеологија на социјалдемок��атија. Инаку доколку беше така сега целиот Македонски народ ќе си живееше еден пристоен живот, а не откако се испокрадовте и уништивте големи компании градени со народни пари,повторно да се појавувате како спасувачи на Македонија
Од: Tozo od Sv.Nikole
Датум: 12.09.2009 00:58:33
Narode sfesti se sa kogo glasas. od 1998god do 2009god vmro-dpmne 7 godini e na vlast. St postigna ekonomska beda. Ziveeme poloso. Ako sakas beda i siromastija glasaj za Gruevski, nevelam i deka SDSm e podobar ama Gruevski ne odra, go doprevme dnoto. Pa poglednete Albanija ne pomina i ekonomska sila za nas. Razmislite za taoa kade ne vodi Gruevski vo ekonomska beda. dalie premier na site gragani ili samo na negovata familija i partiskite poslusnici... a drugite gragani kade se. gruevski novopocen komunist
Од: od Bobby
Датум: 12.09.2009 01:09:53
Kakvi fantazi gladna kokoska sonuva proso pa jas mislam deka nema normalen Covek koj bi go dal glasot za komunjarite vie treba najprvo da go isperete pecatot sto vie istetoviran na celo i novi pismeni kadri i da go iskorenite kriminalo i korupciata tek togas ke glasam za vas partiski ne opredelen.
Од: Беким
Датум: 12.09.2009 04:16:08
Ако има предвремени, дајте пред нова година оти после нема кој да гласа. Ке ја дувнат луѓето за Германија или негде друго на запад. (ама не на градски)
Од: Brian, Canada
Датум: 12.09.2009 04:48:20
Komunjari svestete se! Zar uste mislite deka ima nekoj (nadvor od familiite i udbo mafijata) koj ke glasa za vas?!
Од: Trpe original
Датум: 12.09.2009 05:07:25
Aj ovie ne cinat sto ne cinat.Ama me chudi sto Buchko si go potpiknuva nosot kade sto ne mu go beri posle "tenkovskite rezervni delovi",davanje na deloven prostor pod zakup za bukvalno bez pari itn itn.Isti podlizurkovci se i Crvenkovski,Gruevski,Zaev,Ljubco,Buzle i mnoogu drugi.Samo dodeka tie premolcno si kradat narodot ke si tone vo siromashtija.Ja zapustija drzavata ovie arambashi so nivnite politicki agjutanti.Golemi grevovi imaat site ovie napraveno i se nadevam deka na sudniot den ke si go otplatat dolgot.Pozdrav
Од: mitko se smee na sdsm
Датум: 12.09.2009 05:24:36
Smesno e kako minimalen pad na rejtingot na VMRO sozdava maksimalen rast na optimizam vo SDSM. Pak odnosot e sramen 1:3. Na toa povtorno sledi celosno gazenje i ponizuvacki poraz. I USTE NE NAPISAVTE PROGRAMA.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 12.09.2009 06:36:26
Kade mozete da sigo merite vie so Gruevski. Toj covek ima golem rejting niz Makedonia pa i posiroko niz svetot.
Од: dedo dimo
Датум: 12.09.2009 06:42:52
Ne zaletuvajte ,nikoj ne mozi vladata da e smeni od svem narodot a i glasanje da ima ,SDSM i kompanijata nivna nemaat shansa .Pak narodot ke mu dade doverba na Gruevski ,zatoa shto navistina podobar branitel na nashata zemja NEMAME . Narodod se svesti i za predavnici nema da glasa poveke.A zakogo drug da glasaat . Ovie vo parlamentot mozda polovina se so dvojno drzavljanstvo a toa znach sedat na dve stolici ili samite ne znaat koj se i shto se .Vo druga zemja toa go nema osvem vo Makedonija i zatoa Makedonija ne mozi da se dvizi napred.
Од: pero
Датум: 12.09.2009 07:28:30
Dobro bre lugje, znaat li VMRO-vcinjava nesto drugo osven IZBORI??????????????? Ostvaruvame... ke rece Grujo i ke frli nekoja lopata... Lopatijadata pocna.....Naivniot makedonski narod im veruva.... Ah zalna Makedonijo sto doceka...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.09.2009 07:47:28
Пак ли паника во редовите на СДСМ од превремени избори,во други земји опозицијата се моли да има секој месец има избори додека не падне власта.Ништо од стегнатата тупаница,срце лешник.А можеби и се свесни да овие портокаловите ќе ги помодрат па ќе мораат да ја менуваат партиската боја од сина во модра.Жерновски можеби има право да поарно е да овие сами се упукаат у нога и демисираат од власта но која е алтернативата уплашен СДСМ и маргинални ЛДП и НСДП.
Од: lenin
Датум: 12.09.2009 10:06:56
Analizata vi e poveke od tocna. No moram da konstatiram i prognoziram deka vo site varijanti redovni ili predvremeni izbori ovaa feminizirana vlast ke dobie.Toa se dolzi na dezorintiranata opozicija koja i po 3 godini tesko moze da go zapali motorot a pak ovie mnogu vesto uspevaat da go mavtosuvaat i onaka maloumen narod.Sigurno ova ke trae podolgo zosto i vo samata vladeacka partija ima diktatura. Zar ne gledate kako asljaci se slikaat gradonacalnicite koga otvaraat septicki jami po opstinite i mesnite zaednici.Kako prvacinja stojat pred tv kamerite i se glupiraat no nivniot narod si gi saka a na ostanatite kako mene ni preostanuva da si se zabavuvame zosto evtina zabava i vakov humor mozat da ni priredat samo ovie tokmaci sto se na vlast ,PS Proleteri osvestete se!
Од: Phenom
Датум: 12.09.2009 10:38:09
Абе нека земат новинарите и нека отидат кај тие дупките што ги ископа великиот везир каде што фрлаа лопати во март, нека снимаат и нека кажат до каде се тие сали. Тогаш овде одеа коментари дека ете премиерот ги засукал ракавите и почнал да ги реализира 8-те милијарди евра во облик на спортски сали, патишта и што уште не. Мора вистински да се раскринка таа креатура и шарлатан што седи на премиерската фотеља. Таа штеточина мора да се истера на клоци и да плати за целата штета што ја направи...во ИДРИЗОВО !
Од: kuwait
Датум: 12.09.2009 10:51:07
aj be komunjari ostavete go premierot da si raboti,nikogas makedonija ne bila vo pobodra pozicija i nemala podobra vlast,tolku vreme bevte na vlast unistivte se i ispokradovte cela drzava i sega samo kritikuvate i cekate sansa da ja dokrajcite makedonija,,,,,narodot se osvesti od vasite vetuvanja koi nikogas ne bile ispolneti,,,sramota na vasite izjavi
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 12.09.2009 11:04:46
Многу интересни коментари на читателите во однос на оние кои поинаку размислуваат независно од кој табор се. Ќе додадам само едно каков народ сме.Ако помина една генерација со штедилницата ТАТ во Битола така како што помина утре таа истата Соња да отвори ТАТ-2 нова штедилница народот повторно ќе се турка да однесе пари. Ако со ова нешто кажав доволное!!!!!!!!!!
Од: Ana
Датум: 12.09.2009 11:05:36
Ne znam bas dali ke se zeznat da raspisat predvremeni izbori,zatoa sto i ugledot i rejtingot im se mnogu padnati,pa bi go izgubile mnozinstvoto vo sobranie.A za populistickite merki...dzabe se,ne e narodot glupav,ne paga pak na isti finti
Од: miki
Датум: 12.09.2009 12:29:33
od ovie dvajca e sramota da se bara mislenje, pa tie cel zivot ziveat na grbot na narodot i tropaat zeleni,a nisto apsolutno nisto nemaat napraveno,za ovaa drava osven steta.
Од: od mene
Датум: 12.09.2009 13:39:45
Predvremeni izbori sigurni kje ima, osobeno dokolku EU ni dade data za pregovori, iako otpocnuvanjeto na istite nema da bide opredeleno. So ocekuvanata vizna liberalizacija, so ocekuvanata data za pregovori( bez odreduvanjeto na pocetokot na istite) , so partiskite vrabotuvanja i so frlanjeto na lopati, sigurno vo mart( a ne pokasno, bidejki kje se vidi deka pregovori seuste kje nema) kje ima predvremeni izbori, so postojnite fantomski izbiracki spisoci. Napred za "Makedonija".
Од: Trpe trpi
Датум: 12.09.2009 15:14:45
Ako im se brojat na partite uspesite ili greskite ,togas na sto godisnata partija VMRO i se prepisuvat, kaj bese za,, balkanskite vojni '',kaj bese za,, prva svetska '' ,kaj bese za,, vtora svetska vojna'' da ja sozdade nezavisna suverena makedonija bez BJR. Istata taa ideologija ja prodolzija nivnite denesni naslednici i privrzanici koi za zal go prezemaa vodstvoto i denes PORAZOT za POBEDA go SLAVAT. Za zal ilegalci ubaceni da ne minirat od vnatre za da ne se celosno osamostoime i kako samostojna drzava da ne zastaneme na sopstveni noze ete toa e doktrinata na vladeackata partija
Од: Бојан
Датум: 12.09.2009 15:52:00
Пада влада,пада влада...одите надолу и тоа неможете да го спречите.е кога ќе паднете,сите вие вмровчиња мали и „силни“ има мајчиното млеко да си го проплакате за сите изминати години на малтретирање на се што не е вмровско.Само тој вашиот грујо ќе се спаси,ќе ви ја дувне за Чешка,а вие ќе останете на милост и Немилост.ама од милост ни м нема да видете
Од: нострадамус
Датум: 12.09.2009 16:41:01
Во мирисањето секога и не смрди.Можеби иде времето кога и ние треба да се договориме како Словенците и Хрватите.Ишала...
Од: nacional-patriot
Датум: 12.09.2009 16:43:07
Ovoj Zernovski zivee vo iluzii.Veli deka moze da se izednaci rejtingot na vlasta i opozicijata, a jas sum siguren deka i Zernovski ne veruva vo toa sto go kazuva.Opozicijata nikogas nema da se vrati na vlast i ova indirektno go priznava bugarofilot Buckovski.
Од: niko
Датум: 12.09.2009 17:35:48
Dradi luge Makedonci, vi gi citam komentarite i vi se cudam....de ke ima predvremeni izbori,ke padni i ovaa vlada ke dojdiii pak SDSM ovskata .de taa e podobra de ovaa necini....nepotrebno sami megu sebe si stvarame tenzii i omraza.....i so ednite i so dr. MASATA narod ne dobi nisto ,samo poloso i poloso ....POLZA od vlasta imaat samo po 20,30 luge od opstina ,a toa e NULA za Makedonskiot narod .koj tapka vo mesto....ne karajte se za dabe...
Од: ke ima izbori
Датум: 13.09.2009 04:49:50
Gruevski veke stavil potpis za menuvanje na imeto na Drzavta pa za da go izbegne paganjeto od vlast takticki ke objavi vonredni parlamentarni izbori nadevajki se deka uste ednas ke ja dobie vlasta za potoa polesno javno da objavi deka imeto e smeneto. Toj site ovie izbori gi dobi igrajki na taa karta za imeto odnosno LAGATA deka NIKOGAS nema da go smeni imeto. A posto vremeto sekogas go pokazuva svoeto odnosno ja dokazuva LAGATA Gruevski veke nema vreme i ne moze da go laze narodot deka nema da go smeni imeto pa plasejki se deka stom ke objavi promena na imeto so toa svesen e deka vo istiot moment ke padne od vlast. Pa zatoa veke ne mu ostanuva nisto drugo osvem da napravi vonredni izbori i so toa odma po pobedata ke ja objavi vesta deka IMETO E SMENETO. A jasno mu e deka stom gi dobie izborite veke na narodot ke mu bide kasno bilo sto da napravi za da go simne od vlast najmalku 2 godini. Celta na Gruevski e da zgrabi uste nekoja godina vlast pred da ja objavi promenata na imeto.

Најд��! во Утрински
Насловна
„Добитникот“ Ставрески!
Полицијата се вмеша во битката на бодигардите
Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП
Зденко
Врвни имиња на 28. Скопски џез-фестивал
Хрватска и Словенија се договорија околу границата
Исчезнуваат работничките права
Одговорноста ја исфрливме од политичкиот речник
Финансиска катастрофа во МНР
Марков манастир - раззеленета средновековна приказна
Продавници за сиромашни и во Скопје?
Четворката од Чаир замина дома