Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Финансиска катастрофа во МНР

Филип Петровски

Некомпетентноста на Милошоски ќе се толерира, зашто тој, за да ја задржи фотелјата, ја игра улогата на безгласна буква. За жал, на штета на интересите на Македонија

Кога минатата седмица пишував за некомпетентноста на министерот за надворешни работи, затоа што тој е насочен кон други работи, не го имав на ум ревизорскиот извештај што се појави деновиве. Меѓутоа, како по обичај, дежурните анонимни викачи (читај: штапски активисти) побрзаа да го денунцираат текстот. Тоа што јас тврдев дека нашиот министер цело време се занимава со вдомување на поблиските и на подалечните роднини, било љубомора. Како што стојат работите во нашето општество, не смее да се критикува нерешавањето на проблемите во областа на надворешните работи од страна на министерот. Во претходната колумна тврдев дека тој дипломатијата им ја препушта на Владата, претседателот, помошниците, пријателите, роднините и за три години не успеа на јавноста да и' претстави ниту еден сериозен проект. Како по обичај, на тоа нема одговор, бидејќи тој министер на тој начин ја води политиката. Зад паравани, тивко, со кротко лице, пластично насмеан. За да се добие впечаток дека нема сила на мравка да стапне... Тој знае дека е заштитен од силната пропагандна машинерија, која се плаќа со народни пари. Па, затоа и може бесконечно да ја игра улогата на задлабочен и заинтересиран професионалец. Исто така, знае дека со својата беспоговорност и приклонување кон „античкиот македонизам“ ќе си купи наклонетост од својот шеф. Но, поупатените се сеќаваат какви беа неговите ставови пред да стане министер, колку беа промакедонски и зошто беа такви.



Но, наместо да бидам демантиран со некој издржан коментар, всушност, бев потврден во последните седум дена. И тоа од Државниот завод за ревизија. Имено, овој Завод извршил ревизија на МНР за 2008 година за да провери дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската положба и активностите на МНР во согласност со законската регулатива и дали државните пари законски и наменски се користеле. Ќе се согласите дека нема побитна работа од законско и наменско трошење на парите што некој друг ги заработува и ги уплатува во вид данок. Се разбира, ова прашање не им го поставувам на партиските апологети, бидејќи за нив се' е оправдано и дозволено.

Па, еве дел од тоа што ревизијата го утврдила. Околу 20 милиона денари не се вратени од страна на нашите дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) во буџетот на РМ, што е спротивно на Законот за буџет. Од вкупно 54 наши претставништва, само девет постапиле според инструкциите. Се сеќавате дека министерот Милошоски за потребите на пропагандата казни неколку амбасадори со некој процент од платата. Наводно, проценил дека не се доволно активни. Но, не се сеќаваме дека казнил или, пак, на кој било начин обелоденил дека 45 наши претставништва во ст��анство не постапуваат според Законот за буџет и дека не ги вратиле парите. Уште пострашно е што на тоа не реагирал министерот, кој ако се знае потребата за рејтинг и маркетинг на оваа гарнитура, имал исклучителна можност да се пофали со активност.



Потоа, на крајот на минатата година е прикажан нереален вишок на приходи од речиси 8,5 милиони евра. Тоа се средства што морало да бидат вратени во буџетот, според законите, но не е постапено така. Ревизијата утврдила дека е можен пристап во електронската база на податоци на сметководството на МНР, дури и по завршувањето на фискалната година. Тоа упростено значи дека секој може, според потреба, да ги менува податоците за да прикаже состојба каква што му одговара. Тоа создало мешање на податоците и неможност хронолошки да се провери како настанале трошоците. Да потсетам, менувањето на податоците во деловните книги е спротивно на Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Ревизијата наведува дека и во 2006 година е констатирана истата состојба, но министерот, како одговорно лице, не презел активности за нејзино надминување. А требало да побара од Јавното обвинителство, преку испраќање на извештаите на ревизијата, да отвори истрага, кој е виновен за потрошените пари.

Просто зачудува фактот дека МНР, огромна државна институција, која троши многу пари, да нема соодветна примена на сметководствени политики и начела. Понатаму, ревизијата не добила доволно докази со кои би се уверила во целосноста и точноста на остварените приходи од конзуларното работење на нашите ДКП. На крајот на минатата година не бил извршен попис на неупотребените налепници и на патните листови (по сериски броеви), поради што не може да се утврди дали сите издадени визи и патни листови се наплатени. Индикативно е неутврдувањето на висината на трошоците при давањето услуги во нашите ДКП. Со тоа им се овозможило на нашите претставништва секое да наплатува според свое наоѓање. Ова е спротивно на упатството за надоместок на трошоците. Бидејќи министерот не ги утврдил трошоците со официјален акт, им оставил отворена врата на амбасадите и на конзулатите да го прават тоа според своја процена. Токму затоа ревизијата утврдила дека таа услуга е наплатувана по различна цена во различни ДКП. И затоа сега не може да се провери што и колку е наплатено кога се издавани визи и патни листови. Сите ДКП, парите што ги собираат, се должни, по завршувањето на месецот, да ги уплатат во буџетот на РМ. Но, и тоа не се правело. Тоа е спротивно на Правилникот за финансиско и материјално работење на ДКП на РМ во странство. Министерот, дури и да е аматер, по три години работа во тоа Министерство мора да ги знае овие работи... Тука ќе застанам поради ограничениот простор, но само за оваа недела. Ќе продолжам идната седмица, затоа што има уште многу материјал во извештајот на ревизијата, кој сметам дека треба да го има на увид македонската јавност.



Интересно е сега да видиме дали Антонио Милошоски е човек од внатрешниот круг на премиерот, како Јанакиески, кому му беше отфрлена оставката дури од Кина, а што ја даде поради катастрофата во Охрид. Ова го велам од едноставна причина што, ако е така, тогаш се' може да му се прости. Особено трошење државни пари, како и на Миле. Нормално реагирање од страна на премиерот, пак, би било да побара оставка од министерот и да му предложи на обвинителството детаљно испитување на трошењето на парите во МНР, но и како се прикажуваат трошоците во финансиските извештаи. Верувам дека Груевски тоа нема да го направи. Тој ќе ја истолерира некомпетентноста на Милошоски затоа што овој во поголемата игра, за да ја држи фотелјата, ја игра својата улога на безгласна буква. За жал, сето тоа на штета на интересите на Македонија.

(Авторот е докторанд по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk/


#
Статијата е прочитана 2055 пати.

Испрати коментар

Од: Славјанин
Датум: 12.09.2009 00:10:41
Докторанд, штапски...??? Има ли некој лектор во Утрински весник да ги поправа грешките на Филип Античкиот???
Од: Valentina
Датум: 12.09.2009 00:19:24
Dve raboti se gledaat odaleku: 1. Vo MNR ima propusti vo finansiskoto rabotenje i 2. kolumnistot Filip Petrovski ostanuva zabelezlivo ljubomoren.
Од: janko
Датум: 12.09.2009 01:21:05
najvazno za mene e da s eutrvdi kolku pari zavrsile vo privatni smetki. Ovoj Milosovski ke si drpa kolku moze i na krjot ke si zamine z agermanija kako blagonadezen koj zaakal vo antikvizacija zaradi pari
Од: Makedon
Датум: 12.09.2009 01:42:56
Bravo be Filipče,dete maško,gi načeka,ti odat na raka,i Milošoski,i državniot revizor.No se prašuvam što se se krie zad "zadovolstvoto od postignatite rezultati vo ovoj izveštaj" izjaveno od potparolot na MNR.Znači li toa deka "ova e delot od santata led"? I koj treba sega da se zanimava so ovie finansijski dubari?Švrgovski?Mijalkovi?Mislam ova ke bide na red koga ke dojdat novi,segašnite opozicioneri,pa se ke liči na revanšizam.Ako,neka e i revanšizam,ama vo naeodot se veli.koe kuče jade mast,jade i stap.Filipče,narodnata važi za site.
Од: MKD
Датум: 12.09.2009 02:02:04
Браво Филип!!! Некој да ги каже работите во лице. Тоа што се случува во Македонската дипломатија е најголемата ИЗМАМА која му се сервира на Македонскиот народ. Наместо да работат за интересите на државата сите т.н. дипломатски претставници на истата држава работат за лични интереси и на големо разочарување, ПРОТИВ истата држава која им ги полни џебовите. Некој мора да сноси одговорност, а сите знаеме кој... тој што ги назначува. Народе Македонски... ние немаме толкав проблем со соседите колку што имаме со *нашите големи дипломати* кои наместо да работат за нашите државни интереси работат за туѓи, уништувајќи ни ги и малкуте шанси кои ни се укажуваат.
Од: KOLJO
Датум: 12.09.2009 03:15:09
Nisto novo praviloto na igra e sekoges ista vo bilo koja partija i da e, klati vrata primaj plata, bez politicari, orospii i popovite drzavata nema da ja bide.
Од: Trpe original
Датум: 12.09.2009 05:12:26
A dali ti Filipe da ne bese otfrlen od tvoite Ve Me Ro ovci,tuku da si imase nekoe ministersko foteljche ke plukashe i ke frlashe kamenja po niv???? Sigurno ne bi ni pomislil da napravish takov "lapsuz".
Од: kole
Датум: 12.09.2009 07:39:06
Filipce, paneli Grujo veli deka VMRO-vcite se cesni....??????????? Ili i toj kako niv pomina pokraj cesnite!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Objektivno gledanje
Датум: 12.09.2009 07:45:43
Милошоски е навистина една бледа вејка на ветрот! Авторот на колумната говори за некаква ,,политика сто ја води министерот Милошоски“, меѓутоа, јас мислам дека тој нема ама баш никаква политика, освен неговите лични интереси, да си го наполни џебот и да си замине кај неговото семејство во Германија! Убеден сум дека и МНР е голема центрифуга за перење на пари, кое е олеснето со тоа што парите одат во странство, преку одбрани амбасади, односно луше кои работат во нив. Да имаше морал Милошоски ќе си поднесеше неотповиклива оставка!
Од: Ambasador
Датум: 12.09.2009 09:04:43
Ke se nadovrzam na komentarot na Valentina: Ne e samo prisatna ljubomorata kaj kolumnistot, tuku covekot po se izgleda saka da se vrati vo politikata. Filipce, sedi si madro , oti znaeme kako ti si rabotel koga si bil vo vlasta
Од: :Posten
Датум: 12.09.2009 09:11:43
Vmrovcinja ke se potepate megu sebe,za zal Filip ne e minister,mu udriija kloca.Ne se sekiraj ke si stanes mason od 24 red pa ke vidat oni..DOKDORANDE-ha
Од: !?
Датум: 12.09.2009 10:38:51
Antonio Milosesko uste odamna pokazuvase izrazit antimakedonizam. Toj voopsto ne gi gleda interesite na Mk. i vo Makedonija prestojuva samo privremeno kako nekoj azilant, dodeka ima licni interesi. Stom se smenat rabotite poinakum toj ce si ja "drapne" vo Germanija, slicno na nekoi poranesni prethodnici( Dimov, Daravelskii dr.) E na edna takva bleda i nezainteresirana licnost za makedonskata idnina i ja davame roljata da gi brani interesite na Mk vo nadvoresnata politika i diplomatija!?. Bog da ni e napomos!!!
Од: jovan
Датум: 12.09.2009 10:58:50
A samo MNR i Milosovski li se tie sto ja "uprapastuvaat" drzavava? Kade se drugite ministri, JANKULOVSKA(aferite vo MVR) MILE (aferite vo transport) ,za Mijalkovi i da ne prasuvame(zabraneto e, pomracina ke ve jade,zatoa i gi pisav so mali bukvi ,da ne me primetat), Obrazovanie, ona deteno(ne mu go znam imeto), pa gledate li deka cela Vlada e frlena na UBRZANO pljackosuvanje, a odvreme navreme ke vi pustat nekakva afericka kolku da dzafkame(a i onaka se si zavrsuva kako afera, bez nikakov rezultat ili bar nekakov zaklucok),taka da ako ima nekoj MAZ(vistinski patrioti i drzavnicki osvesteni luge) vo drzavava da prevzeme nesto protiv bagrata koja ni se namnozuva vo drzavava, vreme e da se zapocne so promenite,a nie graganite 100% ke gi podrzime(i koj kolku moze ke doprinese), a ako nema.... togas da ni se zdravi i zivi kompjuterive, pa ke si se prepucavame i ke go isturame gnevot tuka.(na kogo stigneme).
Од: Igor MKD
Датум: 12.09.2009 11:40:35
Eh da bese Filip minister, .., ah, kako ne stana Filip minitser. Ccc, .. ccc.
Од: Загрижен
Датум: 12.09.2009 11:56:20
Драг Филипе, колку што се сеќава македонската јавност Вие директно учествувавте во јавната девалвација на надворешната политика на РМ, заради што и добивте ''корпа''.. Оттаму, не гледам компетентност за ваша оценка на работењето на МНР. Постојат институции кои си го кажаа своето (ДЗР), а вашите бледи написи се само еден неуспешен обид за прикривање на вашиот личен неуспех! Мислам дека е крајно време да престанете да пишувате смешни колумни кои се само на ваша штета.. мој искрен совет е да покажаете малку достојност за функцијата и фотелјата во која сте удомени..
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 12.09.2009 12:57:19
milososki kako edinstven vmrovec vo ovaa vlada so staz se pretopi vo siviloto na dackite od da i sdsm sega vo dres na dpmne.
Од: sv.nikole
Датум: 12.09.2009 16:05:24
bravo be sinko filipco,kako moze tolku umen da si,pa i ti bese vo amerika de rabotese za mnr kazi gi tvojte rezultati a ne samo plukas po site sto ti smetaat,dobro znaeme kolkava bese tvojata zelba za minister za nadvoresni raboti pred 3 godini.Ajde kazi ti za kogo rabotis koja sluzba te plaka na koj platen spisok si ti,kade otide ti zavrti se i vidi kade se naogas Bezgresniku fILIP.
Од: krste
Датум: 12.09.2009 17:44:48
Palugje moi, na dete ne se dava da vodi MNR??? Isto kako i cela drzava??????????
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 12.09.2009 22:06:18
Господине Петровски, несте биле и вие некогаш нечиј штапски активист!????? крсте поп/стефанија
Од: pozdrav do Filip
Датум: 13.09.2009 05:37:18
Bravo Filipce!!! Ne im se plasi na ovie kako taa "Valentina" i "Ambasador". Mislam deka tie tebe ti se ljubomorni sto si MAZ pa udaras javno a ne deka ti si ljubomoren. Nema na sto i na kogo da bides ljubomoren. Nitu Milososki nitu Gruevski so celoto DPMNE nemaat vrednost kolku tebe. Garant se plasat od tebe zosto imas m... i javno gi razotkrivas. Sakaat da te ukutkaat ama NE MOZAT. Duri smesni se nivnite komantari... hahahaaa si bil ljubomoren???!!!!... a NA KOGO????....na Milososki????!!!!!...hahaha... Abe ajde begaj izmislen si ti za Milososki. Site tie od DPMNE ne mozat ni za nokt da ti se fatat. Plukaat po tebe zosto znaat deka vredis. Zad dobriot konj prasina se diga. Zatoa GLAVATA GORE a tie neka pukaat od maka.
Од: rimak
Датум: 13.09.2009 10:26:36
se dodeka makedonija ja vodat nekvalitetni kadri lica bez odredeno iskustvo vo odredena sfera na vlasta ke se slucuvaat sekakvi raboti koi nema da i donesat dobro na makedonija i na makedonskiot narod koj se nadeva vo sekoja nova vlada a tie rabotat samo na realiziranje na licni zbogatuvanja se vrz grbot na narodot koj plaka danok

Најди! во Утрински
Насловна
Врвни имиња на 28. Скопски џез-фестивал
Полицијата се вмеша во битката на бодигардите
Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП
Зденко
„Добитникот“ Ставрески!
Хрватска и Словенија се договорија околу границата
Исчезнуваат работничките права
Одговорноста ја исфрливме од политичкиот речник
Продавници за сиромашни и во Скопје?
Популистичките мерки мирисаат на предвремени избори
Марков манастир - раззеленета средновековна приказна
Четворката од Чаир замина дома