Број 3084  сабота, 12 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Продавници за сиромашни и во Скопје?

Власта најавува дека ќе се отворат продавници за сиромашни и во Македонија. Такви СОС-маркети пред неколку месеци беа отворени во Словенија, Хрватска и во Србија, но дел од нив не се покажаа како сосема успешни проекти.

Владата вчера го поддржа пилот-проектот за отворање СОС-продавници во Скопје, наменети за граѓаните што примаат социјална помош. Иницијативата е на неколку домашни синџири-маркети. „Во СОС-продавниците корисниците на социјална помош ќе може да пазаруваат егзистенцијални производи по намалени цени. Интензитетот на отворање ваков тип маркети низ земјава ќе зависи од заинтересираноста на релевантните субјекти да се вклучат во овој проект“, рече на вчерашниот прес министерот за труд и социјала, Џељал Бајрами.

Маркетите ќе бидат посебно обележани, а во нив ќе бидат означени производите што ќе може да се набавуваат по намалени цени, што во просек ќе бидат пониски за 30 отсто во споредба со останатите цени.

„Корисници на оваа мерка ќе бидат приближно 15.000 домаќинства, кои се приматели на постојана социјална помош, односно 55.000 до 60.000 најзагрозени граѓани со живеалиште во Скопје. Во иднина планираме проектот да се прошири и во другите градови“, истакна Бајрами.

Корисниците на социјална помош, според него, ќе може да го остваруваат своето прав0о на купување производи по намалени цени до висина на социјалната помош што ја примаат, но не повеќе од 5.000 денари во текот на еден месец.

Тие ќе добијат потврда за идентификација што ќе ја издава Центарот за социјални работи, со која ќе може да ги набавуваат потребните производи. Министерот Бајрами ги повика сите заинтересирани маркети да се вклучат во овој проект.Експресно реагираа од СДСМ, кои нагласија дека овој проект го предложиле уште во април 2009 година, за време на расправата за првиот ребаланс на буџетот. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 1530 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za ociglednite raboti
Датум: 12.09.2009 05:44:28
Ova e mnogu glupa idea!
Од: mkd
Датум: 12.09.2009 08:08:02
Vo SAD e reseno kako posebni prodavnici koi se poretki a istovremeno i vo postoeckite marketi so bonovi koi gi dobivaat socijalno zagrozenite no isklucivo za DOMASNI proizvodi (duri od nivnata regija,lokalnite).Bonovite im se okolu 50%od pomosta i kako primer za pomos od 800 us$ pomos dobivaat 400 vo kes i 600 vo bonovi sto e okolu 1000$. Kaj nas za poevtino i podobro e da se iskoristat postojnite marketi i so posebni karticki dadeni na socijalcite na kasa avtomatski da im se belezi popustot na odredeni proizvodi
Од: Mina
Датум: 12.09.2009 08:31:23
Podobro produktite po marketite i prodavnickite na koi stio im e izminat rokot da se prodavaat den pred izminuvanjeto ili istiot den polovina cena a ne da se prilepuvaat novi datumi i da se trueme site.Zosto da se obelezuvaat na toj nacin socijalnite slucai?Ajde togas i vo drugi sektori,posebni bolnici za socijalnite lica,posebni ambulanti?nemozam da se iznacudam na koja budala mu teknuvaat vakvi raboti?Neka se vozat i vo nivni avtobusi,kako crncite i belcite vo Amerika vo minatiot vek.
Од: od stip
Датум: 12.09.2009 09:24:28
ideata ne e dobra bidejki ke bide dobra sansa za da nekoi zarabotat. a gi ima mnogu. zatoa e podobro da i se pokaci socijalnata pomos na ovie lica sto primaat socijalna pomos, odkolku da se pravaat malverzacii, i perenje pari.
Од: ramadan
Датум: 12.09.2009 10:55:23
Idejava e super.Orginalna e.Vo Sobranie so koncenzus veruvam deka ce se podrzi.Posebno se raduvam sto i SDSM e oduseven od ovoj predlog.Vo znak na doprinos predlagam da se prosiri predlogot.Za ova imam konkretno resenie. 1.Ovie sustestva da bidat smesteni vo posebni reoni(za da ne se zarazatODBRANITE). 2. Da im se izdadat specijalni licni karti,za da se znae nivnata poniska klasa. 3.Na levata raka da nosat pandelka za raspoznavanje.Da se potsetat na vremeto na Hitler so Evreite.4.Ne e loso da se razmisli za tetovaza na celoto( ruza so tupanica,Lavce,Orel ili..).Dopolnete go predlogov.Dali e ovoj predlog od evropskite zakoni?
Од: nevraboten
Датум: 12.09.2009 11:11:05
vo red e ova ama vikat ograniceno do 5000den mesecno pa koj moze da kupi za povece akoe socijala 2000den....ili ministerot misli na mnogute al´banci od skopsko sto se vo stranstvo a se vodat nevraboteni a vozat benvejci a poznavam eden makedonec prodade kuca 100000evra a se frani vo javna kujna za siromasi.....................
Од: koki
Датум: 12.09.2009 13:15:13
OSTVARUVAMEEEEEEEE...................... Grujo i kompanija 24/7................
Од: Македонија
Датум: 12.09.2009 13:17:33
Што зарем има во државата Скопје сиромашни.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 12.09.2009 13:21:51
MINA, ne znaes sto zboris. Inaku ovde e rabotata sosema druga. Primer: Coca Cola od 1,25L e $1,09 a istata samo proizvedena od lokalni fabriki so NO NAME ili lokal supermarketi e $0, 59. Sekoj proizvod da bide izlozen vo Woolworths ili Coles supermarket kosta $1 milion godisno (kako poklon), a vladata gi tera niv (supermarketite) da stavat preku 300 najosnovni produkti od anonimni firmi i bez danoci za da mozat ludjeto da kupat, da pravat ekonomija, da im se konkurira na golemite i da se otvorat novi rabotni mesta i podrska na lokalnite proizvoditeli. Eve ideja kako SDSM da nauci nesto i da pobedi na izbori.
Од: zabegan.
Датум: 12.09.2009 14:21:18
ете му на ГВУЈА со неговите сиротчина да си пазаруват поевтино.Ова ми личи чешајне над самар.Не треба сиромашки продавници овие ЧУКНАТИ да ги вложеа сите пари што ги потрошија на реклами и споменици,ќе отвореа доста работни места.Е народе МАКЕДОНСКИ што си дочека,си бараше си најде.
Од: златна кокошка
Датум: 12.09.2009 16:09:34
Се е во ред.Замислата е добра,но технички неизводлива.како ќе реагира касиерката кога ќе го препознае својот комшија кој вози мерцедес.Луѓе,навистина има социјални случаи на кои им треба помош.Подобро овие средства да се пренаменат во детектирање на вистинските социјалци,да се одстранат социјалците од повисок ред,кои мајката и ја плачија на државата.,живеат како бубрег во лој,кои се бават и со бизнис, и со се,едноставно добро си се снашле во новото време.Кога ќе ги нема на платниот список ете повеќе за вистинските и нека купуваат по иста цена.И тоа е за доброто на Македонија.Инаку ако се прошири приказната,колку ли има социјални случаи а вработени.Како ли живеат сиромашните?!
Од: aleksandar
Датум: 12.09.2009 16:49:02
na glupostite im nema kraj
Од: vocko
Датум: 13.09.2009 00:52:33
kako ne vi e sram,zarem ke se falite i gordeete so ova.
Од: kiko
Датум: 13.09.2009 13:35:41
E.....Makedonce.Makedonce, do kade ne dovedoa ovie politicari. Pa neli odime nakaj po dobro. Mizerija i ponizuvanje.

Најди! во Утрински
Насловна
Врвни имиња на 28. Скопски џез-фестивал
Полицијата се вмеша во битката на бодигардите
Македонија на чекор до четвртфиналето на ЕП
Зденко
„Добитникот“ Ставрески!
Хрватска и Словенија се договорија околу границата
Исчезнуваат работничките права
Одговорноста ја исфрливме од политичкиот речник
Финансиска катастрофа во МНР
Популистичките мерки мирисаат на предвремени избори
Марков манастир - раззеленета средновековна приказна
Четворката од Чаир замина дома